Програми

Паблик обезбедува експертиза во полето на социјалната заштита и развојот на социјалните политики во поширока смисла. Обезбедуваме знаење во полиња каде се потребни мулти-дисциплинарен и интер-секторски пристап, како и интегрирани јавни политики.

ПРОГРАМИ:

Социјална инклузија

Истражувањето на индикаторите кои ја отсликуваат социјалната инклузија и остварувањето на социјалните права во Македонија, претставува првиот програмски столб на истражување, анализа и застапување на Паблик. Социјалната инклузија е централниот елемент во борбата против екстремната сиромаштија, осигурување на квалитет на живот и промовирање заеднички просперитет.

Во насока на промовирање на социјалната инклузија во Македонија, Паблик обезбедува навремени податоци за следните области: сиромаштија, исклученост од правото на домување, пристап на пазарот на труд на ранливи категории граѓани, миграции (вклучувајќи го и јазот во вработувањето на имигрантите), долгорочна невработеност, влијание на социјалните трансфери, пристап до образование, родова, социјална и   етничка нееднаквост. Од друга страна, преку истражување на моделите на  социјалните претпријатија и  социјалните иновации обезбедуваме решенија за поголема социјална вклученост.

Листа на реализирани проекти:

  1. Анализа на бездомништвото во Македонија
  2. Можности и предизвици на социјалните претпријатија за вработување ранливи групи
  3. Лице в лице
  4. Социјални услуги и миграции: интеграција и кохеренција помеѓу стејкхолдерите за унапредување на услугите за мигранти, бегалци и баратели на азил во Македонија, Србија и Хрватска
  5. Лице в лице со фактите
  6. Социјални иноватори
  7. Етичките предизвици во развојот на уличниот печат

Забелешка- треба да се додадат линкови до проектите

Медиуми и медиумска култура

Медиумите се главен двигател во креирањето на отворено и демократско општество. Во рамките на оваа истражувачка програма, Паблик ги истражува следните области:  клиентелизам во медиумите, медиумска писменост, непрофитни/медиуми на заедницата, достапност до медиумите за лица со попречености, и родот и медиумите.

Листа на реализирани проекти:

  • Медиумски круг-одговор на граѓанското општество на корупцијата и клиентелизмот во медиумите;
  • Лице в лице магазин

Општествено влијание

Мерењето на општественото влијание  и промените кое ги остваруваат третиот сектор и бизнис секторот се третиот програмски столб на истражување на „Паблик“.Под  општествена  промена – се поразбира широко сфатена нециклична промена на институците, нормите, културата или на одредена општествена структура. Промена е всушност разлика меѓу состојбата  на општествениот  систем во дадениот момент и неговата состојба после одредено време. Општествената промена се однесува на составот на општествениот систем, на промените во општествената структура и на појавата на нови актери во системот, промена на општествените функции, промена на границите на системот, промена во релациите меѓу субсистемите, промена  во средината на системот. Основни фактори кои што влијаат врз општествените промени се промени во животната средина, демографски промени, технолошки промени, културна дифузија, појавата на нови идеи и општествени конфликти.

Листа на реализирани проекти:

  • Граѓанското општетсво- активен или пасивен чинител на општествените промени