Граѓанскиот сектор - и коректив и партнер на институциите

Дали граѓанските организации треба да се коректив или партнер на власта? Колку отвореноста на системот за соработка и уважување на експертизите и знаењето на граѓанското општество може да поттикне придобивки за целата јавност? Постои ли црвена линија на здружување помеѓу јавните институции и невладиниот сектор? Ова беа само дел од прашањата на менито на панел дискусијата „Како до значајни општествени промени: Визии за иднината на граѓанското општество“, која се случи во рамки на денешното претставување на Инструментот за мерење на влијанието на граѓанските организации врз општествените промени, резултат на истражувањето „Граѓанското општество – активен или пасивен чинител во општествените промени“, кое го спроведе Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“.

Вести