ТИМ

Социјалната менторка од Косово, Лулу – вила со волшебно стапче

Повеќето работодавци се свесни за важноста на инклузијата и законот кој обезбедува вработување на лицата со попреченост, но, стравуваат колку ќе можат успешно да ги интегрираат лицата со попреченост. На компаниите многу им олеснува кога имаат врата каде може да побараат помош кога ќе се соочат со тешкотии, вели социјалната менторка Луљета Нухија Пет лица со Даунов синдром се вработени, имаат подобро животно секојдневие, уна­пре­ден статус во општеството и во опкружувањето.Ова не се случи ниту преку ноќ, ниту стихијно, само од себе. Главната вина за ваквото по­ме­сту­ва­ње на положбата на ранливите граѓани во Косово ѝ се препишува на Луљета Ну­хи­ја – Лулу, социјална менторка, која преку здружението „Down Syndrome Kosova“ беше вклу­че­на во првиот циклус обуки на програмата Социјално менторство за работна ин­те­гра­ци­ја, пилот-програма од Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој, „Паб­лик“, а поддржана од Германското друштво за интернационална соработка, ГИЗ. Лу­лу, како што ја викаат пријателите и соработниците, е родена во Куманово, a во мо­мен­тов живее и работи во  Косово. Знаењата од програмата за социјално менторство на „Паб­лик“, чијашто цел е овозможување полесен влез и останување на пазарот на труд на ран­ли­ви­те сограѓани, особено на тие што се најдалеку од него, Лулу успешно ги преточува на те­рен. Ве­ли дека нејзиното здружение, преку социјалното менторство, како социјална иновација  ја игра улогата на мост и на посредник за успешното вработување на лица со Даунов син­дром. Досегашното искуство потврдува дека со темелен пристап и структуирана под­др­шка можe да се направат големи поместувања кај овие лица. Во исто време, со­ци­јал­ни­от ментор е врската меѓу лицето со кое работи и бизнис-секторот, кој ќе треба да ја види важ­ностa од внесување различност меѓу вработените. Ова беше повод да поразговараме со Лулу за патот низ процесот на работа, како и за впе­ча­то­ци­те на лицата со кои работи како ментор. Дол­го време работите со лица со Даунов синдром. Можете ли да направите разлика  ме­ѓу поддршката што им ја дававте претходно на вашите корисници и оваа, откако ја по­ми­на­вте обуката за социјално менторство? - Да, доаѓам од здружение што преку свои програми имаше големи обиди за обез­бе­ду­ва­ње услуги, како што се стручно оспособување и поддршка за вработување лица со Да­у­нов синдром. Иако беше многу предизвикувачки, „Down Syndrome Kosova“ успеа да ин­те­гри­ра некои поединци на отворениот пазар на труд, главно во приватниот сектор. По обу­ка­та за социјално менторство, овие напори добија форма на систематски механизам или пристап што служи како модел како да се води процесот на интеграција на пазарот на тру­дот на достоинствен начин, кој е заснован на факти.Кол­ку соработуваат родителите и најблиската околина, како гледаат на потребата   нив­но­то дете да се вклучи на пазарот на труд? - Род­ни­ни­те и родителите на лица со Даунов синдром, воопшто на лица со попреченост, од самото раѓање се загрижени за благосостојбата на своите деца и не го наоѓаат од­го­во­рот на големото прашање: „Што ќе биде со нив кога ние веќе нема да бидеме тука?“ Со нив­но интегрирање на пазарот на труд, се ублажуваат грижите на нивните родители за­тоа што нивното дете сега е независна индивидуа и е способно да ја обезбеди својата бла­го­со­стој­ба, дури и да биде активно лице што придонесува во општеството. Ка­ква промена забележувате кај нив, кога од корисници стануваат активни актери во соз­да­ва­ње економски, социјални и културни промени во општеството? - По­крај нивната лична исполнетост дека се способни да ги докажат своите вештини на ра­бо­та и гордоста што финансиски придонесуваат за семејството, тие, исто така, успеваат да из­бег­нат проблеми со менталното здравје, кои можат да произлезат од неангажманот и од не­ма­ње­то работен идентитет. Но, тоа не е сѐ. Вработените, преку претставување на сво­и­те успешни приказни, низ различни платформи, постојано се залагаат за остварување на сво­и­те права, а тоа се одразува на промените во економската, социјалната и во кул­тур­на­та сфера во општеството. Ко­га ќе им се даде соодветна шанса, дали овие лица имаат потенцијали да одговорат на очекувањата на работодавците, како се приспособуваат на организациската култура и на работната атмосфера? - Слу­ча­и­те што досега биле интегрирани, успеале да ги изненадат работодавците со нив­ни­от потенцијал и колку можат да бидат ефикасни на работното место во исполнувањето на обврските што им се доделени доколку постои адаптација на работното место на сите ни­воа, не само инфраструктурно. Благосостојбата и задоволството на вработените на ра­бот­но­то место станува важна тема и ги засега сите работници, не само тие со по­пре­че­ност. Ка­кво е вашето искуство во однос на комуникацијата со бизнис-секторот? Колку ја сфа­ќа потребата од економска интеграција и инклузија на лицата со пречки во развојот? - По завршувањето на обуката за социјално менторство, разработив акциски план. Нај­го­ле­ми­от предизвик ми беше комуникацијата со претпријатијата, па направив бележење на по­тен­ци­јал­ни  сериозни претпријатија што би можеле да ги вработат овие лица. Создадов ус­ло­ви за да им објаснам какви услуги ќе им понудам во процесот на работна интеграција На работодавците на компаниите многу им олеснува кога знаат каде точно може да по­ба­ра­ат помош кога ќе се соочат со тешкотии. Повеќето од нив  се свесни за важноста на инк­лу­зи­ја­та и на законот што обезбедува вработување на лицата со попреченост, но, како што споменав, страхуваат колку ќе можат успешно да ги интегрираат лицата со по­пре­че­ност. Јас како социјален ментор им ја давам таа услуга. (Текстот е објавен во 48. издание на списанието за одржлив развој „Лице в лице“)

