ТИМ

Јавен повик за учество во Програмата за градење на капацитети

0
Отворен е Повик за учество во Програмата за градење на капацитети. Оваа програма се реализира во рамки на проектот „RAISE CSOs – Resilient and Inclusive Social Entrepreneurship Pathways for Youth with local grassroot in North Macedonia“. Краен рок за аплицирање е 20.06.2025 година Потребните документи се наведени во огласот во продолжение. Адреса за достава на апликации и за одговори на прашања - на мејлот: [email protected]. Повеќе информации - во продолжение:ИМЕ НА ПРОЕКТОТ: „CSOs - Резилиентни и инклузивни патеки за промовирање на социјално претприемништво помеѓу младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија“ ДОНАТОР: Европска Комисија Имплементатори: Младински Сојуз-Крушево, Асоцијација ПАБЛИК и НОВУС- Струмица ЛОКАЦИЈА: Република Северна Македонија ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ Цел на проектот:  Подобрување социо-економската интеграција на младите преку промоција на социјалното претприемништво. Проектот е финансиран во рамките на “Поддршка на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА Програмата за граѓанско општество 2022-2023 година“.Основната цел е да се зајакнат локалните граѓански организации низ осумте плански региони во Северна Македонија, овозможувајќи им активно да придонесуваат за социо-економскиот развој преку зајакнување на нивните способности за промовирање и негување на социјалните претпријатија предводени од младите. Овие претпријатија имаат за цел да ги зголемат економските можности за поединци кои се далеку од пазарот на труд. ОТВОРЕН ПОВИК Ве охрабруваме да се пријавите за учество во Програмата за градење на капацитети, која е наменета за јакнење на капацитетите на граѓанските организации и нивната улога во создавањето позитивни општествени промени. Програмата ќе се фокусира на клучни области како што се младинско претприемништво, социјални иновации и вработување на маргинализирани групи. Овој повик е затворен и важи само за граѓански организации кои го имаат договорено прашалникот за самооценување, достапен на следниов линк: https://raiseyouth.mk/assessment-tool-1/ Програмата е внимателно осмислена за да ги поддржи организациите кои делуваат на локално и национално ниво во Република Северна Македонија, со цел да ги унапредат нивните капацитети преку работа на три меѓусебно поврзани и општествено значајни теми. Учесниците ќе добијат обуки кои ќе им помогнат да ги надградат своите интерни капацитети, да ги подобрат програмските и организациските перформанси и да иницираат нови, заеднички иницијативи. Програмата ќе обезбеди вмрежување, меѓусекторска соработка и менторска поддршка од искусни организации. Дополнително, организациите кои ќе учествуваат во процесот ќе имаат можност за субгрантирање. Оваа иницијатива е наменета за организации кои имаат амбиција и подготвеност да го унапредат своето делување, да ја прошират својата мисија и да делуваат како двигатели на промени во своите заедници. За програмата: Програмата за градење на капацитети се реализира во рамки на проектот “RAISE CSOs – Resilient and Inclusive Social Entrepreneurship Pathways for Youth with local grassroot in North Macedonia”, финансиран од Европската Унија, како  иницијатива која има за цел јакнење на граѓанскиот сектор преку стратешка поддршка на организациите во земјата, особено грас рут организации и оние кои работат со млади, маргинализирани заедници и во области како социјални иновации и локален развој. Оваа компонента има за цел да поттикне активна вклученост на организациите преку зајакнување на нивните интерни ресурси и вештини, градење на мрежи на соработка, како и поддршка на нивните капацитети за спроведување влијателни активности на локално и национално ниво. Опис на програмата Програмата за градење на капацитети е дизајнирана како сеопфатна и практично ориентирана едукативна интервенција, која има за цел да ги поддржи граѓанските организации во развојот на клучни знаења, вештини и алатки за поефикасно и поодржливо дејствување во своите заедници. Таа се состои од три меѓусебно поврзани модули, секој посветен на тема со висок социјален и развоен приоритет: Модул 1 - Младинско претприемништвоФокусот е ставен на развој на претприемнички компетенции кај младите, инкубирање на идеи и иницијативи водени од млади, како и зајакнување на улогата на граѓанските организации како поддржувачи и катализатори на младинската економска мобилизација.Модулот ќе ги опфати темите: иновативни бизнис-модели, пристап до финансии, менторство, локални екосистеми на поддршка и политики за младинско претприемништво. Обуката за модул 1 ќе се одржи во Крушево од 30.06.2025 - 02.07.2025 Модул 2 - Социјални иновацииОвој модул има за цел да ги поддржи организациите во креирање и имплементација на иновативни решенија за комплексни општествени предизвици преку пристапи кои комбинираат технологија, заедничко делување и инклузивност.