ТИМ

Средба на проектните партнери на Месмер+

Средба на проектните партнери на Месмер+ за прецизно мапирање на социјалната економија

0
На крајот од февруари, во Центарот за социјални претпријатија во Скопје се одржа средба на која беа разгледани сите следни чекори на МЕСМЕР+ проектот.Со партнерите во овој проект, („Мапирање на европската социјална економија: вработување, социјален дијалог и европски столб на социјални права / #MESMER+), беше разговарано за аспектите на прецизно мапирање на социјална економија во девет целни земји.Проектот има за цел да направи длабинско мапирање на случувањата и главните стејкхолдери во сферата на социјалната економија – од двете страни, работодавачи и вработени, а во рамки на институциите за социјален дијалог и различните индустриски односи во девет земји: Белгија, Бугарија, Франција, Италија, Ирска, Северна Македонија, Полска, Шпанија и Шведска.Проектните партнери се посветени на принципите содржани во европскиот столб за социјални права, (EPSR, European Pillar of Social Rights) и придонесуваат за неговата имплементација.Повеќе фотографии - на линкот
Mesmer+

Месмер + / Мапирање на социјалниот дијалог за вработувањa во европската социјална економија и...

0
Секторот на социјалната економија во Северна Македонија се соочува со предизвици во одржувањето на партиципативно управување и ефективен социјален дијалог - поради лошиот економски развој и недостаток на регулаторни рамки и развиени екосистеми.Ова е еден од заклучоците на публикацијата која претставува Извештај за Северна Македонија врзана за развојот на социјалната економија во земјава, подготвена во рамки на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, “Паблик“, од авторките Климентина Илијевски и Александра Лопарска Илоска, насловена:  Mesmer + / Mapping European Social Economy Employment Social Dialogue and the European Pillar of Social Rights / ​Country Report North Macedonia. „Учеството на социјалните претпријатија во социјалниот дијалог е фрагментиран, а сегашните политики и стратегии не обезбедуваат мерки за промовирање или зајакнување на капацитетите на релевантните мрежи. Фрагментираниот карактер на социјалниот дијалог, недостатокот на овозможување одредби на ниво на политика и отсуството на систематски податоци за социјалните претпријатија ја истакнуваат потребата од сеопфатни стратегии и регулаторни рамки за зајакнување на секторот на социјалната економија и нејзината улога во индустриските односи и социјалниот дијалог“, стои во Извештајот. Повеќе информации - во самата публикација, (линк). 
Kotrener

Оглас за котренер/и за професионална интеграција на работното место

0
АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ, КОМУНИКАЦИИ И РАЗВОЈ, „ПАБЛИК“, КОЈА ВО ПАРТНЕРСТВО СО ГЕРМАНСКОТО ДРУШТВО ЗА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА СОРАБОТКА (ГИЗ) ГО ИМПЛЕМЕНТИРА ПРОЕКТОТ „ПРОМОВИРАЊЕ НА СОЦИЈАЛНОТО МЕНТОРСТВО КАКО ПРИСТАП НА МЕЃУСЕКТОРСКО ПАРТНЕРСТВО ЗА ПРОМОЦИЈА НА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОБЕСПРАВЕНИТЕ ГРУПИ“, ОБЈАВУВА ОГЛАС ЗА: Котренер/и за професионална интеграција на работното место (професионално менторство) како дел од проектот: Промовирање на социјалното менторство как​о меѓусекторски партнерски пристап за унапредување на вработувањето на ​р​анливите групиПовеќе иформации - на линкот: Огласот е отворен до 17 ноември. Photo: Freepik