Неопходно е да направиме многуаголник на поддршка на жените жртви на семејно насилство!

Невработеноста и економското насилство, но и недостатокот на активни мерки за помош од соодветните државни институции кои се во  директен контакт со жените кои се жртви на семејно насилство, најчесто се главната причина за жената откако ќе го напушти насилниот партнер и помине одреден период во шелтер центар - повторно да се врати во насилната заедница, вели социјалната менторка за работна интеграција на жени жртви на семејно насилство, Наташа Димеска Магдалена Чадиноска Кузманоски „Што ако насилникот дојде тука, и прави проблеми? Со тоа и јас ќе имам проблеми“ Оваа реченица е најчестиот „дочек“ од потенцијалните работодавачи до жените жртви на семејно насилство, кои прават обид да се интегрираат на пазарот на трудот. Се соочуваат со мултидимензиoнални проблеми, но, најаларманто е што добар дел од нив  се присутни уште на самиот почеток на работниот ангажман. Тоа, пак, значи стартно обесхрабрување во помислата и вербата дека ќе успеат на патот на  работна интеграција. Најдобриот совет кој можете да ѝ го дадете на една жртва на семејно насилство е да го остави насилникот, но, прашање кое се наметнува е дали истата е соодветно поддржана од сите клучни актери кои значително можат да придонесат за еден нов, сеопфатен и интегриран систем на заштита на жртвите. Потребно е да направиме успешен многуаголник помеѓу бизнисот, жртвата, мерките кои се понудени од страна на Агенцијата за вработување на СМ и Центарот за социјална работа. Со какви сѐ предизвици и стравови се соочуваат жртвите на семeјно насилство при излез на отворен пазар на труд, разговараме со социјалната менторка за работна интеграција на жени жртви на семејно насилство, Наташа Димеска. 1.Вие сте социјален ментор, кој во рамки на програмата на социјално менторство за работна интеграција, директно работи со жени жртви на семејно насилство. Се наметнува прашањето, колку овие жени се свесни за своите компетенции и квалитети? Колку насилната средина го намалила нивото на нивна самодоверба и какви се обесхрабрувања трпеле низ времето? - Семејното насилство е посебна фрома и структура на повеќе димензионално насилство кое во себе не вклучува само физичко, туку и  економско насилство. Токму оваа тријада на насилства кои најчесто во комбинација и во различен сооднос ги доживува жената, ја менува нејзината слика за самата себе, свесноста за капацитетите кои ги поседува, но и нивото на нејзината самодоверба. Коменарите од типот „ти ништо не знаеш“, „тебе за ништо не те бидува“, „неписмена“, „неспособна“, но и дозираните или никакви финансии кои ги добивала од насилниот партнер, ја прават жената целосно отсутна од пазарот на трудот , некогаш и повеќе децении. Токму економската зависност од насилниот партнер, немањето на соодветно или никакво образование, немањето на работно искуство, но, и социјални контакти кои ќе бидат еден вид на извор на информации за можности за вработување, константно ја обесхрабруваат жената од идејата за напушање на насилната заедница. Невработеноста и економското насилство, но и недостатокот на активни мерки за помош од соодветните државни институции кои се во  директен контакт со жените кои се жртви на семејно насилство, најчесто се главната причина за жената откако ќе го напушти насилниот партнер и помине одреден период во шелтер центар - повторно да се врати во насилната заедница. Оваа нарушена слика за себе, за отворените можности и за можната поддршка во инфилтирањето на пазарот на трудот се првите пречки со кои како социјален ментор се соочив во обидот за интегрирање на жените жртви на пазарот на трудот. При контактот со нив очигледна е потребата од првично овозможување на психосоцијална поддршка за осознавање на своите квалитети, креирање на нова слика за себе и своите капацитети и раснење на самодовербата, за да може да се излезе на пазарот на трудот и да се започне прилагодувањето  на новите предизвици и состојби. Потсетување на нивните интереси од пред насилството, нивните способности, контакти, но и афинитети се првите чекори во успешно прнаоѓање на вработување и започнување на процесот на работна инеграција. 2.