Повик за апликации за давател на услуги за континуирано одржување и ИТ поддршка на редизајнирана веб страница (БЛ.3.2.1) на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“

Овој повик се состои од активност која се однесува на овозможување континуирано одржување и ИТ техничка поддршка на редизајнирана веб платформа.

Цел и главни задачи

Главните задачи на избраниот понудувач се однесуваат на одржување, безбедност и сигурност на веб-страницата:

    • SSL сертификат за безбедно прелистување
    • Заштита од сајбер напади и редовно ажурирање на безбедносните протоколи
    • Овозожување редовен бекап и надградба на плагин решенија
    • Лесен систем за управување со содржина за администраторите (WordPress)
    • Следење статистики и анализа на посетители
      Меѓу главните задачи, е и овозможување на континуитет на техничка поддршка и друг тип
      на ИТ поддршка која е наменета за одржување на платформата licevlice.mk, како и
      поддршка по потреба, која се однесува на:
    • Администрација на веб страната: менување на постоечки елементи и поставување
      банери;
    • Администрација на продавница во склоп на веб сајт: поставување нови производи на веб
      продавницата, поставување нови продавници на нови продавачи;
    • Промени во постоечка страница: Промени во структура на веб сајт, нови елементи,
      промена на бои, поставување нови копчиња;
    • Поставување нови страни во рамки на сајтот – на пример, нови лендинг страни за
      одредени содржини, кампањи, прозиводи, настани – по потреба;

    Времетраење на испораката и на договорот
    Задачата е планирано да започне од 28.08.2024 година и да заврши до 28.02.2025 година.

    Услови на плаќање

    Исплатата се врши етапно, во договор со понудувачот.
    Паблик го задржува правото да го задржи целото или дел од плаќањето доколку изведбата
    е незадоволителна, ако работата/крајните резултати се нецелосни, не се испорачани како
    што се побарани, или пак, поради неисполнување на роковите.

    Потребни квалификации, искуство и други барања за давателот на услугата

    Давателот на услугата ќе треба да ги има следните квалификации и искуство:

      • најмалку 5 годишно искуство во одржување и техничка поддршка на веб-страници
        изградени на WordPress платформа;
      • најмалку 5 годишно искуство во одржување и техничка поддршка на e-комерц сајтови.
      • вештини за управување со проекти и способност за работа според тесни временски
        рамки;
      • искуство во работа со клиенти и способност за разбирање и претворање на нивните
        потреби во функционални решенија;
      • способност за комуникација и соработка со различни тимови;
      • флексибилност и адаптибилност за справување со променливи барања и услови;
      • креативност и иновативност во решавање на дизајнерски и технички предизвици;
      • посветеност на квалитет и внимание на детали.

      Улоги и одговорности

      Проектниот тим на „Паблик“ ќе соработува со давателот на услугата и ќе ги обезбеди сите
      потребни податоци, инпути и сугестии.
      Давателот на услугата ќе биде одговорен за навременото испорачување на задачите
      опишани во точка 2 од овој документ.

      Критериуми за евалуација

      За оценување на пристигнатите апликации ќе се користи кумулативна анализа.
      Критериумите за евалуација се поделени помеѓу технички и финансиски и ќе се оценуваат
      на следниов начин:

        • 60 % технички критериуми (релевантно искуство и квалификации според повикот)
        • 40 % финансиска понуда

        Постапка за аплицирање
        Заинтересираните даватели на услугата треба да испратат:

        Портфолио и/или CV на давателот на услугата;
        Финансиска понуда во македонски денари со вклучени вкупни трошоци, со ДДВ.

        Апликацијата треба да се испрати по мејл на: [email protected] и на [email protected] најдоцна до 05.08.2024 година до 16.00 часот, со назнака Апликација за повик за одржување на редизајниран веб сајт.

        За конечната одлука ќе бидат известени само избраните понудувачи.

        „Паблик“ го задржува правото да одбере понудувач, но, и да не одбере ниту една од апликациите кои ќе ги добие доколку не ги исполнуваат горенаведените критериуми.

        Целиот повик – на линкот

        Фото: Freepik

          LEAVE A REPLY

          Please enter your comment!
          Please enter your name here