Добро управување

Управниот ОДБОР на Паблик е одговорен да ја надгледува работата на организацијата и на извршниот директор.
Во име на Собранието, УО осигурува дека плановите, активностите и опсегот на задачи се со највисок квалитет, реагира во итни случаи и предизвици и делува како пријател кој дава добронамерна критика.
УО известува на Собранието.

ЧЛЕНОВИ:

Стојан Дебарлиев

Професор на катедрата по менаџмент на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
Докторира во 2011 година на тема: ,,Mетодите и техниките за стратегиско планирање и ефективноста во работењето во претпријатијата”, со што се здобил со научен степен доктор на економски науки од областа на бизнис миенџмент.
Неговиот едукативен и истражувачки интерес е во областа на бизнис планирањето, стратегиите, бизнис моделите, претприемништвото и меѓународниот менаџмент на човечки ресурси. Тој е автор на универзитетски учебници, како и повеќе научни и стручни трудови. Има одржано бројни предавања на летни школи, работилници, семинари и други видови на научни и професионални собири. Активно предава на прв, втор и трет циклус студии.

Ивана Томовска



Ивана е Чивенинг алумна од University College London со пост-димпломски студии од областа на Политика, безбедност и интеграции и додипломски студии од меѓународни односи/политички студии од Американскиот Универзитет во Бургарија. Има работно искуство од преку 12 години во меѓународни организации, како што е Шведската агенција за развој и проектот за алтернативно разрешување на конфликти од International Finance Corporation (IFC). Од 2010 г., Ивана е Програм менаџер во американскиот Мировен корпус, каде што дава поддршка на локални организации кои активно работат на развој на нивните заедници.

Има опширно искутсво во областа на проектен циклус менаџмент, истражување и мониторнинг и евалуација на програми. Други интереси има во областите: активно граѓанско учество, развој на локална власт, добро владеење, човекова безбедност и развојни стратегии.

Душан Павловски

Мотивиран професионалец кој е фокусиран на проширување на инвестициите и економскиот развој кој располага со широка мрежа на странски и домашни инвеститори, компании и меѓународни организации.
МБА дипломата за генерален менаџмент од Униерзитетот Шефилд во Солун, Грција, тој ја заврши токму со магистерската дисертација на тема „Фактори за успех на социјалните претпријатија во Република Македонија“.
Неговото одлично познавање на институционалниот и правен сетинг на земјите од западен Балкан и на земјава, со фокус на бизнис климата, ЕУ релациите и странските инвестициски политики. Има искуство работејќи со различни засегнати страни – приватни бизниси, државни институции, меѓународни граѓански организации.
Пасиониран е кон продлабочување на сопствените знаења и искуства.
Член е на Управниот одбор на „Паблик“ од  јануари 2019 година.

 

 

Наши партнери