Оглас за котренер/и за професионална интеграција на работното место

0
АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ, КОМУНИКАЦИИ И РАЗВОЈ, „ПАБЛИК“, КОЈА ВО ПАРТНЕРСТВО СО ГЕРМАНСКОТО ДРУШТВО ЗА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА СОРАБОТКА (ГИЗ) ГО ИМПЛЕМЕНТИРА ПРОЕКТОТ „ПРОМОВИРАЊЕ НА СОЦИЈАЛНОТО МЕНТОРСТВО КАКО ПРИСТАП НА МЕЃУСЕКТОРСКО ПАРТНЕРСТВО ЗА ПРОМОЦИЈА НА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОБЕСПРАВЕНИТЕ ГРУПИ“, ОБЈАВУВА ОГЛАС ЗА: Котренер/и за професионална интеграција на работното место (професионално менторство) како дел од проектот: Промовирање на социјалното менторство как​о меѓусекторски партнерски пристап за унапредување на вработувањето на ​р​анливите групиПовеќе иформации - на линкот: Огласот е отворен до 17 ноември. Photo: Freepik

Социјално менторство во Власотинце крши стереотипи за способностите на луѓето со попреченост

0
Две лица со попреченост во малиот град Власотинце, на југот на соседна Србија, поддржани од нивната социјална менторка беа меѓу клучните луѓе да го разработат социјалното претпријатие – сервис за перење, „Периленд“, што нуди единствена услуга со двоен бенефит.Откако нивната социјална менторка, Јелена Станковиќ го стави фокусот на нивните способности, наместо на тоа што тие не можат, Кет и Нона  беа работно ангажирани во новоотвореното социјално претпријатие – сервис за перење алишта, отворено во рамки на организацијата „Осмех“. Фактот дека директно учествувале во создавањето на новиот сервис за перење алишта, и дека токму со нив заедно, една идеја растела и се развивала, од дополнителна услуга во социјално претпријатие, им дала дополнителен полет и мотивација да продолжат да работат, дури и тогаш кога не оди сѐ според планот.- Развивањето на овие вештини е од голема важност, и не им е придонес само ним, во професионаалниот или приватниот живот, туку и за самото социјално претпријатие во целата организација, а посредно и за системот во целина. Затоа што и двете, преку социјалното менторство, добија прилика да ги разбијат предрасудите за лицата со попреченост. И со ситно, но, сигурно чекори во тоаа успеваат секојдневно - вели Јелена. Социјалната менторка Станковиќ им беше партнер за надминување на сите пречки на патот до нивната работна интеграција. Кај Јелена клучен фактор за постигнатите промени и животи кај лицата со попреченост е страста позитивно да делува на нивното секојдневие, но, и способноста и вештината да препознае какви потенцијали кријат ранливите лица. - Две прекрасни, а погрешно перципирани личности, само низ призма на нивниот хендикеп, имаа можност да покажат дека вредат многу повеќе од тоа што заедницата го гледа. И дека не се ограничени од својата состојба, туку од пречките кои општеството им ги поставува - вели Јелена.Не е реткост, додава таа, луѓето со попреченост да бидат лимитрани токму од предрасудите и од стигматизацијата кои ги опкружуваат.- Тоа посебно доаѓа до израз во помали места и во неразвиени средини, каде постојат и ограничени ресурси врзани за здравствена зашита, образование, пристапна инфрастуктура, можности за вработување. Затоа, беше и разбирливо, зошто менторираните лица со кои работев, на почетокот беа многу внимателни, резервирани, ама и несигурни во себе и во можноста дека што било може да се промени- објаснува Станковиќ. Ниска самодоверба, чувство на беспомошност, но, и избегнување конфликт, до граници на покорност. Ова се само накусо карактеристиките на Кет и Нока, оние старите, пред да почнат да работат со Јелена, меѓу другото, и на зајакнувањето на сопствената слика за себе.