Асоцијацијата Паблик од Скопје, за потребите на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ го спроведува проектот „People of Change“, финансиран од Европската унија, во рамки на програмата Innovation. Media. Minds: EU Support to Public Service Journalism in the Western Balkans, имплементирана од Goethe-Institut и DW Akademie.
Проектот има за цел да ја зголеми видливоста и инклузивноста на ранливите групи преку современо етичко новинарство. Ќе се изработат 10 видео и мултимедијални стории во Северна Македонија и Војводина, со видео, фотографии, дизајн, илустрации, анимации, кои ќе бидат емитувани на јавните сервиси во Северна Македонија – МРТВ, во Војводина – РТВ и во Босна и Херцеговина – БХРТ, како и на дигиталните канали на „Лице в лице“ – на веб и социјалните мрежи. Планирано е и издавање на еден дигитален графички продукт – стрип, кој ќе ги интегрира носечките елементи од 10-те видео приказни.
За потребите на проектот објавуваме оглас за следните позиции:
– Бруто финансиска понуда, со јасно наведена цена по производ по деливерабл (пример: цена по видео, по фото-сторија итн.)
Кандидатите може да аплицираат за повеќе позиции, но мора јасно да наведат за кои и да достават одделни финансиски понуди по позиција. Рокот за аплицирање е 10.12.2025 до 16 часот.
Здружението ПАБЛИК – Скопје објавува повик за соработници во рамки на проектот „Лице в лице со интегритетот – Мобилизирање на граѓаните и медиумите за политички интегритет во Северна Македонија“. Проектот се спроведува како подгрант на Транспаренси Интернационал Македонија, во рамките на регионалната иницијатива „Integrity Watch во Западен Балкан и Турција“, поддржана од Европската унија.
Целта на проектот е да ги приближи податоците за корупција до граѓаните преку креативни и пристапни онлајн содржини, да ја зголеми јавната свест за политичкиот интегритет и да мобилизира млади, жени, малцинства и маргинализирани групи во барањето транспарентност и одговорност.
Во рамки на проектот, потребни се соработници кои ќе работат на:
изработка на креативни мултимедијални материјали и инклузивна кампања на социјалните мрежи;
уредување новинарски стории, интервјуа и содржини базирани на партиципативно раскажување приказни од граѓани.
Апликациите се доставуваат на: [email protected]најдоцна до 28.11.2025 година, до крајот на денот, со назнака за која позиција се аплицира.
Отворен е Повик за учество во Програмата за градење на капацитети. Оваа програма се реализира во рамки на проектот „RAISE CSOs – Resilient and Inclusive Social Entrepreneurship Pathways for Youth with local grassroot in North Macedonia“.
Краен рок за аплицирање е 20.06.2025 година
Потребните документи се наведени во огласот во продолжение.
Адреса за достава на апликации и за одговори на прашања – на мејлот: [email protected].
Повеќе информации – во продолжение:
ИМЕ НА ПРОЕКТОТ: „CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за промовирање на социјално претприемништво помеѓу младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија“
ДОНАТОР: Европска Комисија
Имплементатори: Младински Сојуз-Крушево, Асоцијација ПАБЛИК и НОВУС- Струмица
ЛОКАЦИЈА: Република Северна Македонија
ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ
Цел на проектот: Подобрување социо-економската интеграција на младите преку промоција на социјалното претприемништво. Проектот е финансиран во рамките на “Поддршка на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА Програмата за граѓанско општество 2022-2023 година“. Основната цел е да се зајакнат локалните граѓански организации низ осумте плански региони во Северна Македонија, овозможувајќи им активно да придонесуваат за социо-економскиот развој преку зајакнување на нивните способности за промовирање и негување на социјалните претпријатија предводени од младите. Овие претпријатија имаат за цел да ги зголемат економските можности за поединци кои се далеку од пазарот на труд.
ОТВОРЕН ПОВИК
Ве охрабруваме да се пријавите за учество во Програмата за градење на капацитети, која е наменета за јакнење на капацитетите на граѓанските организации и нивната улога во создавањето позитивни општествени промени. Програмата ќе се фокусира на клучни области како што се младинско претприемништво, социјални иновации и вработување на маргинализирани групи.
Овој повик е затворен и важи само за граѓански организации кои го имаат договорено прашалникот за самооценување, достапен на следниов линк: https://raiseyouth.mk/assessment-tool-1/
Програмата е внимателно осмислена за да ги поддржи организациите кои делуваат на локално и национално ниво во Република Северна Македонија, со цел да ги унапредат нивните капацитети преку работа на три меѓусебно поврзани и општествено значајни теми. Учесниците ќе добијат обуки кои ќе им помогнат да ги надградат своите интерни капацитети, да ги подобрат програмските и организациските перформанси и да иницираат нови, заеднички иницијативи.
Програмата ќе обезбеди вмрежување, меѓусекторска соработка и менторска поддршка од искусни организации. Дополнително, организациите кои ќе учествуваат во процесот ќе имаат можност за субгрантирање.
