Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, за потребите на проектите (1) „Промовирање на социјалното менторство како пристап на меѓусекторско партнерство за промоција на вработување на обесправените групи“, (2) „Лице в лице дурбин – медиумски активизам преку креирање приказни кои прават промена“ како и (3) Инклузивни наративи: Проширување на хоризонтите со уличното списание „Лице в лице“, објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти и заинтересирани физички лица, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:
Набавувач на услуги: Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“ – Скопје со седиште на ул. Орце Николов 93/5 во Скопје.
Предмет на барањето: Барање за илустрации и дизајн на списанието „Лице в лице“
Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги. Понудата треба да е во бруто износ во македонски денари за правните субјекти и нето износ за физички лица.
За таа цел би ве замолиле да ни доставите неколку понуди за илустрации и дизајн на списание со следниве спецификации:
Понуда 1
- Фoрмат – А4
- Страни 48 страни внатре + 4 корица
- Печат 4/4 фул колор
Понуда 2
- Фoрмат – А 4
- Страни 72 страни внатре + 4 корица
- Печат 4/4 фул колор
Вашите понуди доставете ги најдоцна до 30.12.2024 (петок) на следните мејл адреси: [email protected] и [email protected]
Photo: Freepik