- Уште при првите средби, разговорот го започнуваа со тоа што не можат да направат, и во што ги ограничува нивната попреченост. Беа потребни многу состаноци и работа со нив за да стигнеме до тоа што сѐ тие можат да направат, и дека тоа не е важно да ми го кажат мене, туку себе си- зборува Јелена за процесот на работа.Прифаќањето во работната средина е друг клучен фактор за успех и промена.Кет и Нока биле целосно прифатени од вработените во „Осмех“и без никакви предрасуди, рамноправно вклучени во тимот.- Поддршката што ја добиваа имаше влијание да ја зајакнат позитивната слика за себе, да се видат себе си точно какви што се. Работата им влијаеше да прават и подобра организација на времето, успешно да постават приоритети, да останат фокусирани на задачата. Повратните информации од колегите е дека одлично завршената работа носи  едно општо чувство на вредност и на самодоверба кај нив - објаснува нивната менторка.Првично, планот бил да се најде работа за менторираните лица во фабриките и фирмите што постојат на територијата на општина Власотинце. Но, Власотинце е општина која според класификацијата според развој е во четвртата, односно последната група, а наоѓањето на слободни работни места било потешко од очекуваното.- Ситуацијата стана посложена, поради состојбите во светот, бидејќи во моментов фабриките работат со намален капацитет, а голем број жени се отпуштени. Со тоа конкуренцијата беше поголема од вообичаената, а можноста за вработување луѓе со попреченост речиси и да не постои, објаснува Јелена. Во рамките на Здружението „Осмех“ споменуваната идеја за сервис за перење, како социјално претпријатие, кое ќе вработува само категории на тешковработливи лица, а преку заедничка работа и застапување на претседателот на „Осмех“, на менторката и менторираните, но, и со поддршката на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, каде е создадена методологијата „социјално менторство“ -  конечно можела да се реализира. - Менторираните беа ангажирани на два месеци пробна работа со цел да го совладаат работењето на машините за перење и чистење и во таа прилика ја покажаа својата мотивација, трудољубивост и подготвеност да работат и да придонесат за заедницата во целина. Тоа даде дополнителен поттик до Здружението на граѓани „Осмех“ за понатамошна имплементација на овој пилот проект, кој ќе овозможи подобра позиција во општеството на долг рок, не само на лицата со попреченост, туку и на другите маргинализирани групи - самохрани мајки, жени над 50 години на возраст, нискоквалификувани жени (без училиште) и други, додава Станковиќ.Претседателот на „Осмех“, Предраг Радуловиќ, вели дека сервисот започнал со работа, пред сѐ, од хуманитарни причини, да им се помогне на социјално и здравствено ранливите групи, и покрај тоа што на стартот не располагале со доволно идеи и информации како таквиот модел на работа може да стане самоодржлив и економски профитабилен. - Менторската програма ни даде јасна визија што ни недостигаше за одлучувачки чекор во непознатото и предизвикувачко, визија за претпријатие кое се грижи за сите - за луѓето, за нивните домови, за екологијата и за економијата. При спроведувањето на програмските активности, менторот во директна работа со ранливите лица, трпеливо собираше делови од мозаикот од овие четири најважни сегменти, сè додека не ги состави во една целина - социјално претпријатие по мерка на луѓето и околината во која живееме. Тоа нѐ охрабри како организација да запловиме во предизвикувачки претприемачки води, појаснува Предраг.