Теми ќе вклучуваат: дизајн размислување, ко-креирање со заедницата, модели на одржливост, мерење на општествено влијание и практични примери на социјални иновации. Обуката за модул 2 ќе се одржи во Струга од 14.07.2025 - 20.07.2025 Модул 3 - Вработување на маргинализирани групиНасочен кон развој на пристапи и алатки за подобрување на можностите за вработување и економска инклузија на ранливи групи, со акцент на локално вмрежување, интерсекторска соработка и родова/социјална еднаквост. Модулот ќе опфати: политики за инклузивно вработување, социјално претприемништво, развој на вештини, јавно-приватни партнерства и модели на поддржани вработувања. Обуката за модул 3 ќе се одржи во Струмица неделата од 21.07.2025 - 27.07.2025 Структура на учесници и имплементација Секоја група од учесници ќе помине низ сите три модули.Вкупно ќе бидат опфатени 3 групи, секоја со 32 учесници, по најмалку 4 организации од секој плански регион. Обуките ќе се спроведуваат од страна на три партнерски организации, секоја специјализирана за една од тематските области. Со тоа се овозможува висок квалитет на содржината, како и практична експертиза и пристапи засновани на искуство од теренот. Критериуми за учество За да бидат земени предвид за учество во програмата, граѓанските организации треба да ги исполнат следниве основни и селекциски критериуми, кои се однесуваат на нивната релевантност, капацитет и подготвеност за активно вклучување во процесот: Пополнета самооценка (Self-assessment Tool)Учесничките организации задолжително треба претходно да ја имаат пополнето алатката за самоевалуација, која служи како основа за идентификување на организациските потреби, предизвици и приоритети. Оваа алатка е клучен елемент во процесот на селекција и дизајнирање на персонализирана поддршка. Регистрирани како граѓански организацииПраво на учество имаат само формално регистрирани здруженија на граѓани или фондации, согласно националната легислатива. Организациите треба да поседуваат валидна документација за својата регистрација и тековно дејствување. Активно работење во релевантни областиОрганизациите треба да имаат докажано искуство или тековни активности во една или повеќе од следниве области: работа со млади и младинско учество; поддршка на маргинализирани/ранливи заедници; иновации во социјалната сфера или локален развој.* Пожелно е да приложат краток опис на релевантни проекти, иницијативи или резултати. Номинација на претставник за учествоОрганизациите треба да номинираат еден (1) претставник, кој ќе биде активно вклучен во целиот процес и ќе присуствува на сите три модули. Претставникот треба да има можност и мандат да придонесува кон развојот на организацијата и да пренесува знаења во тимот.* Станува збор за лице со искуство во програмско/проектно менаџирање, развој на заедници или организациски развој.  Подготвеност за мултиплицирање на знаењатаОрганизациите треба да покажат јасна подготвеност и капацитет за внатрешно пренесување на стекнатите знаења, преку вклучување на други членови, организирање на интерни обуки, споделување на материјали или иницирање локални активности.* Организациите со план за интерна мултипликација и заедничка примена на знаењата во локалниот контекст ќе имаат предност при селекција. Што обезбедува програмата? Програмата за градење капацитети е осмислена со цел да обезбеди сеопфатна поддршка за учесниците и нивните организации, не само преку квалитетни едукативни содржини, туку и преку логистичка, менторска и мрежна поддршка. Секоја селектирана организација и нејзиниот претставник ќе имаат пристап до следниве бенефиции: Целосно покриени трошоци за учество Програмата ги покрива сите релевантни трошоци за учество во трите модули, вклучително: Трошоци за патување до и од локацијата на одржување; Обезбеден сместување и храна за време на обуките; Работни материјали, прирачници и алатки за учење.* На учесниците не им се потребни никакви сопствени средства за учество – сè е обезбедено од организаторите. Сертификат за успешно завршена програма По успешно завршување на трите модули и активна вклученост во сите активности, секој учесник ќе добие официјален сертификат кој ја потврдува неговата/нејзината компетентност во тематските области.* Сертификатот може да се користи како референца во идни апликации, проекти и партнерства. Можности за вмрежување и меѓусекторска соработка Програмата ќе вклучи организации од сите осум плански региони, овозможувајќи: Креирање на контакти со организации со слична мисија и визија; Размена на искуства и добри практики; Поттикнување на идни партнерства за заеднички проекти; Градење на неформална мрежа на активни чинители на позитивни општествени промени. Пристап до менторска поддршка и практични ресурси Учесниците ќе добијат пристап до: Ментори и експерти од областа на младински развој, претприемништво, иновации и вработување; Специјално креирани обучувачки ресурси и алатки; Поддршка при примена на стекнатите знаења во контекстот на нивната организација или заедница.* Овој пристап ќе помогне организациите да направат реални и одржливи промени во своето дејствување. Пријавување Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите, треба да испрата мејл со номинација на претставник и ЦВ од истиот од својата организација на [email protected] Краен рок за пријавување:  Дополнителни информации: За повеќе информации во врска со програмата или процесот на аплицирање, контактирајте нè на: [email protected] или на +389 72 809 444

