Мрежи

Членство во платформи и мрежи

„Паблик“ е дел од повеќе меѓународни истражувачки мрежи, платформи за активизам и друг вид мрежи преку кои влијае не само на национално, туку и на регионално и меѓународно ниво.

ICSEM

Истражувачи на „Паблик“ во текот на 2014 година, станаа членови на ICSEM- Интернационална мрежа на компаративни модели на социјални претпријатија, во која како истражувачки партнери учествуваат над 58 земји од светот.

Околу 45 професори и истражувачи од белгиските универзитети од сферата на економијата, социологијата и психологијата и четири интернационални истражувачки партнери се инволвирани во развојот на целокупната методологија и мрежа. Фокусот на оваа мрежа е на развојот на интердисциплинарно и интегрирано знаење за социјалното претприемаштво и социјалното претпријатие (или скратено SOCENT). SOCENT истражувачката програма покрива неколку тематски линии, помеѓу кои и Интернационалната мрежа на компаративни модели на социјални претпријатија, која се спроведува во партнерство со EMES- Европската истражувачка мрежа.

ФЕАНТСА

ФЕАНТСА (FEANTSA)- Европската федерација на национални организации кои работат на набљудување на и отценување на нивото на бездомништво во Европа во согласност со ЕТХОС типологијата. „Паблик“, како членка на оваа мрежа, го спроведе првото истражување за бездомништвото во земјава, со што дојде до први податоци за оваа проблематика кај нас.

Меѓународна мрежа на уличен печат- ИНСП

Основана во 1994 година, Меѓународната мрежа на уличен печат го поддржува развојот на над 114 улични списанија во светот, во 35 земји на 24 јазици, со вкупна читаност од 6 милиони читатели.  Со ваква публика, ИНСП претставува еден од најголемите и најсилните поборници во борбата против социјалната исклученост, бездомништвото и сиромаштијата.
„Лице в лице“ е член на оваа мрежа од март 2013 година.

Fairpress.eu

„Fairpress.eu“ е регионална платформа во која вкупно шест земји (Македонија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Романија и Босна и Херцеговина) редовно известуваат за најкритичните случувања од областа на медиумите и слободата на говор. Станува збор за алатка која на јавноста и на сите засегнати страни им обезбедува систематски и аналитични написи. Со централна верзија на англиски јазик, порталот инкорпорира и шест портали на националните јазици на партнерите.

Оваа платформа пред сè служи како алатка за застапување со посебен акцент на областите идентификувани како особено ризични во рамките на новокреираниот Индекс за мерење на корупцијата и клиентелизмот во медиумите (MCI).

Европска повелба на истражувачи

Во 2015 година, „Паблик“ ја потпиша декларацијата за посветеност на принципите и препораките на Европската повелба на истражувачи и кодекс на однесување за вработување на истражувачи.

 

 

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress