За нас

Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ е независна, непрофитна организација за истражување и застапување која што:

  • го следи и го поттикнува развојот на социјалните претпријатија во Македонија и во регионот,
  • ги анализира процесите на социјалната инклузија со фокус на работна интеграција,
  • креира инструменти, ја развива свесноста и го мери влијанието на чинителите во социјалната економија, но и на традиционалните бизниси.
  • ги аплицира новите технологии (Блокчеин) и научните социолошки методологии (U- Theory) во развојот на одржливи процеси во општеството.

Особеноста на „Паблик“ е редовната комуникација со најранливите категории граѓани овозможена преку уличното списание „Лице в лице“ чиј издавач е асоцијацијата.
Оваа позиција ни овозможува подлабоко да ги истражиме и утврдиме причините за состојбата на социјалната исклученост, а ваквиот приод ни дава слика за реалните проблеми во општеството.