Стратегии, едукација и инвестиција – клучни за развојот на социјалното претприемништво во Полошкиот и Пелагонскиoт регион

29.11.2019


„Социјалните претпријатија – потенцијал за развој на прекуграничните региони“ е една од најновите публикации на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, која претставува резиме на јавните политики врз основа на студијата „Социјалните претпријатија низ призмата на прекуграничната соработка – Република Северна Македонија и Република Албанија“.
Истата е подготвена во рамки на проектот „Социјалните претпријатија – мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис (SE-Bridge)“, што го реализираа Центарот за развој на претприемачи и менаџери, ЦЕЕД Македонија и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, заедно со партнерските организации Агритра Визион Центер и CEED Албанија од Албанија, а беше финансиран од Европската унија во рамки на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.

Анализата дава преглед на постојните локални предизвици и можности во таргетираните региони, (Полошкиот и Пелагонсикиот), а од друга страна, ги мапира капацитетите на постојните социјални претпријатија да се развиваат кака одржливи бизнис модели во решавањето на локалните предизвици.

Главните препораки кои произлегуваат од документот укажуваат на потребата од поттикнување на  локален социоекономски пораст, и тоа преку поставување заеднички планови и стратегии на регионите во земјава, организирање заеднички настани, едукација и инвестиции во инфраструктурата.

Еден од приоритетите на локалната самоуправа, посочуваат авторите на докуменотот, треба да биде промовирањето на претприемачката култура, со фокус на развој на стартапи со силна општествена мисија, кои ќе работат на решавањeто локални предизвици.
Но, велат тие, меѓу другото, неопходно е да се препознае улогата и капацитетот на социјалните претпријатија и да се развиваат локални статегии „со што ќе се постигне побрза демократизација на алокално ниво, заедно со економскиот пораст, кој е базиран на принципите на солидарност и на партиципативност“.
Ваквите стратегии за локален економски развој, треба да ги препознаваат социјалните претпријатија како интегрален и значаен дел од локалната економија и како механизам за постигнување одржлив развој што се базира на Глобалните цели за одржлив развој.

Повикот до креаторите на јавните политики се однесува во делот на градење капацитети на планските региони, во насока на спроведување на целите предвидени во Законот за рамномерен регионален развој, но, се алармира и на потребата од поттикнување партнерства и вмрежување на локално ниво.

Наши партнери