ПРОГРАМА ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА РАБОТНА ТЕМА МОДЕЛИ НА МЕНТОРИРАЊЕ И СОВЕТУВАЊЕ НА ЛИЦА ЗА РАБОТНА ИНТЕГРАЦИЈА
1. Предложена од Мариа Доневска, Проф. Д-р и Радмила Живановиќ, лиценциран психолог-психотерапевт и кариерен советник
2. Предуслови Основни теоретски и терминолошки познавања во процес на советување и насочување и процес на комуникација.
3. Цели на програмата ·         Запознавање и разбирање на улогата и компетенциите на социјалниот ментор, популацијата од интерес, моделите на социјално менторирање, техники и пристапи при менторирањето, запознавање со процесот на супервизија при социјалното менторирање;

·         Примена на знаењето преку сопственото искуство и рефлексија во групата;

·         Анализа на аспектите и елементите на улогата на социјалниот ментор, процесот на менторирање и супервизијата;

·         Евалуација, процена и  приоритизација на компетенциите на социјалниот ментор и неговиот пристап во работа со менторирано лице;

·         Креирање на сопствени сфаќања како и најсоодветни пристапи во социјалното менторирање;

·         Толување на улоги на учесници во процесот на менторирање  за работна интеграција и комуникациска шема на учесниците  во системот на социјална заштита.

4. Содржина на програмата Програмата за процес на социјално менторирање и супервизија овозможува теоретски и практичен пристап кон улогата и значењето на социјалниот ментор, неговите компетенции и вештини, етичкото однесување во релација со менторираното лице. Нуди истражување на спецификите на популацијата од интерес и дава предлози за можни модели на социјално менторирање со практични техники и насоки на изведба. Програмата нуди практичен и апликативен аспект на теоретските познавања досега од областа на професионалното насочување, раст и развој, нуди релациска перспектива и ги согледува сличностите и разликите на менторирањето во однос на другите процес на нудење помош и поддршка. Програмата се осврнува и на значајноста на процесот на супервизија на социјалните ментори, поради специфичноста на популацијата со која работат. Овозможува многу апликативни вежби на откривање на професионалниот став и знаење за позицијата и нејзината примена во процесот на менторирање преку искуствено и рефлективно учење.

Подтемите кои содржината ги опфаќа се следниве:

1.       Запознавање на улогата на социјален ментор

2.       Компетенции на социјален ментор

3.       Етички кодекс на однесување

4.       Модели на социјално менторирање

5.       Супервизија во социјалното менторирање

5. Методи на учење Учење преку сопствено искуство. Учење преку само-рефлективно. Учење со примена на апликативни искуствени активности на поединецот и групата на ментори. Учење насочено на менторот. Учење кои подразбира познавање на позицијата и сутацијата на делување. Учење со системски пристап.
6. Вкупен број на часови 22 часа
7. Начин на оценување и проверка на знаење Проверката на знаење ќе се состои во изработување на студија на случај и презентација на студијата.
8. Литература Задолжителна:

APA (2006) Introduction to mentoring- A Guide for mentors and mentees.

Clutterberg David (2004) Everyone needs a mentor, CIPD Enterprises.

Dawson, P. (2014) “Beyond a Definition Toward a Framework for Designing and Specyfying Mentoring Models”, Educational Resarcher, Vol 3.

Hay Julie (2007) Reflective Practice and Supervision for Coaches, Open University Press.

Marshall D. Alyssa (2017) mentor- mentee Match in workplace mentoring relationships, MSc thesis.

Wilson Carol (2007) Best Practice in Performance Coaching: A handbook for leaders, coaches, HR professionals and organizations, Kogan page Limited.

Илијевски, К., Мојанчевска, К. и Доневска, М. (2019) Водич за социјално менторство при работна интеграција, Скопје: Паблик.

Центар за управување промени (2016) Менторство и компетенции: Воведување компетенции во работењето на државната администрација, Скопје: ЦУП.

 

Дополнителна:

Harris A. Thomas (2004) I am OK- You are OK, Harper Collins Books.

Broman L. Clifford et all. (2001) Stress and Distress among the Unemployed: Hard Times and Vulnerable people, Springer Science Springer Science+Business Media.

Rokicki and Associates (1999) Водич за учење на професионалци за развој на работна сила во рамките на Меѓународната програма за обука на советници за кариера.

Sapolsky Robert (2005) Sick of Poverty, Scientific American.

European commisiion (2014) Facing the Crisis- The coping strategies for unemployed people in Europe.

Dryden W. and Thorne B. (eds) (1991) (Training and Supervision for counseling in action, Sage Publication.

 

Претходни објави (Previous article)Подготовка на процесот за менторирање
Следни објави (Next article)„Паблик“ – учесник на Европскиот Самит за социјална економија: Перспективи за развој и соработка во Југоисточна Европа