Во рамки на проектот „CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за промовирање на социјално претприемништво помеѓу младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија“, во тек е Повик за избор на на специјалист за прилагодување на методологија.
Улогата на експертот за прилагодување на методологијата е да учествува во развивањето на делови од образовен курикулум што се однесува на: 1) пракса за развој на системи и воспоставување на организација на учење, следејќи ги методологиите воспоставени од Универзитетот во Масачусетс; и 2) Вработување на маргинализирани групи, со фокус на младите, врз основа на програмата за социјално менторство, верификувана од Центарот за образование на возрасни, што ја разви и ја спроведува Здружението ПАБЛИК на национално и регионално ниво.
Повеќе детали за Повикот – на линкот.
Photo: Freepik