Нови Сад го воведува социјалното менторство како нова методологија за вработување

0
Нови Сад е првиот град во Србија кој покажува отвореност да се приклучи на иницијативата за воведување на социјалната иновација „Социјално менторство за работна интеграција“ преку која ќе придонесе за решавање на предизвикот од недостиг на работна сила, вклучително и тешко вработливи лица кои долго време се надвор од пазарот на трудот. Менторство за работна интеграција или социјално менторство е методологија развиена од Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка  - GIZ, а локален имплементатор во Нови Сад ќе биде организацијата „Новосадски хуманитарен центар“. - Преку социјалното менторство за работна интеграција решаваме неколку недостатоци како што е јазот во „меките вештини“ на групите кои имаат потешкотии при вработувањето, излегуваме во пресрет на потребите на бизнис секторот и помагаме да се надминат бариерите со кои се соочуваат луѓето кои се надвор од пазарот на трудот. Со овој пристап, ги активираме долгорочно невработените, придонесуваме за создавање поквалификувана работна сила, ги намалуваме трошоците на системот за социјална заштита и создаваме поинклузивен бизнис сектор. Социјалното менторство се гледа како еден од оние пристапи за социјално и економско вклучување на ранливите групи кои би можеле да ги поддржат ранливите групи да се интегрираат на пазарот на трудот, но и во општеството  - вели Светлана Здравковска, раководител на проектот ГИЗ „Социјална инклузија на ранливите групи во Западен Балкан“, во чии рамки се развива социјалното менторство на регионално ниво. Овој пристап овозможува препознавање и градење на капацитетите на поединците и нивно ставање во служба на потребите на работната организација. Воедно, тоа подразбира и подготовка на компанијата за соодветна интеграција на лица кои подолго време се надвор од пазарот на трудот. - Менторството за работна интеграција, преку својот холистички пристап, ја олеснува интеграцијата на пазарот на трудот и со тоа значително влијае на создавање на инклузивни работни места. Преку добро обучени социјални ментори се активираат луѓето кои подолго време се надвор од пазарот на трудот и согласно своите афинитети, сили и капацитети се приклучуваат на работното место каде што можат да го дадат својот максимален потенцијал - објаснува Климентина Илијевски, извршна директорка на Асоцијацијата за истражување.комуникации и развој „Паблик“. По анализата на можностите за институционализирање на социјалното менторство на локално, покраинско и национално ниво, минатата недела во Градското собрание на Нови Сад се одржа состанок на кој присуствуваше Нада Падејски Шекеровиќ, експерт кој ја анализираше институционализацијата на социјалното менторство во Република Србија.Таа наведува дека во Србија има стратегии за вработување и акциски планови, со посебни мерки на активна политика за вработување, наменети за групите кои се потешки за вработување. Од една страна, постојат механизми за вработување на овие групи, а од друга страна, нивното вработување не е доволно развиено. - Дури и кога се вработуваат луѓе кои спаѓаат во категоријата тешко вработливи, голем дел од нив не остануваат подолг период на пазарот на трудот. Во исто време, многу работодавачи се соочуваат со значителен недостиг на работна сила на пазарот на трудот. Она што е неопходно за да се надмине овој јаз се активностите на социјалниот ментор за работодавачите да можат да ги видат и искористат ресурсите на вработените, а од друга страна, активностите на социјалниот ментор влијаат на поголема мотивација и подготвеност на менторираната личност. да останат на пазарот на трудот. Воспоставувањето на социјалното менторство како активна мерка за вработување би довело до намалување на трошоците на системот за социјална заштита, поголема вработливост на населението на глобално ниво и намалување на ризикот од други форми на психо-социјални проблеми на кои се изложени потешко вработливите лица - вели Падејски Шекеровиќ. Спроведувањето на социјалното менторство на локално ниво, во Нови Сад, има повеќекратно значење. - Нови Сад е локална самоуправа со воспоставени тела чија задача е развивање и координација на активностите во спроведувањето на политиките за вработување, а исто така, на локално ниво, претходно е воспоставена добра комуникација и меѓусебно почитување помеѓу актерите кои би учествувале во спроведувањето на социјалното менторство – додава таа. Освен во Србија, социјалното менторство веќе е пилотирано и во Македонија, а се спроведува и во други земји од Западен Балкан. Резултатите од анализата на ефективноста на овој пристап укажуваат дека висок процент на менторирани лица, во текот на евалуацијата шест месеци по завршувањето на давањето на оваа услуга, останале на пазарот на трудот. Учесници на состанокот беа претставници на Министерството за труд, вработување, ветерани и социјални работи, Националната служба за вработување, Републичкиот завод за социјална заштита, Покраинскиот секретаријат за економија и туризам, Покраинскиот секретаријат за социјална политика, демографија и родова рамноправност, претставници на Град Нови Сад - кабинетот на градоначалникот, Градската управа за социјална и детска заштита, Градската управа за стопанство, претставници на Стопанската комора на Србија и на Стопанската комора на Војводина, претставници на граѓаните здруженија, претставници на ГИЗ - германска соработка во Србија и претставници на Асоцијацијата „Паблик“ од Македонија. Модератор беше Небојша Илијевски, експерт за меѓусекторска соработка. Намерата на проектот „Социјална инклузија на ранливите групи во Западен Балкан“ е да поддржи одржливи пристапи за социјално и економско вклучување на ранливите групи во Западен Балкан, во согласност со сеопфатните принципи на Агендата 2030 година. Дел од овој проект го спроведува ГИЗ во соработка со „Паблик“, а како дел од наведената соработка се спроведуваат активности со цел промовирање на социјалното менторство како интерсекторски партнерски пристап за подобрување на вработувањето на ранливите групи во земјите од Западен Балкан.

