Повик за ангажирање експерти

01.06.2019

Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје го објавува следниот повик за ангажирање експерти:

  • Тема 1: Експерт за социјална политика и социјална заштита на Република Северна Македонија (еден експерт);
  • Тема 2: Експерт за психометрија и креирање истражувачки инструменти (еден експерт);
  • Тема 3: Експерт за кариерно советување и супервизија (еден експерт).

Позициите се објавуваат во рамките на проектот „Социјално менторирање“ кој „Паблик“ го разви за своите корисници – продавачи на уличното списание „Лице в лице“ и кој може да се примени на други ранливи групи на граѓани кои се соочуваат со потешкотии во интегрирање на пазарот на труд.

Преку долгогодишното искуство во обезбедување на работна интеграција на лица од маргинализирани групи, ја увидовме потребата од изработка на оперативен протокол – Водич за активација и мотивирање, и задржување на работа на пазарот за труд.

Целта на социјалното менторирање е развивање на структурното упатство за проценката, следењето и евалуацијата на напредокот постигнат од поединците во позициите за работна интеграција. Нашето менторирање е комбинација на теоретски знаења и индивидуализиран пристап кој може да ја контекстуализира теоријата со особеностите на маргинализираните групи. На тој начин корективните мерки се значајни и придонесуваат кон целите и функциите на социјалното менторирање – да ги поддржат поединците и работодавачите во целосна реализација на професионалните капацитети на индивидуалците и постигнување на професионална зрелост.

Ангажманот вклучува изработката на едукативната програма за социјално менторирање заедно со внатрешни лица од „Паблик“, на една одредена работна тема. Секоја работна тема има дадени под-теми кои се подложни на промена соодветно на предлозите на експертите. Во рамките на темата (и дури и под-темите доколку е можно) секој експерт има задача да даде теоретски увид во концептите од темата, преглед на истражувања (доколку има) и домашни задачи или прашања за проверка на знаења, како и дадена основна и дополнителна литература за темата, во целина. Едукативната програма треба да се води од Блумовата таксономија за цели за учење, и тоа почнувајќи од пониско кон посложени цели. Работната тема треба да се обработи преку силабус на студиска програма.

Внатрешните капацитети на „Паблик“ ќе им помогнат на надворешните експерти во процесот на обликување на нивната работна тема.

Финансискиот надомест за ангажманот изнесува 90.000 денари (бруто), исплатен преку авторска агенција.

Период на траење на ангажманот: 1 јули 2019 – 1 септември 2019 година.

Заинтересираните лица треба да испратат своја биографија и пример од најмногу два труда напишани на соодветната работна тема за која аплицираат (на македонски или англиски јазик). Предност ќе имаат кандидатите со соодветно работно искуство и соодветни и длабоки познавања на темата за која аплицираат. Искуство од работа со маргинализирани групи особено се вреднува.

Апликациите треба да се испратат на следниот е-маил: aleksandra@public.org.mk, најдоцна до 26-ти јуни 2019 година со назнака: Повик за ангажирање на експерти за социјално менторирање.

Се замолуваат кандидатите во писмото да наведат за која работна тема аплицираат.

Сите кандидати ќе бидат известени за исходот од повикот.

 

„Паблик“ е организација на еднакви можности.

Наши партнери

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress