Работилници за компании со цел – подобрување на соработката на традиционалниот бизнис сектор и социјалните претпријатија

02.10.2019

Во рамките на проектот SE-Bridge финансиран од ЕУ преку програмата за прекугранична соработка помеѓу Албанија и Северна Македонија, од денес (02.10.2019) па до петок (04.10.2019) во Пелагонискиот и Југозападниот регион се одржуваат работилници наменети за компании од традиционалниот бизнис сектор, дизајнирани да им помогнат во процесот на иновирање на нивните вредносни системи, како и во отворање на нови канали за соработка со помали добавувачи, производители и социјални претпријатија, но и да ја поттикнат соработката со социјалните претпријатија.

Ќе се одржат вкупно 3 работилници, по една во Прилеп, Битола и Струга, на кои се вклучени 30-ина компании кои работат во различни сектори (производство на храна, текстил, млечни производи и пијалаци, градежништво, угостителство итн.) и се претежно лоцирани во овие погранични региони.

Проектот SE-Bridge е двегодишен проект кој од ноември 2017-та година во партнерство го имплементираат ЦЕЕД Македонија и ПАБЛИК од Скопје, и Агритра Визион Центер и ЦЕЕД Албанија од Албанија.

Наши партнери