Асоцијацијата Паблик од Скопје, за потребите на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ го спроведува проектот „People of Change“, финансиран од Европската унија, во рамки на програмата Innovation. Media. Minds: EU Support to Public Service Journalism in the Western Balkans, имплементирана од Goethe-Institut и DW Akademie.
Проектот има за цел да ја зголеми видливоста и инклузивноста на ранливите групи преку современо етичко новинарство. Ќе се изработат 10 видео и мултимедијални стории во Северна Македонија и Војводина, со видео, фотографии, дизајн, илустрации, анимации, кои ќе бидат емитувани на јавните сервиси во Северна Македонија – МРТВ, во Војводина – РТВ и во Босна и Херцеговина – БХРТ, како и на дигиталните канали на „Лице в лице“ – на веб и социјалните мрежи. Планирано е и издавање на еден дигитален графички продукт – стрип, кој ќе ги интегрира носечките елементи од 10-те видео приказни.
За потребите на проектот објавуваме оглас за следните позиции:
- Новинар/и – 10 мултимедијални стории
- Уредник и ментор
- Камера/Видеографер
- Видео монтажер – 10 видеа, 30 рилови, 1 long-form
- Аниматор – Intro + outro анимации
- Фотограф – 10 фото-стории
- Дизајнер – визуелен идентитет, илустрации, графики
- Соработник за дигитални и социјални медиуми
- Илустратор и автор за еден графички журнал
- Преведувач и лектор – преводи и лектури од/на македонски, српски и други малцински јазици
- Соработник за формати за пристапност
Сите улоги бараат тимска работа, етички пристап кон ранливи групи и создавање визуелно и содржински богати приказни во продукција на „Лице в лице“.
Заинтересираните кандидати треба да испратат:
– CV со соодветно искуство
– Портфолио (линкови до видеа, стории, фотографии, дизајн, илустрација, анимација итн.)
– Бруто финансиска понуда, со јасно наведена цена по производ по деливерабл (пример: цена по видео, по фото-сторија итн.)
Кандидатите може да аплицираат за повеќе позиции, но мора јасно да наведат за кои и да достават одделни финансиски понуди по позиција.
Рокот за аплицирање е 10.12.2025 до 16 часот.
Сите детали се на фајлот на овој линк.