Колку овие жени имаат поддршка од работодавецот, во однос на предизвиците со кои се соочуваат? - Жените жртви на семејно насилство се соочуваат со мултидимензиoнални проблеми. Кога станува збор за инфилтирањето на пазарот на трудот пред се се соочуваат од стрвот на некои работодавци, кои при самото слушање на информацијата дека една жена е жртва на семејно насилство изговараат „што ако дојде насилникот тука да и прави проблеми, а со тоа да имам и јас проблеми?“. Токму оваа реченица често е крај на сѐ уште и незапочнатата кариера на жената, но и реченица која ги обесхрабрува во вербата дека ќе успеат сами. Кога пак жените ќе пронајдат работа, некогаш имаат проблем со прилагодување на работното време со организирање на нивните обврски кон децата, посебно ако немаат соодветна поддршка од поблиското опкружување. Односно жените се случува да мораат да избираат работни места кои се само во една смена, односно додека децата се во училиште и градинка, со што сериозно ги намалуваат отворените можности кои ги имаат за вработување. Исто така, имаат проблем со сместување на своите деца во градинка доколку имаат статус на невработен, бидејќи градинките не ги примаат нивните деца. Сериозен предизвици со кои се соочуваат жените жртви на насилство се и недостапноста, но, и неинформираноста, нивна, и на работодавците, за достапноста на мерките за вработување на АВРМ, кои со соодветна популаризација може сериозно да ја подобрат состојбата на жените и да ја загарантираат нивната сигурност на подолг рок. Работодавците и да се со голема свесност, сензибилизираност и желба да помогнат, често специфичното работно време кое им е потребно на жените жртви, но и на почетокот нивните отсуства поради болести на децата кои немаат кој друг да се грижи за нив, не се премногу кооперативни, плашејќи се дека толерирањето на жената и прилагодувањето на нејзините услови, може да ја наруши хаморнијата и редот на работата на другите вработени, кои би се чуствувале повредени при прогледувањето низ прсти на жената. Жртвите на семејно насилство често успеваат да пронајдат работа на пола работно време , односно работа за дневница, но тие имаат проблем со менаџирање на средствара кои дневно ги добиваат, поради економската неписменост која ја имаат, а која е директна последица на ограничените економски можности и управување со финансии кои ги имале во насилната заедница, каде насилниот партнер контролирал и управувал со се. Почетокот на адаптирањето на ново работно место, независно дали е на пола или цело работно време, со себе повлекува постојана потреба од психосоцијална помош на жртвата, која често се бори со своите стравови од слободно движење , процес на демнење и психолошка онлајн тортура која може да трае сѐ уште од насилниот партнер, сомнежи во самата себе, но и анксиозни и панични растројства кои може да влијаат врз нејзината продуктивност и концетрација на работното место. 3.Дали децата на жртвите имаат приоритет при запишување во градинка, кој всушност е прв чекор до олеснување на патот кон економско зајакнување? -  Во моментот, жртвите на семејно насилство немаат приоритет при сместување на нивните деца во градинка. Состојбата со пандемијата со КОВИД 19 влијаеше на слободните места во градинките, но и ставот на истите дека деца од невработено лице не се запишуваат, поради слободното време кое го има лицето да се грижи за нив. Пандемијата, исто така, затвори голем број од дневните претстои кои функционираа во рамки на основните училишта, кои се од големо значење за жените жртви на семејно насилство, бидејќи се алатка која им гарантира безбедност за децата, но и атмосфера на завршување на училишните задачи. Приватните градинки, но и дневни центри, немаат никакви олеснителни мерки, ниту се стимулирани да ги згрижуваат децата на жртвите на семејно насилство, бидејќи нивните првични цени за згрижување жената не може да ги подмири, со што од старт се исклучена опција која може да се разгледува. Креирањето на мерки со кои жените жртви ќе добијат приоритетно и загарантирано    сместување во градинки или дневен претсој на своите деца, дури и ако имаат статус на невработено лице, но и финансиско стимулирање на истото ова сместување во минимум период од 3 до 6 месеци од страна на државата, сериозно ќе  влијае  нивното економско зајакнување и интеграција на пазарот на трудот. Згрижувањето на децата е сериозно охрабрување на жените, зголемување на нивната сигурност, но и на нивната решителност да останат одлучни и да се интегрираат на пазарот на трудот.  

