Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, за потребите на проектите:
1. „Промовирање на социјалното менторство како пристап на меѓусекторско партнерство за промоција на вработување на обесправените групи“,
2. „Лице в лице дурбин – медиумски активизам преку креирање приказни кои прават промена“
како и
3. Инклузивни наративи: проектот Проширување на хоризонтите со уличното списание „Лице в лице“

објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

Набавувач на услуги: Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“  – Скопје со седиште на ул. Орце Николов 93/5 во Скопје.

Предмет на барањето: Барање за прибирање на понуди за печатење на списанието „Лице в лице“

Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги.

За таа цел би ве замолиле да ни доставите понуди за печатење на списание со следниве спецификации:

Понуда 1

  • ФoрматА 4
  • Страни 48 страни внатре + 4 корица
  • Печат 4/4 фул колор  
  • Хартија рециклирана
  • Тираж  3.000, 5.000, 7.500, 9.500, 10.000 примерока
  • Понуда за 70 грамска сјајна за внатрешни страни и корица 170 грамска

Понуда 2

  • ФoрматА 4
  • Страни 72 страни внатре + 4 корица
  • Печат 4/4 фул колор  
  • Хартија рециклирана
  • Тираж  3.000, 5.000, 7.500, 9.500, 10.000 примерока
  • Понуда за 70 грамска сјајна за внатрешни страни и корица 170 грамска

Вашите понуди доставете ги најдоцна до 04.12.2024 (среда) на следните мејл адреси: [email protected] и [email protected]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here