Ако го работиш тоа што го сакаш, работата е задоволство

0
Анета Ристеска Современата технологија ги трансформира задачите и работните места на пазарот на трудот, па многу земји имаат недостиг од работници со вештини што се неопходни.Потребата од градење инклузивен пазар, за да се надмине хроничниот дефицит на работна сила, станува сѐ подоминантна.Едно од можните решенија во земјава за подобрување на сликата на пазарот на трудот, е социјалната иновација на „Паблик“ – менторство за работна интеграција, или социјално менторство, која има за цел да ја олесни интеграцијата на пазарот на трудот и со тоа значително да влијае на создавањето инклузивни работни места.Оваа методолгија во голема мера го опфаќа пристапот на ‘job carving’ во управувањето со човечките ресурси. Улогата на дизајнери ја имаат социјалните ментори, кои создаваат услови, и кај менторираното лице, но, и во работната средина, во соработка со професионалниот ментор, кои ќе овозможат потполно услогласување на потребите на лицето кое се вработува со потребите на работното место на бизнисот.Еден ваков пример неодамна сподели и социјалната менторка, Магдалена Чадиноска Кузманоски. Нејзиниот приод на менторирање, што ја носи идејата за дизајнирање соодветно работно место, овозможува лицето Н.К. да има статус кој значи многу повеќе од само вработување. Пошироката димензија е да се работи работа за која, покрај знаење, се има многу љубов и страст. - Порано се чудев кога луѓето велеа дека со задоволство одат на работа. Секогаш си мислев дека на работа се оди затоа што така мора, но сега сфатив дека ако го одбереш тоа што навистина го сакаш, тогаш работата станува задоволство. Токму поради ова сум и најзадоволен од работата со мојата менторка за социјална интеграција затоа што таа ми помогна да сфатам дека треба да излезам од мојата удобна зона, да се обидам да поставам повисоки цели и да преземам поинакви работни задачи, а, сепак, да останам во областа што ја сакав, а тоа е угостителството. Отсекогаш сакав да зготвам нешто дома, но, не верував и не можев да се видам дека некогаш можам да работам во кујна како готвач – вели К.Н, кој сега е вработен во еден скопски ресторан.Со поддршка и со вистински насоки од неговата менторка, добил соодветна обука на работното место и клучни насоки. - Бев многу добро примен од колегите. Со ваква поддршка секој млад човек може да успее. Јас да не се вклучев во програмата менторство за работна интеграција, сигурен сум дека сè уште ќе работев како келнер во локални кафулиња. Сега се здобив со многу вештини, таму каде што и најмногу сакав, во кујната. Сега ова знаење можам да го искористам во животот многу повеќе. Ова искуство ја одреди и мојата идна кариера. На сите млади луѓе, кои сè уште лутаат професионално, работата со ментор ќе им дојде навистина добро – нагласува Н.К.Според неговата менторка, Магдалена Чадиноска-Кузманоски, лицето со кое се работи добива директна поддршка за личен и професионален развој, со тоа што преку разни алатки се работи на препознавање и унапредување на одредени вештини, подобра професионална ориентација и директна поддршка за задржување на работното место.Таа додава и дека од искуството во работата со Н.К. се потврдува дека овој пристап на работа има придобивка за двете страни – бизнисот и работникот.- Бизнисот не само што добива мотивиран работник, туку на располагање има и стручен работник, кој станува мост меѓу работникот и работодавецот. Во нашиот пристап, менторот никогаш не е повеќе на едната страна. Низ едукацијата научивме секогаш реално да ги согледуваме работите. Без разлика што ние работиме со лицето, мора да бидеме искрени и отворени и кон бизнисот и да гледаме и која е нивната придобивка. Насочени сме кон градење партнерства, а тие се градат само со ваков искрен и холистички пристап – вели Чадиноска-Кузманоски. Фото: FreepikТекстот е подготвен во рамки на прокетот: Дизајнирање инклузивни работни места за ранливите луѓе – поддршка на претпријатијата да станат инклузивни работодавци

