Здружението на граѓани за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, за потребите на постоечки активности на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, кои се однесуваат на темата „Известување за дигитални права и слободи“, има потреба од ангажирање на новинар(к)и кои ќе изработат аналитичко-истражувачки содржини.
Новинарите кои ќе бидат вклучени во овие активности ќе имаат задача да продуцираатистражувачко-аналитички стории со кои ќе се документира кршењето на дигиталните права во земјава и ќе се идентификуваат институционалните неуспеси. Во овие содржини, посебен акцент ќе биде ставен на решенија во насока на обезбедување препораки за политики за подобрување на заштитата на дигиталните права.
Сториите треба да бидат објавени во перидот од април до јули 2025 година. Се очекува новинарите да бидат ангажирани вкупно 15 дена во периодот од март 2025 до јули 2025.
Точниот период на ангажманот ќе биде дефиниран во договор за дело.
Понудата треба да се достави електронски, на е-маил адресата: [email protected], најдоцна до 13.02.2025 година, до крајот на денот.
Повеќе детали на линкот од Повикот.
Фотографија: Freepik