Повик за експерт за инклузивна корпоративна култура

0
Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, објавува повик за ангажирање Експерт за инклузивна корпоративна култура во рамките на проектот „Промоција на социјалното менторство како интерсекторски партнерски пристап за промоција на вработувањето на ранливи групи".Условите за аплицирање се достапни на линкот од Повикот.Заинтересираните кандидати да ја испратат својата финансиска понуда со бруто цена по ден и CV на англиски или македонски јазик до 3 јуни 2025 година на [email protected] со наслов "Application for Inclusive Corporate Culture Expert". photo: Freepik

Повик за изразување интерес за индивидуални консултантски услуги

0
Во име на Проектот за подобрување на социјалните услуги во Република Северна Македонија (ППСУ), Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „ПАБЛИК“ го спроведува проектот „Социјално менторство за активација на корисници на гарантирана минимална помош во Република Северна Македонија“. Целта на проектот е активација на пазарот на трудот/вработување на ранливи лица- корисници на гарантирана мининална помош. Вработувањето се смета како клучна алка и најефективниот пристап во борбата против сиромаштијата и социјалната исклученост. Сепак, одредени категории на граѓани се соочуваат со тешкотии во пристапот до отворениот пазар на труд, како и во задржувањето на работните места.За таа цел, во рамките на овој повик, ќе бидат селектирани  10-20 социјални ментори од целата територија на Република Северна Македонија од кои се очекува да менторираат најмногу 12 корисници на гарантирана мининална помош, во зависност од нивната достапност и времето што можат да го издвојат за ваков тип на ангажман.Повеќе детали за Повикот - на линкот. Заинтересираните кандидати да испратат свое CV и писмо за интерес најдоцна до 16 мај 2025 година, на [email protected], со назнака: Апликација за социјален ментор- ГМП корисници. Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју и информирани за конечната одлука.

Повик за ангажирање соработничка/соработник за социјални мрежи и дигитални содржини за „Лице в лице“

0
Здружението на граѓани за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, за потребите на постоечки активности на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, кои се однесуваат на темата „Известување за дигитални права и слободи“, има потреба од ангажирање на соработничка/соработник за социјални мрежи и дигитални содржини. Опис на ангажманотСоработникот/соработничката за социјални мрежи и дигитални содржини кој/а ќе биде вклучен/а во овие активности ќе го предводи создавањето содржини за веб платформата на „Лице в лице“, како и за различните профили на социјални мрежи на медиумот, промовирање на свеста за прашањата за дигиталните права и ангажирање на пошироката јавност.Ангажманот треба да биде во перидот од април до септември 2025 година. Ангажираното лице се очекува да посвети 50% од работното време месечно на проектот.Повеќе информации на линкот од Повикот.

Повик за учество и соработка во рамки на „Форум на добри компании 2025“

0
Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, во партнерство со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), ве поканува да се приклучите на Форумот „Companies doing good“, кој ќе се одржи на 8 мај 2025 година во Скопје, Република Северна Македонија. Форумот е дел од проектот „Промоција на социјалното менторство како меѓусекторски партнерски пристап за промоција на вработување на маргинализирани групи“, кој има за цел да ги поддржи начините за вработување на ранливи групи преку иновативни пристапи како што е социјалното менторство. Настанот ќе собере над 100 учесници во живо и дополнителни учесници онлајн, вклучувајќи претставници од бизнис, јавни институции, невладини организации и меѓународни партнери. Позиции за кои се бараат кандидати: Асистент за координација на настани Провајдер на услуги за дигитален маркетинг, брендирање и комуникации Провајдер на услуги за изработка на веб страница Клучни активности: Планирање и организирање на форумот Дигитален маркетинг и промоција на настанот Развој и одржување на веб страница за форумот Краен рок за аплицирање: 27 февруари 2025 Повеќе на ЛИНКОТ Пријавете се и бидете дел од промената!

Повик за ангажирање новинар(к)и за „Лице в лице“

0
Здружението на граѓани за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, за потребите на постоечки активности на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, кои се однесуваат на темата „Известување за дигитални права и слободи“, има потреба од ангажирање на новинар(к)и кои ќе изработат аналитичко-истражувачки содржини. Новинарите кои ќе бидат вклучени во овие активности ќе имаат задача да продуцираатистражувачко-аналитички стории со кои ќе се документира кршењето на дигиталните права во земјава и ќе се идентификуваат институционалните неуспеси. Во овие содржини, посебен акцент ќе биде ставен на решенија во насока на обезбедување препораки за политики за подобрување на заштитата на дигиталните права. Сториите треба да бидат објавени во перидот од април до јули 2025 година. Се очекува новинарите да бидат ангажирани вкупно 15 дена во периодот од март 2025 до јули 2025.Точниот период на ангажманот ќе биде дефиниран во договор за дело.Понудата треба да се достави електронски, на е-маил адресата: [email protected], најдоцна до 13.02.2025 година, до крајот на денот.Повеќе детали на линкот од Повикот. Фотографија: Freepik

Барање понуди за илустрации и дизајн на списание „Лице в лице“

0
Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, за потребите на проектите (1) „Промовирање на социјалното менторство како пристап на меѓусекторско партнерство за промоција на вработување на обесправените групи“, (2) „Лице в лице дурбин - медиумски активизам преку креирање приказни кои прават промена“ како и (3) Инклузивни наративи: Проширување на хоризонтите со уличното списание „Лице в лице“, објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти и заинтересирани физички лица, да поднесат понуди со следните содржински спецификации: Набавувач на услуги: Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“ – Скопје со седиште на ул. Орце Николов 93/5 во Скопје.Предмет на барањето: Барање за илустрации и дизајн на списанието „Лице в лице“Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги. Понудата треба да е во бруто износ во македонски денари за правните субјекти и нето износ за физички лица. За таа цел би ве замолиле да ни доставите неколку понуди за илустрации и дизајн на списание со следниве спецификации:Понуда 1 Фoрмат - А4 Страни 48 страни внатре + 4 корица Печат 4/4 фул колор Понуда 2 Фoрмат - А 4 Страни 72 страни внатре + 4 корица Печат 4/4 фул колор Вашите понуди доставете ги најдоцна до 30.12.2024 (петок) на следните мејл адреси: [email protected] и [email protected] Photo: Freepik

Избор на специјалист за прилагодување на методологија

0
Во рамки на проектот „CSOs - Резилиентни и инклузивни патеки за промовирање на социјално претприемништво помеѓу младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија“, во тек е Повик за избор на на специјалист за прилагодување на методологија.Улогата на експертот за прилагодување на методологијата е да учествува во развивањето на делови од образовен курикулум што се однесува на: 1) пракса за развој на системи и воспоставување на организација на учење, следејќи ги методологиите воспоставени од Универзитетот во Масачусетс; и 2) Вработување на маргинализирани групи, со фокус на младите, врз основа на програмата за социјално менторство, верификувана од Центарот за образование на возрасни, што ја разви и ја спроведува Здружението ПАБЛИК на национално и регионално ниво.Повеќе детали за Повикот - на линкот. Photo: Freepik

Повик за апликации за ИТ поддршка

0
Повик за апликации за давател на услуги за континуирано одржување и ИТ поддршка на редизајнирана веб страница (БЛ.3.2.1) на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ Овој повик се состои од активност која се однесува на овозможување континуирано одржување и ИТ техничка поддршка на редизајнирана веб платформа. Цел и главни задачиГлавните задачи на избраниот понудувач се однесуваат на одржување, безбедност и сигурност на веб-страницата: SSL сертификат за безбедно прелистување Заштита од сајбер напади и редовно ажурирање на безбедносните протоколи Овозожување редовен бекап и надградба на плагин решенија Лесен систем за управување со содржина за администраторите (WordPress) Следење статистики и анализа на посетителиМеѓу главните задачи, е и овозможување на континуитет на техничка поддршка и друг типна ИТ поддршка која е наменета за одржување на платформата licevlice.mk, како иподдршка по потреба, која се однесува на: Администрација на веб страната: менување на постоечки елементи и поставувањебанери; Администрација на продавница во склоп на веб сајт: поставување нови производи на вебпродавницата, поставување нови продавници на нови продавачи; Промени во постоечка страница: Промени во структура на веб сајт, нови елементи,промена на бои, поставување нови копчиња; Поставување нови страни во рамки на сајтот – на пример, нови лендинг страни заодредени содржини, кампањи, прозиводи, настани – по потреба; Времетраење на испораката и на договоротЗадачата е планирано да започне од 28.08.2024 година и да заврши до 28.02.2025 година. Услови на плаќањеИсплатата се врши етапно, во договор со понудувачот.Паблик го задржува правото да го задржи целото или дел од плаќањето доколку изведбатае незадоволителна, ако работата/крајните резултати се нецелосни, не се испорачани какошто се побарани, или пак, поради неисполнување на роковите. Потребни квалификации, искуство и други барања за давателот на услугатаДавателот на услугата ќе треба да ги има следните квалификации и искуство: најмалку 5 годишно искуство во одржување и техничка поддршка на веб-странициизградени на WordPress платформа; најмалку 5 годишно искуство во одржување и техничка поддршка на e-комерц сајтови. вештини за управување со проекти и способност за работа според тесни временскирамки; искуство во работа со клиенти и способност за разбирање и претворање на нивнитепотреби во функционални решенија; способност за комуникација и соработка со различни тимови; флексибилност и адаптибилност за справување со променливи барања и услови; креативност и иновативност во решавање на дизајнерски и технички предизвици; посветеност на квалитет и внимание на детали. Улоги и одговорностиПроектниот тим на „Паблик“ ќе соработува со давателот на услугата и ќе ги обезбеди ситепотребни податоци, инпути и сугестии.Давателот на услугата ќе биде одговорен за навременото испорачување на задачитеопишани во точка 2 од овој документ. Критериуми за евалуацијаЗа оценување на пристигнатите апликации ќе се користи кумулативна анализа.Критериумите за евалуација се поделени помеѓу технички и финансиски и ќе се оценуваатна следниов начин: 60 % технички критериуми (релевантно искуство и квалификации според повикот) 40 % финансиска понуда Постапка за аплицирањеЗаинтересираните даватели на услугата треба да испратат: Портфолио и/или CV на давателот на услугата;Финансиска понуда во македонски денари со вклучени вкупни трошоци, со ДДВ. Апликацијата треба да се испрати по мејл на: [email protected] и на [email protected] најдоцна до 05.08.2024 година до 16.00 часот, со назнака Апликација за повик за одржување на редизајниран веб сајт.За конечната одлука ќе бидат известени само избраните понудувачи.„Паблик“ го задржува правото да одбере понудувач, но, и да не одбере ниту една од апликациите кои ќе ги добие доколку не ги исполнуваат горенаведените критериуми. Целиот повик - на линкотФото: Freepik

Китијана Бодинаку, менторка за вработување: Активното слушање и емпатија се клучни за успех

