Здружението ПАБЛИК – Скопје објавува повик за соработници во рамки на проектот „Лице в лице со интегритетот – Мобилизирање на граѓаните и медиумите за политички интегритет во Северна Македонија“. Проектот се спроведува како подгрант на Транспаренси Интернационал Македонија, во рамките на регионалната иницијатива „Integrity Watch во Западен Балкан и Турција“, поддржана од Европската унија.

Целта на проектот е да ги приближи податоците за корупција до граѓаните преку креативни и пристапни онлајн содржини, да ја зголеми јавната свест за политичкиот интегритет и да мобилизира млади, жени, малцинства и маргинализирани групи во барањето транспарентност и одговорност.

Во рамки на проектот, потребни се соработници кои ќе работат на:

  • изработка на креативни мултимедијални материјали и инклузивна кампања на социјалните мрежи;
  • уредување новинарски стории, интервјуа и содржини базирани на партиципативно раскажување приказни од граѓани.

    Апликациите се доставуваат на: [email protected] најдоцна до 28.11.2025 година, до крајот на денот, со назнака за која позиција се аплицира.

    Повеќе детали, на овој линк.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here