Случајот на Северна Македонија: Упатени работници – развој на шеми и трендови*

Случајот на Северна Македонија: Упатени работници – развој на шеми и трендови*

Policy brief: The case of North Macedonia: Posted workers – developing patterns and trends

Policy brief: The case of North Macedonia: Posted workers - developing patterns and trends

Заклучени заедно

Жените кои преживеале економско насилство – потешко влегуваат на пазарот на труд. Економското насилство е застрашувачко и најчесто доведува до изолација на жените, до колапс на безбедноста и создавање  чувство на зависност. Магдалена Чадиноска Кузманоски Колку домот е најбезбедно место за сите? Осумдесет отсто од убиствата на жените во земјава се злосторства од омраза кон личности од женскиот пол – фемициди и најчесто тоа се поранешни или сегашни партнери на жртвите, според „Анализа на случаи на фемициди“ од 2018 година. Фемицид означува родово базирано убиство, односно убиство на жена затоа што е жена. Постојат повеќе видови на фемицид, но, најзастепен е интимниот и најчесто го извршил сегашен или поранешен партнер на жртвата. Фактите говорот дека во најголем број на случаи на фемицидот му претходело континуирано семејно насилство, и дека најчесто и фемицидот и семејното насилство се случува во домот, па оттука се наметнува прашањето - колку домот навистина е најбезбедно место за сите. Пандемија во сенка Да останеме безбедни! Да останеме дома! Ова беа најчестите апели во време на пандемија кај нас и во светот. При донесување на кризните мерки не се зеде предвид дека за некои луѓе, останувањето дома значеше уште поголема опасност по нивниот  живот. Изолирањето на жените жртви на насилство со насилникот, со други зборови беше, и принудно заложеништво со злоставувачот, но, и истовремено недостапност до ресурсите наменети да им дадат поддршка. Овие мерки им одеа во прилог на насилниците, имајќи ги под контрола сите движења, контакти и постапки на жртвите. Оттука, може да се каже дека се родија и нови облици на насилство, а се зголеми и бројот на пријавени случаи, па затоа често се споменуваше дека покрај постоечката пандемија, се соочивме со уште една „пандемија во сенка“. Податоците обезбедени од МВР, објавени во списанието на научни трудови „Меѓународен дијалог Исток-Запад“, посочуваат трендови на пораст нa пријавите на поплаки, кривични дела и прекршоци од областа на семејното насилство, со зголемување од по 10, 18 па и 25 проценти, во зависност од категоријата: „Кога ќе се споредат податоците за периодот од јануари до јуни 2019 година со истиот временски период од 2020 година, најголем пораст од 25% бележи категоријата „поплаки“ за семејно насилство до МВР“, посочено е во научниот труд со наслов „Меѓународен дијалог Исток-Запад“. Овие бројки  укажуваат дека насилството врз жените ескалирало во време на пандемија. Се смета дека бројките се многу поголеми, земајќи предвид дека процедурите за пријавување и процесирање на насилство не се променија, односно не се прилагодија на ситуацијата. Многу од жените не пријавувале насилство сметајќи дека така ќе се доведат себеси и своите деца во уште по ризична ситуација. Меѓутоа, ова е само една од причините за премолчување и непријавување на насилство.  Друга, многу честа е економската зависност на жените жртви на насилство, проблем кој е секојдневние и на останатите лица од ранлива категорија. Економското насилство тешко се препознава За разлика од физичкото, психичкото и сексуалното, се добива впечаток дека економското насилство како облик на семејно насилство е феномен со кој не сме доволно запознаени преку медиумите и кој често не се препознава како облик на насилство. Во традиционалните и патријархалните средини, како нашата, каде што преовладува ставот кои се женските, а кои машките улоги - дека мажот треба да заработува и да располага со пари, а жената да се грижи за семејниот живот, економското насилство  тешко може  да се препознае. Тоа е застрашувачко и најчесто доведува до изолација на жените, до колапс на безбедноста и создавање на чувство на зависност. Во многу случаи на овие жени им се ускратува и интелектуалната слобода, можноста за образование или пак за било каков напредок во својата професија. Жените кои преживеале економско насилство многу често имаат потешкотии во управувањето и прераспределбата на парите, тешко им е да се вработат бидејќи долго време се надвор од пазарот на трудот, не веруваат во себе и се сомневаат дека се способни за водење бизнис. Некои од знаците на финансиска злоупотреба се: целосна контрола на финансиите, забрана за пристап до банкарски сметки, давање на недоволни суми на пари и следење на што жената ги троши, забрана на жената да се вработи, спречување на  да оди на работа или притисок да ја напушти работата, правење разни проблеми на работното место кои водат до отпуштање  на жена од работа (пристигнување и вознемирување на жена на работното место, вознемирување на колеги, клиенти, работодавач итн.), користење на кредитната картичка на жената без нејзина дозвола, убедување на жените да позајмуваат финансии од други луѓе, побарувања имотот што го стекнала  да биде регистриран на негово име и многу други ситуации. Економската стабилност – клуч за интеграција и зајакнување на жените жртви на насилство Соочувајќи се со потребите од терен, Асоцијацијата за истражување, комуникација и равој ,,Паблик“ креираше методологија „Социјално менторство за работна интерација“, која пак, од неодамна, е адаптирана на потребите на целната група жени жртви на насилство. Овие активности „Паблик“ ги спроведува во склоп на проектот „Можности за економска реинтеграција преку социјално менторство  за жени жрви на насилство“ кој пак е дел од регионалната програма „Спречување на насилството врз жените и девојките: Спроведување норми, менување ставови", поддржана од Европската унија, а имплементирана од страна на меѓународната организација UN Women. Во моментов четири социјални менторки се насочуваат за обезбедување на оваа услуга кон 15 жени жртви на насилство, со кои ќе работат на економско зајакнување. Економската  стабилност е еден од клучните фактори за поголема независност и одлучност жените да се охрабрат и да ја напуштат насилната средина, да пријават и да стават крај на насилството. (Авторката е социјален ментор на жени жртви на семејно насилство) Илустрации: Зоран Инадески Асоцијацијата за истражување, комуникација и равој ,,Паблик“ и Платформата за одржлив развој, „Лице в лице“ се приклучуваат кон Глобалната годишна кампања „16 дена активизам за борба против насилство врз жените“, која завршува на 10-ти декември, на Меѓународниот ден на човековите права - со објава на содржини врзани за  потребата од економско зајакнување на жените жртви на насилство.

Инклузивните работни места – императив за одговорните бизниси!

Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, изминатиов период, одржа две сесии со фокус на придобивките од социјалното менторство, со тимовите на партнерските организации, „Осмех“ од Власотинце, Србија и „Култ“ од Босна и Херцеговина. Оваа иновација на „Паблик“, која претставува сет од алатки, го обедини регионот во намерата да создаде услови за на тешковработливите да им се овозможи поддршка за влегување и задржување на пазарот на трудот. И додека во минатото инклузијата најчесто беше тема која што им беше оставена на институциите и на здруженијата на граѓани, тие да се занимаваат со ова прашање, денеска ова сѐ почесто станува прашање кое што ги засега и бизнисите. Според извршната директорка на „Паблик“, Климентина Илијевски, од 2008 година наваму, а особено со почетокот на пандемијата, сѐ поприсутно станува прашањето за одржлив развој и одржливи бизниси, што дојде како резултат на последиците од зголемените нееднаквости во општествата и енормното искористување на природните ресурси, што, пак, доведе до бројни еколошки катастрофи и неможност да се излезе на крај со климатските промени. - Неопходно е да се пристапи кон реосмислување на бизнисите и создавање бизниси со цел, но и реосмислување на општествените системи кои што ќе мора да се справат со последиците  од претходните технолошки револуции кои создадоа длабоки нееднаквости и штети за животната средина. Во исто време, новите општествени системи треба да обезбедат и соодветни одговори на тековната криза и транзиција кон новата улога на бизнис секторот во создавањето одржлива економија, вели Илијевски. Во посакуваните општествени системи, додава таа, инклузивните работни места, инклузивните бизниси и инклузивниот раст се високи приоритети. - Во нив растот нема да се следи само преку БДП, туку преку сет индикатори кои истовремено ќе носат информација - кој има бенефит од економскиот раст, дали растот е одржлив во однос на ефектите врз животната средина, како тој влијание врз благосостојбата на луѓето, наагласува Илијевски. Извршната директорка на босанската компанија „Softhouse Balkans“, Самира Нухановиќ, присутна на онлајн сесијата, вели дека нивната компанија постојано вложува во градење здрави релации меѓу вработените, базирани на вредности. Покрај редовните договори за соработка, оваа компанија склучува и партнерски договор со секое вработување, кое го зема предвид односот и вредностите помеѓу компанијата и работодавачот. - Извршниот директор и компанијата не гледаат на луѓето како ресурс, туку како потенцијал со конкретен сет на вредности. И ова не е нешто што функционира на хартија, туку е секојдневна заложба на компанијата, вели Нухановиќ. Активностите чија цел е да ги поттикнат вработените да дејствуваат низ призма на вредносите, најчесто се во форма на предавања и работилници кои резултираат со ефект врз доброто на заедницата на компанијата. - Вработените учат како да си дадат фидбек едни на други, како да го развиваат тимскиот дух, како да водат. Затоа што, секој работник може да биде лидер на одреден работен дел, додава Нухановиќ, нагласувајќи и дека, како поддршка за поширокиот развој на заедницата, компанијата користи ресурси за да подучува и имплементира и заложби за остварување на Целите за одржлив развој, (SDG), во рамките на работниот, но, и надвор од работниот опсег. За социјалната менторка од Македонија, Магдалена Чадиноска Кузманоски, целта на социјалнотот менторство не е вработување по секоја цена, туку препознавање одредени вредности или висок праг на разбирање за ранлвите категории лица, посебно од страна на лидерот. - Не го оставам менторираното лице во средина, во која ни јас самата не би работела. Програмата повикува да бираме каде ги вработуваме нашите менторирани лица, затоа што нашата цел е да да чувствуваат пријатно, корисно и посакувано на тие работни места, вели Чадиноска Кузманоски.  

Policy Brief: The case of North Macedonia: Posted workers – developing patterns and trends

Policy Brief: The case of North Macedonia: Posted workers - developing patterns and trends

Правилата за упатување работници во странство – фокус на завршната конференција на проектот Pow...

Завршна конференција во рамки на проектот „Премостување на јазот помеѓу законодавството и практиката при упатување на работниците во странство“, чиј партнер во реализација е и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, ќе биде одржана на деветти ноември, на онлајн платформата Зум, во терминот од 09 до 13.30 часот. Оваа средба ќе ги обедини сите партнери-учесници за да ги споделат наодите и знаењето добиени во текот на проектните активности, но, и многу засегнати страни и експерти, со цел да се развие дискусија која ќе донесе предлози за позитивни промени во оваа сфера. Агендата за настанот, кој ќе се одржи на англиски јазик, е достапна на овој линк. Регистрацијата е до 5 ноември - линк. Претставник и учесник на „Паблик“ на овој настан е истражувачката Александра Илоска, која ќе зборува за практиките и предизвиците на компаниите во процесот на упатување на работниците. Главна цел на POW-Bridge проектот е да ги идентификува можните јазови помеѓу процедурите (правната основа) и праксата (искуствата) во однос на правилата кои го регулираат упатувањето на работниците во странство, да се идентификуваат предизвиците и да се развијат и споделат ефективни решенија за компаниите и агенциите кои упатуваат работници. Притоа, посебен фокус беше ставен на предизвиците кои произлегуваат од потенцијалните неусогласености помеѓу ревидираната Директива за упатување на работниците донесена во 2018 година, другите законодавства на ЕУ, како и постоечкото законодавство на национално ниво. Упатувањето на работниците, всушност, е динамична форма на мобилност на работната сила, која во привлекува значително политичко внимание, особено кога станува збор за појавата на социјална исклученост на упатените работници, рефлектирана во ревидираната верзија на Директивата за упатување на работниците од 2018-та година. Затоа, интенцијата на проектот е, пред сѐ, зајакнување на напорите за имплементација и спроведување на Директивата во инклузивна, партиципативна и транспарентна форма. Географската покриеност на Pow Bridge проектот е во Австрија, Словенија, Италија, Словачка, Унгарија, Полска, Србија и Северна Македонија. Повеќе инфо за проектот – на линкот ​Погледнете го видеото кое има улога на практичен водич за упатување на работниците во странство. https://www.youtube.com/watch?v=4WhYmSKNIck

