Мониторот за социјалната инклузија во Македонија претставува мониторинг инструмент кој обезбедува податоци, анализи и препораки за унапредување на социјалната вклученост и интеграција во земјава, а со тоа и намалување на директните ефекти од сиромаштијата на долг рок.

Во насока на промовирање на социјалната инклузија во Македонија, мониторот обезбедува навремени податоци за следните области: сиромаштија, исклученост од правото на домување, пристап на пазарот на труд на ранливи категории граѓани, миграции, долгорочна невработеност, влијание на социјалните трансфери, пристап до образование, родова, социјална и етничка нееднаквост.