Во среда (23.03.2016), во 10 часот, во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, асоцијацијата за истражување, комуникации и развој “Паблик“ ја презентираше својата анализа на бездомништво во Македонија и одржа еднодневна конференција во Скопје. На конференцијата учествуваа претставници од центрите за социјална работа, различни граѓански организации, Министерството за труд и социјална политика, психијатриски болници и шелтри кои ги дискутираа воедно причините за бездомништво, најефективните методи за негово детектирање и колкави се неговите размери за да претставува проблем во Македонија. Дискусиите од конференцијата ќе бидат вклучени во финалниот политички документ за бездомништворо во Македонија.

Џејмс Стејн, директор на мисијата на УСАИД во Македонија “Според Обединетите Нации изјави: “Околу 100 милиони луѓе низ светот се без дом и околу 1.6 билиони луѓе живеат во несоодветни услови. Не постои универзална политика или законодавно решение за бездомништвото. Решението треба да има повеќесекторски пристап за бездомништвото во одредени услови.
Како организација, „Паблик“ овозможува директен одговор на бездомништвото преку издавање и дистрибуирање на уличното списание “Лице в Лице“.
Ние ја подржуваме и охрабруваме зголемената соработка меѓу граѓанските организации и институциите бидејќи граѓанскиот сектор е пресуден во процесот на разбирање на распространетоста на бездомништвото во Македонија и барањето адекватни решенија.“

Душан Томшиќ, претставник од секторот за социјална заштита при Министерстовото за труд и социјална политика нагласи дека Министерството за труд и социјална политика изврши анализа на најсоодветните форми за згрижување на лицата бездомници во Република Македонија и констатирано е дека како најсоодветен модел на згрижување би било социјалното домување, односно обезбедувањето на долгорочно домување со поддршка или понатаму само долгорочно домување, кое ќе им овозможи реинтеграција на овие лица во општеството. Оваа форма најповеќе одговора на карактеристиките на бездомните семејства во Република Македонија.
Како едни од дoбрите примери ги посочуваме програмите на Финска, Франција и други ЕУ членки, кои го промовираат пристапот “најпрво домување ” (housing first), развиен во САД, кој треба да обезбеди надминување на долгорочното бездомништво.

Климентина Илијевски, извршен директор на “Паблик“ изјави: “Истражувањето што го спроведе “Паблик“, во суштина, создава основа за мерење на бездомништвото согласно европската ЕТХОС типологија што во иднина се надеваме дека ќе овозможи соодветен пристап кон заштита на правото на домување и создавање регулаторна и институционална основа за негово остварување. Во исто време искреиран е и инструмент за мерење на длабочината на овој феномен, а и методски пакет за работа со бездомни лица.“

Во 2005, ФЕАНТСА креираше ЕТХОС со цел подобро да се разбере и измери бездомништвото во Европа и да подготви заеднички ’јазик’ за интернационални размени за бездомништвото. Главните цели на ФЕАНТСА беа креирање и промовирање подобро истражување на бездомништвото како и промовирање на развојот и имплементацијата на ефективни мерења за борба против бездомништвото на национално и европско ниво – ЕТХОС е неопходна и за двете цели.
Фрик Спинвејн, директор на ФЕАНТСА објасни дека “Пред се, бездомништвото е процес, а не ситуација која постои сама по себе. Тој процес м,оже да афектира многу ранливи домаќинства во различни фази од нивните животи, а ЕТХОС е првата типологија од овој вид која го евидентира тоа.“

Едно од клучните достигнувања на проектот е развивањето на методологија за мерење на бездомништвото (базирано на ЕТХОС – Европска типологија за бездомништво и исклучување од правото на домување) со цел да се монитoрираат и евалуираат постоечките политики за бездомништво во Македонија како и основање на првата дефиниција за бездомништво во земјава според ЕТХОС концептуалната рамка.

Забелешка до уредниците:
Американските граѓани, преку УСАИД имаат инвестирано повеќе од 500 милиони долари во Македонија од 1993 година. УСАИД работи со луѓето во Македонија на креирањето работи, зацврстување на демократските институции и практики, зацврстување на интегрирано образование и подготвување на студентите како работна сила. Овие иницијативи го подобруваат квалитетот на живот за македонските граѓани и ја подржуваат нивната транзиција кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД овозможува економска и хуманитарна помош во над 100 земји низ светот. За повеќе информации ве молиме посетете ја страната http://www.usaid.gov/where-we-work/europe-and-eurasia/macedonia  и Фејсбук страната на УСАИД

Повеќе

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here