„Паблик“ со менторска поддршка на Повикот на ФИТР за социјално претприемаштво

Фондот за иновации и технолошки развој во моментов има активен Повик за социјално претприемаштво, чија цел е поттикнување развој на иновативни решенија за тековните социјални потреби и општествени предизвици (социјални иновации), обезбедувајќи притоа одржлив и инклузивен развој. За таа цел, ФИТР овозможува бесплатна техничка помош, односно консултации со надворешни експерти ангажирани од страна на Фондот, во следните области: - Бизнис планирање (бизнис идеја, изработка на бизнис модел, истражување и валидација на нови клиенти/потрошувачи), - Стратегија за пристап до пазари т.е. Go-to-market стратегија, - Оперативан менаџмент. Консултантските сесии ќе се организираат онлајн, индивидуално, во закажан термин. Закажувањето е на тел: 02/3145 258 или на мобилен број 071 393 857. Вкупниот буџет на Повикот изнесува шест милиони денари, додека за поединечен предлог проект ФИТР обезбедува до 90% од вкупниот буџет за проектот, во максимален износ од 1.500.000 денари, а апликантот треба да обезбеди минимум 10% од вкупниот буџет на повикот. Рокот за аплицирање на повикот е до 22 октомври, до 14 часот, а дополнителни информации можат да се добијат на: https://www.fitr.mk/sp. Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, заедно со „Бизнис Импакт Лаб“, ќе обезбедува индивидуална менторска поддршка за избраните натпреварувачи во рамки на овој Повик, која ќе се однесува во делот на комуницирањето на импактот, а ќе биде овозможен и пристап до национални и глобални програми за скалирање на бизнисите. Преку овој јавен повик, Фондот за иновации и технолошки развој се обидува да понуди решенија за некои од клучните предизвици со кои се соочува социјалното претприемништво во земјата: Недостаток на поддршка за финансирање. Пристапот до соодветни финансиски инструменти е најголем предизвик за социјалните претприемачи. Постоечката понуда на финансиски инструменти не соодветствува со потребите и капацитетите на социјалните претприемачи и е недоволна во споредба со понудата што постои за комерцијалните претпријатија. Затоа, социјалните претприемачи се борат да го акумулираат потребниот капитал и главно ги вложуваат своите заштеди за да се справат со социјалните проблеми. Способност за скалирање односно зголемување на капацитетот за раст и развој. Примарниот проблем со кој се соочуваат многу социјални претприемачи е недостатокот на можност за подигање на работењето на следно, повисоко ниво. Двојност на мисијата. Социјалните претприемачи се стремат да создадат општествена вредност со решавање на разни социјални проблеми кои нѐ оптоваруваат. Преку овој предизвик, со создавање на вистински деловен модел и стратегија, им помагаме на социјалните претприемачи да создадат модел кој е истовремено влијателен и финансиски одржлив. Според Климентина Илијевски, извршна директорка на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик”, изминатава деценија сѐ поактуелно станува прашањето за одржлив развој и одржливи бизниси што дојде како резултат на последиците од зголемените нееднаквости во општествата и енормното искористување на природните ресурси. Тоа, пак, вели таа, донесе бројни еколошки катастрофи, загуба на биоразновидноста, колапс на многубројни екосистеми, неможност да излеземе на крај со климатските промени. А поради ова вниманието се насочува и кон  социјална економија, социјално претприемаштво, социјални претпријатија, кон бизниси кои што решаваат еколошки и општествени проблеми. – Вклучувањето на ФИТР во поттикнувањето на социјалното претприемаштво го гледам како еден од клучните чекори во развојот на социјалната економија во земјава. Ова е и поставување на основа за развој на социјални финансиски инструменти кои што толку многу им недостасуваат на социјалните претпријатија кај нас. Но, во исто време, овој повик отвора и нови хоризонти за приватниот сектор од кој веќе се очекува да биде поодржлив и поинклузивен, свртен не само кон профитот, туку и кон своето позитивно влијание врз природата, општеството, човекот, кон целите за одржлив развој. И што е најважно, овој повик поттикнува и промовира вредности, ја култивира намерата на сегашните и идни претприемачи својот иновативен капацитет да го стават во функција не само на својата компанија, туку и на својата заедница, нагласува Илијевски, најавувајќи ја поддршката на тимовите и тим лидерите на избраните апликанти во создавањето комуникација базирана врз влијанието што нивната социјалната иновација го има во општеството (поврзување на брендингот на компанијата и нејзиниот производ или услугата со општествениот импакт).

