Здружението ПАБЛИК – Скопје објавува повик за соработници во рамки на проектот „Лице в лице со интегритетот – Мобилизирање на граѓаните и медиумите за политички интегритет во Северна Македонија“. Проектот се спроведува како подгрант на Транспаренси Интернационал Македонија, во рамките на регионалната иницијатива „Integrity Watch во Западен Балкан и Турција“, поддржана од Европската унија.
Целта на проектот е да ги приближи податоците за корупција до граѓаните преку креативни и пристапни онлајн содржини, да ја зголеми јавната свест за политичкиот интегритет и да мобилизира млади, жени, малцинства и маргинализирани групи во барањето транспарентност и одговорност.
Во рамки на проектот, потребни се соработници кои ќе работат на:
- изработка на креативни мултимедијални материјали и инклузивна кампања на социјалните мрежи;
- уредување новинарски стории, интервјуа и содржини базирани на партиципативно раскажување приказни од граѓани.
Апликациите се доставуваат на: [email protected] најдоцна до 28.11.2025 година, до крајот на денот, со назнака за која позиција се аплицира.
Повеќе детали, на овој линк.