0
НИЗ ПРИЗМА НА МЕНТОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Китијана Бодинаку е сертифицирана менторка за вработување од Албанија која оваа година ја помина верификуваната едукативна програма на „Паблик“. Таа е  одличен пример за тоа како еден ментор прави значителна разлика во животот на своите менторирани лица, поттикнувајќи ги да ги надминат и емоционалните и професионалните предизвици.(Интервјуто е објавено на Платформата за одржлив развој, „Лице в лице“) Анета РистескаКои се клучните карактеристики што еден успешен ментор треба да ги поседува за да обезбеди ефективна поддршка и водство? Успешен социјален ментор треба искрено да се ангажира во запознавање на лицето што ќе го менторира. Ова вклучува разбирање на неговите интереси, предности и слабости. Му овозможува на менторот да обезбеди добро информирано и приспособено (tailor-made)  водство, наместо да нуди универзално решение (one size fits all). Исто така, за силна менторска релација важно е да постои емпатија, активно слушање и трпение. Дополнително, позитивниот став и ефективните комуникациски вештини можат подлабоко да ја зголемат способноста за поддршка и инспирација на менторираното лице. Кои се најчестите предизвици со кои се соочуваат лицата што ги менторирате, и каква поддршка им обезбедувате за да ги надминат? Еден од најчестите предизвици е надминувањето на недостатокот на самодоверба и самопочит, особено за оние кои доживеале траума или значителни неуспеси. За да го решам ова, обезбедувам поддржувачка и некритична средина каде што можат да ги изразат своите стравови и несигурности. Преку активно слушање и позитивно зајакнување, целта ми е да им помогнам да изградат самодоверба и да развијат попозитивна слика за себе. Социјалната изолација е уште еден доминантен предизвик. Лицата со кои сум работела биле отсечени од поддржувачките мрежи и се мачеле со градење нови, здрави односи. Практичните предизвици како недостаток на образование, ограничено работно искуство и финансиска нестабилност, исто така, се значајни. Се стремам да дадам поддршка менторираните лица  сами да ги идентификуваат и да пристапат до ресурси за понатамошно образование и обука, како курсеви и работилници. Поддршката во развој на вештини за барање работа—како пишување CV мотивациони писма, подготовка за интервјуа и мрежно поврзување—е уште еден клучен апект на мојата заложба и поддршка. За оние што се соочуваат со финансиски тешкотии, ги водам низ процесот на аплицирање за социјални услуги и програми за поддршка, како помош за домување и грижа за деца, што може да ги олесни некои од непосредните притисоци. Со решавање на овие практични потреби, менторираните лица можат повеќе да се фокусираат на своите долгорочни цели и развој. Можете ли да споделите успешна приказна од вашето искуство како менторка? Приказна која, помеѓу фазите „пред“ и „после“, вклучува многу предизвици и на крај резултира со многу позитивни промени. Меѓу најинспиративните успешни приказни од моето искуство како менторка влегува сторијата на Е.С., жена која покажа неверојатна издржливост и решителност пред многубројни предизвици. Е.С. се обидуваше да го изгради својот живот одново по преживувањето на семејно насилство и социјална изолација за време на нејзиниот брак. Со пет деца за кои треба да се грижи и без претходно работно искуство, таа се соочуваше со тежок пат. Мораше да се справи со сложени правни проблеми, од разводот до обезбедување на старателство над ндецата, и сето тоа додека бараше ново место за живеење откако ѝ се оштети куќата земјотрес. Со само основно образование и без професионални вештини, таа започна со часови за готвење за да стекне некаква форма на квалификација. Нејзиниот непосреден фокус беше да најде привремени работни можности за да ги ублажи своите финансиски потешкотии. Иако овие работни места беа краткотрајни, тие ѝ обезбедија вредно искуство. Ја поддржував Е.С. во процесот на аплицирање за социјално домување и решавање на нејзините правни прашања со нејзиниот поранешен маж, осигурувајќи се дека се чувствува безбедно и сигурно. Е.С. покажа извонредна посветеност и издржливост. И покрај бројните неуспеси, никогаш не се откажа. Денес, таа има целосно старателство над своите деца и редовна работа во слаткарница. Иако нејзините финансии сè уште се во процес на напредок, нејзиното патување е обележано со постојани, позитивни промени. Приказната на Е.