Опсерваторија

Во Република Северна Македонија развојот на социјалните претпријатија е на самиот почеток. Концептот скромно се појавува во дел од јавната политика, но политичкото препознавање на секторот е далеку од соодветно, стратегиско и визионерско. Постојната законска регулатива во Република Северна Македонија не ги препознава и не ги регулира социјалните претпријатија и социјалното претприемаштво бидејќи сѐ уште не постои заедничко разбирање за концептите.

Целта на Опсерваторијата на социјалните претпријатија е да ги мониторира развојот на социјалните претпријатија во земјава и еко-системотот во кој истите оперираат. Истата обезбедува мониторинг на економските и општествените бенефити од социјалните претпријатија и евалуација на влијанието на политиките кои ги таргетираат. Оттука, Опсерваторијата овозможува градење на транспарента, разбирлива и балансирана основа за развој на политиките за социјалното претприемаштво во Репубчика Северна Македонија.

Наши партнери