Паблик во Берлин – дел од Глобалниот самит за социјални бизниси

09.11.2019

На средбата во Берлин, каде се собрани бројни претприемачи и претставници на бизнис секторот, наши учесници се извршната директорка на „Паблик“ и главна и одговорна уредничка на „Лице в лице“, Климентина Илијевски и контент директорот на Фокрумот на добри компании, Небојша Илијевски.
Тие остварија средба и со
најпознатиот светски социјален претприемач и нобеловец, Мухамед Јунус.

Втора година по ред Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, е дел  од Глобалниот самит за социјални бизниси, кој годинава (7 и 8 ноември, 2019), сe одржува во Берлин, Германија.
На средбата во Берлин, каде се собрани бројни претприемачи и претставници на бизнис секторот, наши учесници се извршната директорка на „Паблик“ и главна и одговорна уредничка на „Лице в лице“, Климентина Илијевски и контент директорот на Фокрумот на добри компании, Небојша Илијевски.
Тие остварија средба и со најпознатиот светски социјален претприемач и нобеловец, Мухамед Јунус.
„Нашите деца и внуци се двигатели кон еден свет од три нули: нулта сиромаштија, нула невработеност и нулта емисија на јаглерод. Да се подготвиме целосно да ѝ помогнеме на нашата следна генерација да ги достигне своите цели. Тоа е заложбата на овој Самит. Да направиме тоа да се случи“, порачува Јунус во дел од своето излагање.

Целиот настан е во организација на Yunus Centre и The Grameen Creative Lab, а дел од него се и претсавници на бизнис секторот.
„Време е за промена – економска, еколошка, општествена. Сведоци сме на создавање нова ера. Се менува не само автомобилската, туку сите индустрии од кои се очекува да бидат во баланс со природата, општеството и човекот“, порача Гунар Килиан, член на бордот на „Фолксваген“.
Средбата во Берлин беше одличен момоент Јунус лично да го добие изданието на „Лице в лице“, посветено на Глобалните цели за одржлив развој,  во делот поврзан со заштита на животната средина и грижа за планетата Земја.
На еден главните кавери се наоѓа фотографијата токму од него, направена во рамки на минатогодишнот Самит, кој се одржа во Волфсбург.
Инаку, во рамки на ова случување се развива и иницијативата за отворање на првиот академски Јунус центар  за социјален бизнис во Макединија, како дел од меѓународната мрежа на академските Јунус центри.

Наши партнери