Информирање на граѓанинот за важноста од развојот на социјалната економија и за неговата улога во неа, градење култура на соработка меѓу социјалните претпријатија, здружен настап на пазарот на социјалните претпријатија со сродна дејност и синергиско дејствување.
Ова се приоритетите кои социјалните претпријатија ги дефинираа на средба на Мрежата на социјални претпријатија (СЕН) во земјата, а која се одржа на крајот на јануари.
Секое од нив, носи возбудлив деловен модел направен со причина и со јасно дефинирано можно влијание во општеството.
За разлика од класичните бизниси и нивниот многу често деструктивен модел на креирање профит, социјалните претпријатија имаат улога да ги регенерираат последиците во општеството. Во основа на нивното постоење е трансформација на капитализмот и креирање нова економија која се темели врз три главни принципи:

  • Намалени економски и социјални нееднаквости помеѓу оној што го води бизнисот и работникот
  • Третирање на работникот како капитал наместо како ресурс.
    Во новиот деловен модел работникот се себеостварува, ја гледа смислата на сопствениот ангажман за кој соодветно е платен
  • Креирање бизнис модел кој е профитабилен, а во исто време е дел од решението на наталожените проблеми и го приближува човекот до планетата, до другиот и до себесиВо атмосфера на споделување еднакви вредности и намери, во интерактивен, генеративен дијалог, на средбата беа понудени конкретни предлози и чекори според кои овие млади ентитети можат да се развиваат.

 – Улогата на социјалните претпријатија треба да станува појасна за граѓанинот да го препознае личниот и општествениот бенефит од неговото вклучување во новата економија. Граѓанинот е потенцијален купувач и застапувач.

– Како прв чекор идентифицирана е можноста секое од социјалните претпријатија и неговите членови индивидуално да станат клиенти или корисници на услугите на останатите социјални претпријатија.

– Внатрешните капацитети што социјалните претпријатија ги имаат се всушност директен одговор на дел од предизвиците што се повторуваат во мапирањето на истите. Така, недостаток од капацитети во одредени области, административното работење, недостаток на (физичкиот) простор за работилници и ресурси за квалитетна комуникација итн. членките може да ги побараат, пред сѐ, кај останатите членки на мрежата.

Во одговор на овој предизвик, тие предложија и мапирање на сопствените достапни ресурси.

– Често членките делуваат индивидуално на пазарот, и покрај тоа што имаат сродни дејности. Идентифицирана е потребата за здружен настап на пазарот и препознавање на можните точки за синергиско делување.

– Мрежата ќе понуди улога на организатор на микро-круговите во кои сродни по дејност социјални претпријатија ќе можат да си ги разменат добрите пракси и ќе можат да артикулираат конкретни иницијативи за заеднички бенефит.

– Социјалните претпријатија и нивната потенцијална улога и влијание во општеството се недоволно познати како деловен модел. За граѓанинот да ги воочи предностите и бенефитите од нивното постоење неопходно е јавно препознавање.

– Заклучено е дека во јавните настапи на одделните членки на СЕН, дел од комуникацијата ќе биде посветена на споделување информации за важноста на социјалните претпријатија, Мрежата и новиот вид на водење економија.

На овој настан беше посочено и дека суштинското препознавање на СП треба да дојде од државата. Во оваа насока, директните инпути од самите членки на мрежата беа интегрирани во Стратегијата за развој на екосистемот на социјални претпријатија.

Интерактивната средба заврши со планирање активности кои би можеле да се имплементираат во следните три години, и кои би имале значаен импакт во поглед на правното и јавно препознавање на социјалните претпријатија, но, и во насока на обезбедување можни инвестиции.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here