Работно место по мерка – клуч за задоволни вработени и зголемена продуктивност

0
Промените на пазарот на трудот, паралелно со развојот на технологијата, носат нови ветришта и во управувањето со човечките ресури.Еден од концептите што полека станува доминантен, е придот 'job carving', кој има за цел да го подигне нивото на инклузивност, и тоа, пред се, преку редизајнирање или прилагодување на работните улоги - за подобро да се совпаѓаат со вештините, способностите и интересите на вработените.Овој концепт нуди неколку придобивки, и за вработените и за организациите, меѓу кои:Зголемено задоволство од работатаПристапот на „карвинг“, (резба) или дизајн на работното место им овозможува на вработените да работат во улоги кои се усогласени со нивните силни страни и интереси, што доведува до поголемо задоволство од работата и ангажман. Кога вработените се негуваат страст за својата работа, тие се со поголема веројатност да работат подобро и да останат посветени на организацијата. Задржување на вработените на работното местоСо приспособување на работните улоги на вештините и преференциите на вработените, организациите можат да ги намалат стапките на обрт. Вработените имаат поголема веројатност да останат во компанија кога сметаат дека нивните придонеси се вреднуваат и нивната индивидуалност се препознава. Подобрена продуктивностКога на вработените им се доделени задачи кои резонираат со нивните способности, тие се со поголема веројатност да се истакнат или потврдат во тие области. Ова може да доведе до зголемена продуктивност бидејќи вработените се фокусираат на задачи за кои се природно вешти и за кои се страстни. Подобро искористување на талентотОвој ‘job carving’ приод им помага на организациите да ги искористат различните вештини и таленти на нивната работна сила. Ова може да доведе до поефикасна распределба на човечки ресурси и откривање на скриени таленти кои инаку би можеле да останат неискористени. Флексибилност и приспособливостВо деловните средини кои брзо се менуваат, работните улоги може да станат застарени или да бараат модификација. Дизајнирањето на работните места промовира флексибилност со тоа што им овозможува на вработените да се прилагодат и да преземат нови одговорности по потреба, придонесувајќи за агилноста на организацијата. Развој на вештиниВработените имаат поголема веројатност да развијат нови вештини и компетенции кога се ангажирани во задачи што ги предизвикуваат и ги интересираат. „Дизајнираното“ работно место поттикнува континуирано учење и раст на вештините, што може да биде од корист и за вработените и за организацијата. Прилагодени кариерни патекиДизајнот на работните места им овозможува на вработените да креираат сопствени патеки за кариера во рамките на организацијата. Ова може да доведе до чувство на сопственост врз траекторијата на кариерата и да им овозможи на вработените да ги усогласат своите лични и професионални цели. Позитивна организациска култураОрганизациите кои го прифаќаат дизајнирањето на работните места, како концепт, покажуваат посветеност на благосостојбата и растот на вработените. Ова може да поттикне позитивна организациска култура која се карактеризира со отворена комуникација, соработка и заеднички фокус на индивидуалниот и колективниот успех. Иновативност и креативностКога вработените се овластени да придонесат на начини кои резонираат со нивните силни страни, тие се со поголема веројатност да донесат иновативни идеи и креативни решенија на масата, поттикнувајќи ја севкупната организациска иновација.Различни перспективиПриодот на ‘job carving’ во работата може да доведе до вклучување на поширок опсег на перспективи и искуства во различни работни улоги. Оваа разновидност може да ги збогати процесите на донесување одлуки и да придонесе за поинклузивно и правично работно место. Photo: FreepikСодржината е подготвена во рамки на прокетот: Дизајнирање инклузивни работни места за ранливите луѓе – поддршка на претпријатијата да станат инклузивни работодавци

