Социјалната економија – главен фокус на конференција во Битола

08.11.2019

Во рамки на настанот ќе се се одржи и мини Саем на социјални претпријатија од Македонија и Албанија, кои ќе имаат можност да ги претстават своите услуги и производи пред присутните гости и учесници.

„Социјалната економија – нов тренд во развојот на светската економија“ е името на настанот кој на 14-ти ноември ќе се случува во хотел „Епинал“ во Битола, како дел од проектот  „Социјални претпријатија – мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис, (SE-Bridge)“. Проектот е финансиран од Европската унија во рамки на програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија, имплементиран од страна на Центарот за развој на претприемачи и менаџери CEED Македонија и  Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, и Агритра Визион Центер и ЦЕЕД Албанија од Албанија.

Настанот кој ќе се состои од саем на социјални претпријатија и конференција, ќе обедини социјални претпријатија од двете земји, претставници на бизнис секторот, голем број на граѓански организации, гости експерти од Словенија, Австрија, Белгија, а главниот фокус на сите учесници ќе биде на тема: Каде се движи светската економија?

Во рамките на Саемот, социјални претпријатија од Македонија и Албанија ќе имаат можност да ги претстават своите услуги и производи пред присутните гости и учесници.

Зајакнати капацитети на постоечки и новоформирани социјални претпријатија,  придонес во создавањето соодветен пазар на труд за ранливите групи, развој и унапредување на целокипниот екосистем за социјалното претприемништво, се главните придобивки кои ги донесе проектот „Социјални претпријатија – мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис, (SE-Bridge)“.

Сите кои се заинтересирани за присуство на настанот, може да се пријават на мејлот: atrpovska@ceed-macedonia.org, најдоцна до 11 ноември, 2019 година.
Учеството е бесплатно, а бројот на места е ограничен.

Наши партнери