С. е сведоштво за силата на решителноста и влијанието на поддржувачката менторска врска. Нејзиниот напредок, е постепен и е насочен кон подобро, одразувајќи ја нејзината неуморна посветеност на создавање подобар живот за себе и своето семејство. Беше привилегија да се биде сведок на нејзината трансформација и да ја поддржувам низ овие предизвикувачки времиња. Кои стратегии ги користите за да ги охрабрите менторираните да прифатат различни можности за развој, како дополнителна едукација или професионална поддршка? Поттикнувањето на менторираните лица да прифатат можности за развој вклучува неколку стратегии приспособени на нивните индивидуални аспирации и околности. Прво, го нагласувам значењето на континуираното учење и раст преку дискутирање на придобивките од дополнителното образование или професионална поддршка за постигнување на долгорочни кариерни цели. Активно ги слушам нивните грижи и очекувања, осигурувајќи се дека секоја предложена можност е усогласена со нивните интереси и амбиции.Обезбедувам персонализирано водство и ресурси, како препорачување релевантни курсеви, сертификати или работилници кои можат да ги подобрат нивните вештини и квалификации. Со истакнување на тоа како ова можае да придонесе за нивниот професионален развој и успех, ги мотивирам да преземат проактивни чекори. Важно е и значењето на целосната посветеност и вистинскиот интерес за личен и професионален раст. Развојот не може да биде присилен, потребно е менторираното лице да биде вклучено и целосно ангажирано во процесот.Поттикнувам отворени дискусии за да го проценам нивото на подготвеност и ентузијазам, прилагодувајќи го мојот пристап соодветно. Конечно, обезбедувам континуирана поддршка и охрабрување низ нивното патување, славејќи ги достигнувањата и успесите, давајќи конструктивен фидбек за да ги одржувам мотивирани. Кои се најголемите придобивки за компаниите кои одлучуваат да вработат лица кои поминале низ програмата за менторство за вработување? Менторираните обично се посамосвесни и мотивирани. Преку процесот на менторство, многумина развиваат силно чувство за цел и насока. Оваа фокусираност и посветеност се особено очигледни кај лица како Е.С., која и покрај значајните лични и правни предизвици, покажа непоколеблива посветеност на подобрување на својот живот и обезбедување стабилна работа. Таквата решителност често се претвора во високи нивоа на мотивација и ангажираност на работното место.Исто така, тие ги подобруваат своите вештини за решавање проблеми и адаптибилност. Различните пречки кои ги надминале им помагаат да се опремат со способноста ефикасно да навигираат низ сложени и променливи околности. На пример, патувањето на Е.С. вклучуваше обезбедување домување, управување со правни битки и добивање работа со полно работно време — сите овие бараа значителна издржливост и адаптибилност. Понатаму, менторираните можат да донесат подобрени интерперсонални и комуникациски вештини. Програмата за менторство го нагласува значењето на активното слушање, емпатијата и ефективната комуникација. Овие вештини не само што им помагаат лесно да се интегрираат во тимовите, туку и да го поттикнуваат позитивното и соработувачко работно опкружување. Тие често се вешти во градењето односи, и внатре во компанијата и со клиентите, што може да ги подобри тимската динамика и задоволството на клиентите.Компаниите, исто така, имаат придобивки од различните перспективи и иновативни решенија кои менторираните можат да ги понудат. Имајќи поминато низ уникатни и често предизвикувачки искуства, овие лица можат да донесат свежи идеи и поинаква гледна точка во решавањето на проблемите и извршувањето на проекти. Нивните искуства можат да придонесат за поинклузивна работна култура, промовирајќи различност и креативност.Вработувањето на лица од менторски програми може да ја подобри репутацијата на компанијата. Тој чекор демонстрира посветеност и општествена одговорност и поддршка на заедницата, што може да привлече слично мислечки таленти и клиенти. Ја позиционира компанијата како посакуван работодавач, посветен на поттикнување раст и обезбедување можности за оние кои се соочиле со значајни предизвици. Photo: GADC