Информирање и консултирање на работниците во време на промени

Кризата предизвикана од Ковид 19 најмногу ги погоди ранливите групи, но, во исто време, создаде нови ранливи сограѓани. Сегашната ситуација целосно ја изнесе на површина потребата од изнаоѓање поодржливи активности кои ќе дадат уште посилен фокус кон локалните потреби, производство, кон животот на локалните заедници. Очекувањата се дека по пандемијата, финансиските ефекти ќе бидат многу поголеми споредено со кризата од 2008 година. Во рамки на закрепнувањето од оваа вонредна состојба, покрај сите ризици, сепак, може да се отворат можности за промени, како: информирање и консултирање на работниците во претпријатијата, промовирање на социјалната и солидарна економија, инклузивно претприемништво. Сите овие концепти може да бидат движечка сила за претпријатијата и индустриските односи. Токму ова ќе биде тема на претстојната онлајн работилница, „Информирање и консултирање на работниците во социјалната економија – низ перспектива на маргинализираните групи“, чија цел е дискусија за начините на вклучување на работниците во надоаѓачките промени, особено од перспектива на постојните и нови ранливи групи. Оваа онлајн средба ќе донесе практики, примери, можни решенија од Северна Македонија, Шпанија, Италија и Словенија, со што ќе се зголемат можностите за учење и размена на препорачани искуства. Срдедбата се реализира во рамки на проектот „Информирање и консултирање на работниците во време на промени“ (WINS), финансиран од Европската комисија, координиран од Шпанската конфедерација на работнички кооперативи (COCETA), а кој Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“  го работи во партнерство со ДИЕСИС мрежата, Конфедерацијата на синдикати на Италија (CISL),  Социјална економија-Словенија (ASES) и Италјанската Федерација на кооперативи (Legacoop Produzione e Servizi). Анализа на Обединетети нации вели дека по Ковид 19, на глобално ниво, најмалку половина милијарди луѓе ќе бидат во сиромаштија, при што економскиот напредок ќе биде вратен три децении наназад. Дури и во економски поразвиените земји, финансиските пакети и мерки за намалување на последиците од кризата, нема да стигнат до социјално исклучените категории граѓани. Меѓународната организација на трудот, исто така, обезбедува докази дека пандемијата претставува закана за најмалку 1, 6 милијарди работници во неформалната економија, или, речиси половина од глобалната работна сила. *** Линк за пријавување на настанот Линк до агендата Ден: 29 септември 2021 Време: 10 – 13 ч Формат: ZOOM работилница Тема: Информирање и консултирање на работниците во креирањето промени - низ перспектива на постојните и нови ранливи групи, (Worker’s involvement in the changing landscape through the perspective of existing and the emerging vulnerable groups).

Повикот на ФИТР за социјално претприемништво е пат кон нов и поодговорен систем!

