Мисија и визија

Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ е независна, непрофитна организација за истражување и застапување која што:

– го следи и го поттикнува развојот на социјалните претпријатија во Македонија и во регионот,

– ги анализира процесите на социјалната инклузија со фокус на работна интеграција,

– креира инструменти, ја развива свесноста и го мери влијанието на чинителите во социјалната економија, но и на традиционалните бизниси.

– ги аплицира новите технологии (Блокчеин) и научните социолошки методологии (U- Theory) во развојот на одржливи процеси во општеството.

Особеноста на „Паблик“ е редовната комуникација со најранливите категории граѓани овозможена преку уличното списание „Лице в лице“ чиј издавач е асоцијацијата.
Оваа позиција ни овозможува подлабоко да ги истражиме и утврдиме причините за состојбата на социјалната исклученост, а ваквиот приод ни дава слика за реалните проблеми во општеството.


Мисија
Поттикнување позитивна општествена промена со развој на социјално претприемаштво и со потикнување социјална инклузија преку истражување, застапување и партиципативно креирање на јавните политики.

Визија
Општество со еднакви можности за сите.


Вредности
:
Инклузија и антидискриминација
Партиципативност во креирање јавни политики
Почитување и промовирање на човековите права Соработка, партнерство и вмрежување
Добро управување
Транспарентност и независност
Лидерство
Контиуниран професионален развоj

Наши партнери