Повик до нови корисници на програмата за работна интеграција на „Паблик“

0
Доколку се соочувате со предизвици при наоѓање на работно место или задржување на работата во континуитет, програмата за работна интеграција на „Паблик“ може да ви помогне. Нашите ментори ќе ви обезбедат насоки и поддршка за да ги откриете своите силни страни, интереси и страсти, и да ги идентификувате потенцијалните опции за вработување. Барањето работа може да биде предизвикувачко и стресно искуство, особено за оние кои се соочиле со бариери за вработување. Нашата програма ќе ви обезбеди емоционална поддршка и охрабрување во текот на целиот процес. Конечно, нашите ментори можат да ви помогнат да го развиете својот личен план за барање работа и да воспоставите врски со потенцијалните работодавци.Ако сте од Скопје, Битола или Куманово - аплицирајте за програмата за работна интеграција и добијте поддршка да стигнете до посакуваната работа. Ве очекуваме со пријава на мејлот: [email protected] Фотографии: Freepik

Оглас за експерт за институционализација (за Србија)

0
„ПАБЛИК“, ВО ПАРТНЕРСТВО СО ГЕРМАНСКОТО ДРУШТВО ЗА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА СОРАБОТКА (ГИЗ) ГО ИМПЛЕМЕНТИРА ПРОЕКТОТ „ПРОМОВИРАЊЕ НА СОЦИЈАЛНОТО МЕНТОРСТВО КАКО ПРИСТАП НА МЕЃУСЕКТОРСКО ПАРТНЕРСТВО ЗА ПРОМОЦИЈА НА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОБЕСПРАВЕНИТЕ ГРУПИ“, ВО ЧИИ РАМКИ ОБЈАВУВАМЕ ОГЛАСИ ЗА ПОВЕЌЕ ЕКСПЕРТИВо име на германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ), ГИЗ го спроведува регионалниот проект „Социјална вклученост на обесправените групи во Западен Балкан (SoRi III)“. Проектот работи во пет земји од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија, на регионално, национално и локално ниво, соработувајќи и ангажирајќи различни партнери и засегнати страни. Стратешки партнер на проектот е Мрежата на здруженија на локални власти на Југоисточна Европа (НАЛАС), со Секретаријат со седиште во Скопје, Северна Македонија. SoRi III се надоврзува на резултатите и искуствата од неговиот претходник, проектот „Социјални права за ранливите групи II“, имплементиран во регионот од 2019 до 2022 година. Надоврзувајќи се на ветувачките резултати и позитивната практика на имплементација на социјалното менторство како пристап за работна интеграција за обесправените групи во текот на 2020-2022 година, Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, во партнерство со ГИЗ го имплементира проектот „Промовирање на социјалното менторство како пристап на меѓусекторско партнерство за промоција на вработување на обесправените групи“. Проектот се имплементира од февруари 2023 година до крајот на јуни 2025 година. Проектот ќе ја прошири услугата социјално менторство кое е меѓусекторски дијалог кој ги поттикнува патиштата за вработување на обесправените групи. Фокусот е на три столба: (а) зајакнување на патиштата за вработување за обесправените лица преку спроведување на социјално менторство; (б) зајакнување на капацитетите на компаниите да овозможат вклучување на пазарот на трудот на обесправените групи со примена на професионално менторство и градење врски со социјалните ментори; (в) застапување за институционализација на социјалното менторство како иновативен пристап за унапредување на вработувањето во системот за социјална заштита преку сензибилизирање на релевантните чинители на локално и/или национално ниво.За потребите на проектот, потребно е да се ангажира експерт за институционализација од Србија, што ќе биде дел од клучниот тим на овој проект. Повеќе за повикот и описот на позицијата, на следниве линкови:Повик за експерт за институционализацијаАнекс 1Анекс 2Ве молиме вашите апликации да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса [email protected] најдоцна до 10 мај 2023 година. Фотографија: Freepik