In4BTE – за успешен трансфер на бизнисите во рацете на вработените

14.08.2019

Проектот In4BTE (Информации, консултации и права на учество, како фактор за успех во трансферот на бизнисите кон вработените во мали и средни претпријатија) цели да ги детектира и да ги анализира реалните случаи каде правата на информации, консултации и учество, како и транспарентните принципи играат важна улога во процесите на сукцесија и корпоративно реструктуирање. Ова пак резултира во успешен трансфер на бизнисите кон вработените и унапредено ниво на социјален дијалог во компаниите.

Со оглед на тоа што само неколку земји имаат развиено алатки на ова поле, проектот исто така цели и да ги дисеминира идентификуваните најдобри практики и да пренесе знаења кон земјите со помалку искуства, оние кои не се запознаени со вакви инструменти, но кои може да имаат голема добивка од ваквите процеси.

Главни исходи од проектот In4BTE:
Собраните знаења и практики ќе бидат лесно достапни преку креираните документи и видеа, а ќе бидат претставени и на транснационални работилници и други активности за дисеминација. Ќе бидат креирани:
– студии на случај и информативни летоци ( по два во секоја земја)
– 1 динамичка платформа, 1 видео –документарен филм
– финален извештај во електронска и печатена форма (извештајот ќе вклучува информации од ЕУ акијата, консултации и права за вклучување на вработените на европско и на национално ниво, најдобри практики на успешни бизнис трансфери, преносливост на овие пректики и алатки, како и препораки за политики на европско ниво)
– 4 транснационални работилници (во Брисел, Фиренца, Софија и во Скопје), 1 главна конференција (во Сан Себастијан)
На следниов линк е објавен и инфографик на оваа тема.

Проектот во земјава го спроведува „Паблик“, а ги вклучува и следните земји: Шпанија, Италија, Германија, Бугарија, Франција и Велика Британија.

 

Наши партнери

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress