Општествен развој

Граѓанско образование

Граѓанското образование и развојот на заедницата е првиот столб на делување на „Лице в лице“. Овој столб на делување на „Лице в лице“ се имплементира преку 2 активности: печатење на истоимениот уличен магазин и делување преку социјалните мрежи.  Секој нов број на уличното списание „Лице в лице“ е проследен со промотивна активност која влијае на зголемување на свеста за одредено општествено важно прашање, а од друга страна е начин за поблиско запознавање на продавачите на уличното списание со публиката. Настаните се медиумски покриени и на тој начин се промовира социјалната мисија на списанието, а се потенцира и важната улога на граѓанинот во поддршката на маргинализираните групи во општеството.

Публикувани броеви на „Лице в лице“

 

Едукативна Програма

Македонија, преку својот главен град, Скопје, се приклучи на ова светско движење во Септември 2012 година, преку уличниот магазин „Лице в лице“ чиј издавач е Паблик- асоцијацијата за истражување, комуникации и развој. Разликата од повеќето светски улични весници, е што македонското издание го продаваат и лица кои немаат егзистенцијален проблем, но,  имаат потреба од поактивно вклучување во општественото живеење.  Во таа насока, продавачи на „Лице в лице“, освен бездомни лица, младинци од улица, поранешни зависници од алкохол, самохрани мајки и други категории, се и лица со ментална и/ли физичка попреченост. Сите тие, пред вклучувањето во процесот на продажба на „Лице в лице“, поминуваат низа серија работилници, чија програма е адаптирана на нивните потреби и афинитети. Посебен акцент се става на работата со децата Роми, младинци од улица.

Едукативната програма на „Лице в лице“ е задолжителна компонента на целокупната програма во која волонтерски се вклучуваат и поединци од компании, невладин сектор и институции. Истата носи позитивен ефект врз индивидуалниот развој на поединецот, а и врз подобрување на неговите комуникациски и продажни вештини.


Едукативната програма се изведува преку:

  1. Групна работа:

Применетата методологија – ресоцијализација преку работа во групи, како корекција во социјалното однесување, има за цел да поттикне економско јакнење на економски ранливи групи граѓани, со фокус на младинци од улица и Роми со место на живеење во  една од економски најмалку развиените општини во Македонија, Шуто Оризари.

Обуките  кои ги спроведуваме  се реализираат преку  социјална контрола и рехабилитација.

„Лице в лице“ програмата е поделена на 2 модули:

  • ПРВ модул – Справување во животни ситуации (спроведуван сертифициран тренер за личен развој по методот на Џек Кенфилд) и
  • ВТОР Модул –  Нови начини на однесување (спроведуван од социјален работник , психотерапевт)
  1. Менторство на продавач на „Лице в лице“.

Менторството  како метод има за цел  зголемување на самодовербата и мотивацијата на продавачот и истовремено подобрување на неговите меки продажни способности. Преку секојдневните индивидуални средби менторот ги идентификува потребите на продавачите (социјални, интелектуални, емоционални),  набљудување како се однесуваат продавачите, како напредуваат, развој на нивната вербална и невербална комуникација,кои проблеми ги имаат.