Поттикнување на развојот на социјалното претприемништво преку поддршка на иновативни решенија за тековните социјални потреби и социјални иновации, обезбедувајќи притоа одржлив и инклузивен развој, е целта на првиот ваков предизвик кој го реализира ФИТР во партнерство со Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик" и Бизнис Импакт Лаб. Во рамките на јавниот повик ќе бидат кофинансирани социјални претпријатија кои се фокусираат на минимум една од целите за одржлив развој на Обединетите Нации. Ќе се бараат решенија кои ќе овозможат ставање крај на сиромаштијата во сите нејзини форми, крај на гладувањето, безбедност на храната, подобрување на исхраната, како и промоција на одржливо земјоделство. Другите цели се обезбедување на инклузивно и еднакво квалитетно образование, и промоција на можностите за доживотно учење на сите. Ќе бидат поддржани и проекти кои имаат за цел постигнување родова еднаквост и охрабрување на жените и девојчињата како и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст преку вработување и пристојна работа за сите. - Горд сум што за првпат инвестираме во развојот на социјалното претприемништво и што Фондот за првпат нуди решенија за некои од клучните предизвици со кои се соочува социјалното претприемништво во земјата, како недостатокот на поддршка за финансирање и способност за скалирање односно подигање на работењето на следното ниво. Преку овој Предизвик, со создавање на вистински деловен модел и стратегија, им помагаме на социјалните претприемачи да создадат модел кој е истовремено влијателен но и финансиски одржлив, посочи Коста Петров, директор на ФИТР, на денешната презентација на повикот. Петров додаде дека Повикот е отворен за трговски друштва кои во моментот на аплицирање постојат не повеќе од 6 години, здруженија на граѓани или тимови составени од две до пет физички лица. Во случај кога како натпреварувач се јавува тим или здружение на граѓани и чиј предлог проект ја поминал фазата на селекција, натпреварувачот е обврзан во рок од 30 календарски дена по прием на Известувањето за селекција на предлог проектот, да основа трговско друштво во кое како основачи ќе се јавуваат најмалку 51% од членовите на тимот. Вкупниот буџет обезбеден за финансирање изнесува 6 милиони денари. За поединечен предлог проект, Фондот обезбедува до 90% од вкупниот буџет за проектот, во максимален износ од 1.5 милиони денари, додека апликантите треба да обезбедат минимум 10% од од вкупниот буџет на проектот. Спроведувањето на проектот може да биде до 12 месеци. Фондот врз основа на оправдани околности може да одобри продолжувања на спроведувањето на проектот до 6 месеци. Партнерскте организации ќе обезбедат индивидуална менторска поддршка за избраните натпреварувачи во делот на комуницирањето на импактот, а ќе овозможат и пристап до национални и глобални програми за скалирање на нивните бизниси. Според Климентина Илијевски, извршна директорка на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик", изминатава деценија сѐ поактуелно станува прашањето за одржлив развој и одржливи бизниси што дојде како резултат на последиците од зголемените нееднаквости во општествата и енормното искористување на природните ресурси. Тоа, пак, вели таа, донесе бројни еколошки катастрофи, загуба на биоразновидноста, колапс на многубројни екосистеми, неможност да излеземе на крај со климатските промени. А поради ова вниманието се насочува и кон  социјална економија, социјално претприемаштво, социјални претпријатија, кон бизниси кои што решаваат еколошки и општествени проблеми. - Дури и на јубилејниот Светски економски форум беше донесен Манифест 2020: Универзалната цел на компанијата во четвртата индустриска револуција и беше нагласено дека капитализмот што го познаваме е мртов и дека потребен нов и поодговорен систем. Дека опсесијата со постигнувањето максимален профит за своите акционeри доведе до неверојатни нееднаквости и до глобална климатска криза, вели Илијевски. Затоа, додава таа, ваквите и слични повици на ФИТР креираат патека кон тој нов и поодговорен систем. - Вклучувањето на ФИТР во поттикнувањето на социјалното претприемаштво го гледам како еден од клучните чекори во развојот на социјалната економија во земјава. Ова е и поставување на основа за развој на социјални финансиски инструменти кои што толку многу им недостасуваат на социјалните претпријатија кај нас. Но, во исто време, овој повик отвора и нови хоризонти за приватниот сектор од кој веќе се очекува да биде поодржлив и поинклузивен, свртен не само кон профитот, туку и кон своето позитивно влијание врз природата, општеството, човекот, кон целите за одржлив развој. И што е најважно, овој повик поттикнува и промовира вредности, ја култивира намерата на сегашните и идни претприемачи својот иновативен капацитет да го стават во функција не само на својата компанија, туку и на својата заедница, нагласува Илијевски, најавувајќи ја поддршката на тимовите и тим лидерите на избраните апликанти во создавањето комуникација базирана врз влијанието што нивната социјалната иновација го има во општеството (поврзување на брендингот на компанијата и нејзиниот производ или услугата со општествениот импакт). Во време на изразени социјални проблеми и проблеми кои што го загрозуваат опстанокот на планетата, а институциите и невладиниот сектор не успеваат да се справат со современите предизвици поради ограничените материјални ресурси, клучот за создавање баланс во општествотое се бизнисите, вели таа. - Мноштвото бизниси прават профит предизвикувајќи проблеми. Но, во суштина, бизнисите можат да прават профит решавајќи проблеми. А примери од праксата го покажале тоа. Овој повик е поттик за развој на такви бизниси – бизниси што прават профит решавајќи проблеми. Бизниси со влијание, со импакт, порача извршната директорка на „Паблик“. Според Кристијан Милески, ко-основач на Бизнис Импакт Лаб смета дека ФИТР има јасна цел кога станува збор за подигање на капацитетите на социјалните претпријатија. - Среќен сум што на овој повик ќе им дадеме и свој придонес на селектираните претпријатија. Индивидуалните менторски сесии уште повеќе ке го зајакнат импактот кон кој се стремат претприемачите и ќе биде од особено значење кон нивниот пат за раст и развој како на домашниот, така и на глобалниот пазар, заклучи Кристијан Милески, менаџер и ко-основач на Бизнис Импакт Лаб. Дел од активностите кои ќе бидат одобрени за финансирање се активности за тестирање, за истражување и развој, дизајн и развој на прототип, активности за системско мерење на импактот на претпријатието и други. Некои од трошоците кои ќе бидат одобрени на проектите се: бруто плати за лица со вклучени додатоци на плата дефинирани согласно Законот за работни односи, набавка на и/или изнајмување на опрема и потрошни материјали за истражување и развој, ангажирање на експерти/советници за истражување и развој и други. Постапката, од прием на пристигнатите апликации се до селекцијата и донесувањето на конечна одлука за избор и доделување на финансиски средства наградените натпреварувачи, се состои од неколку чекори: административна проверка на пријавите, прва оцена на предлог-проектот, пичинг односно презентација на предселектираните предлог-проекти пред Комисијата за оценување и избор, селекција на најдобри предлог-проекти и потпишување на договори. Секој предлог-проект ќе се оценува од Комисија за оценување и избор која се состои од: двајца претставници- надворешни експерти од областа на предизвикот, двајца претставници од партнерските организации и еден претставник на Фондот. Главните критериуми за оценување на предлог проектите се: степен на иновативност, капацитет на проектниот тим, квалитет на проектот, потенцијал за имплементација / пазарен потенцијал и влијание. Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 22.10.2021 година, до 14.00 часот, додека процесот на аплицирање и целата проектна документација се достапни на: https://fitr.mk/sp

Најважни елементи за успешен бизнис трансфер на вработените

Кои се клучните двигатели за трансформација на сопственоста на бизнисите кон вработените во мали и средни претпријатија? Каква е нивната иднина? Колкав е нивниот импакт врз социјалната економија? Слушнете ги ставовите на претставници на партнери во проектот IN4BTE (Информации, консултации и права на учество, како фактор за успех во трансферот на бизнисите кон вработените во мали и средни претпријатија), донесени врз основа на анализирани 14 студии на случај. Интервјуата се со говорници, претставници на компании од  Бугарија, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Северна Македонија и Велика Британија, кои ги идентификуваат најважните елементи за успешен бизнис трансфер на вработените. Клик за видео содржина: http://https://in4bte.eu/videostories/

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress