Во Битола: Поттикнување на соработката помеѓу социјалниот сектор и традиционалните бизниси

29.10.2019

 

 

Денес во Битола се одржува вториот дел од работилниците за поттикнување на соработката помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис, како дел од напорите на проектот „Социјални претпријатија – Мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис – SE-Bridge” за поддршка на развојот на социјалното претприемништво.

На настанот присуствуваат повеќе од 20 компании и социјални претпријатија од пограничниот регион, но и пошироко, за да ги споделат своите искуства, предизвици и придобивки од меѓусебната соработката.
Целта на настанот, и на проектот генерално, е да ги поттикне компаниите да размислуваат социјално одговорно и да ја отворат можноста за соработка со социјалните компании од Македонија и Албанија.

– Мноштвото бизниси прават профит – предизвикувајќи проблеми. Дури и самите бизниси се убедени во ова и се одлучуваат да имаат лошо влијание на животната средина или да ги искористуваат човечките потенцијали на несоодветен, застарен начин зашто се плашат за својот профит. Но, во суштина, бизнисите можат да прават профит решавајќи проблеми, во исто време, свртувајќи се кон човекот – оној вработениот со фокусирање на неговиот потенцијал и квалитет и со овозможување баланс во неговиот живот. Зашто, само така добиваме среќни, исполнети и продуктивни вработени… Зашто купувачите и корисниците на производите и услугите на компаниите се менуваат и тие ги препознаваат овие одржливи практики и сѐ повеќе ќе сакаат да купуваат од оние кои што со своето делување ќе придонесуваат кон заштита на природата, ќе бидат корисни за општеството и ќе бидат свртени кон добробитта на поединецот. Зашто среќни и успешни општества се оние кои што имаат среќни и успешни поединци, нагласи на денешната средба Климентина Илијевски, извршна директорка на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, и главна и одговорна уредничка на списанието за одржлив развој, „Лице в лице“.

                       

Проектот SE-Bridge е двегодишен проект кој е финансиран од Европската унија во рамките на програмата за прекугранична соработка помеѓу Албанија и Северна Македонија, имплементиран во партнерство помеѓу ЦЕЕД Македонија и ПАБЛИК од Скопје, и Агритра-Визион Центер и ЦЕЕД Албанија од Албанија.

Повеќе фотографии – на линкот 

Наши партнери