Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, го објавува следниот повик за ангажирање експерт на следната тема:

  • Експерт за човечки ресурси, управување и супервизија при вработување на лица од маргинализирани групи.

Позицијата се објавува во рамките на проектот за „Социјално менторирање“ кој Паблик го разви за своите корисници – продавачи на уличното списание „Лице в Лице“ и кој може да се примени на други ранливи групи на граѓани кои се соочуваат со потешкотии во интегрирање на пазарот на труд.

Целта на социјалното менторирање е развивање на структурното упатство за проценката, следењето и евалуацијата на напредокот постигнат од поединците во позициите за работна интеграција. Нашето менторирање е комбинација на теоретски знаења и индивидуализиран пристап кој може да ја контекстуализира теоријата со особеностите на маргинализираните групи. На тој начин корективните мерки се значајни и придонесуваат кон целите и функциите на социјалното менторирање – да ги поддржат поединците и работодавачите во целосна реализација на професионалните капацитети на индивидуалците и постигнување на професионална зрелост.

Ангажманот на експертот се однесува на учество при изработката на едукативната програма за социјално менторирање заедно со внатрешни лица од Паблик, на дадената работна тема. Работната тема има зададени поттеми кои се подложни на промена соодветно на предлозите на експертот. Во рамките на темата (и дури и поттемите доколку е можно) експертот има задача да даде теоретски увид во концептите од темата, преглед на истражувања (доколку има) и домашни задачи или прашања за проверка на знаења, како и дадена основна и дополнителна литература за темата, во целина. Едукативната програма треба да се води од Блумовата таксономија за цели за учење, и тоа почнувајќи од пониско кон посложени цели. Работната тема треба да се обработи преку силабус на студиска програма.

Внатрешните капацитети на Паблик ќе му помогнат на надворешниот експерт во процесот на обликување на работната тема.

Период на траење на ангажманот: 15 август – 10 септември 2019 година.

Заинтересираните лица треба да испратат своја биографија и пример од најмногу два труда напишани на дадената работна тема (на македонски или англиски јазик). Предност ќе имаат

кандидатите со соодветно работно искуство и соодветни и длабоки познавања на темата за која аплицираат. Искуство од работа со маргинализирани групи особено се вреднува.

Апликациите треба да се испратат на следниот е-маил: [email protected], најдоцна до 14 август 2019 година со назнака: Повик за ангажирање на експерт за социјално менторирање.

Сите кандидати ќе бидат известени за исходот од повикот.

Паблик е организација на еднакви можности.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here