Оваа иницијатива е наменета за организации кои имаат амбиција и подготвеност да го унапредат своето делување, да ја прошират својата мисија и да делуваат како двигатели на промени во своите заедници.
За програмата:
Програмата за градење на капацитети се реализира во рамки на проектот “RAISE CSOs – Resilient and Inclusive Social Entrepreneurship Pathways for Youth with local grassroot in North Macedonia”, финансиран од Европската Унија, како иницијатива која има за цел јакнење на граѓанскиот сектор преку стратешка поддршка на организациите во земјата, особено грас рут организации и оние кои работат со млади, маргинализирани заедници и во области како социјални иновации и локален развој.
Оваа компонента има за цел да поттикне активна вклученост на организациите преку зајакнување на нивните интерни ресурси и вештини, градење на мрежи на соработка, како и поддршка на нивните капацитети за спроведување влијателни активности на локално и национално ниво.
Опис на програмата
Програмата за градење на капацитети е дизајнирана како сеопфатна и практично ориентирана едукативна интервенција, која има за цел да ги поддржи граѓанските организации во развојот на клучни знаења, вештини и алатки за поефикасно и поодржливо дејствување во своите заедници.
Таа се состои од три меѓусебно поврзани модули, секој посветен на тема со висок социјален и развоен приоритет:
Модул 1 – Младинско претприемништво Фокусот е ставен на развој на претприемнички компетенции кај младите, инкубирање на идеи и иницијативи водени од млади, како и зајакнување на улогата на граѓанските организации како поддржувачи и катализатори на младинската економска мобилизација. Модулот ќе ги опфати темите: иновативни бизнис-модели, пристап до финансии, менторство, локални екосистеми на поддршка и политики за младинско претприемништво.
Обуката за модул 1 ќе се одржи во Крушево од 30.06.2025 – 02.07.2025
Модул 2 – Социјални иновации Овој модул има за цел да ги поддржи организациите во креирање и имплементација на иновативни решенија за комплексни општествени предизвици преку пристапи кои комбинираат технологија, заедничко делување и инклузивност. Теми ќе вклучуваат: дизајн размислување, ко-креирање со заедницата, модели на одржливост, мерење на општествено влијание и практични примери на социјални иновации.
Обуката за модул 2 ќе се одржи во Струга од 14.07.2025 – 20.07.2025
Модул 3 – Вработување на маргинализирани групи Насочен кон развој на пристапи и алатки за подобрување на можностите за вработување и економска инклузија на ранливи групи, со акцент на локално вмрежување, интерсекторска соработка и родова/социјална еднаквост. Модулот ќе опфати: политики за инклузивно вработување, социјално претприемништво, развој на вештини, јавно-приватни партнерства и модели на поддржани вработувања.
Обуката за модул 3 ќе се одржи во Струмица неделата од 21.07.2025 – 27.07.2025
Структура на учесници и имплементација
Секоја група од учесници ќе помине низ сите три модули. Вкупно ќе бидат опфатени 3 групи, секоја со 32 учесници, по најмалку 4 организации од секој плански регион.
Обуките ќе се спроведуваат од страна на три партнерски организации, секоја специјализирана за една од тематските области. Со тоа се овозможува висок квалитет на содржината, како и практична експертиза и пристапи засновани на искуство од теренот.
Критериумизаучество
За да бидат земени предвид за учество во програмата, граѓанските организации треба да ги исполнат следниве основни и селекциски критериуми, кои се однесуваат на нивната релевантност, капацитет и подготвеност за активно вклучување во процесот:
Пополнетасамооценка (Self-assessment Tool) Учесничките организации задолжително треба претходно да ја имаат пополнето алатката за самоевалуација, која служи како основа за идентификување на организациските потреби, предизвици и приоритети. Оваа алатка е клучен елемент во процесот на селекција и дизајнирање на персонализирана поддршка.
Регистрираникакограѓанскиорганизации Право на учество имаат само формално регистрирани здруженија на граѓани или фондации, согласно националната легислатива. Организациите треба да поседуваат валидна документација за својата регистрација и тековно дејствување.
Активноработењеворелевантниобласти Организациите треба да имаат докажано искуство или тековни активности во една или повеќе од следниве области:
работа со млади и младинско учество;
поддршка на маргинализирани/ранливи заедници;
иновации во социјалната сфера или локален развој. * Пожелно е да приложат краток опис на релевантни проекти, иницијативи или резултати.
Номинацијанапретставникзаучество Организациите треба да номинираат еден (1) претставник, кој ќе биде активно вклучен во целиот процес и ќе присуствува на сите три модули. Претставникот треба да има можност и мандат да придонесува кон развојот на организацијата и да пренесува знаења во тимот. * Станува збор за лице со искуство во програмско/проектно менаџирање, развој на заедници или организациски развој.
Подготвеност за мултиплицирање на знаењата Организациите треба да покажат јасна подготвеност и капацитет за внатрешно пренесување на стекнатите знаења, преку вклучување на други членови, организирање на интерни обуки, споделување на материјали или иницирање локални активности. * Организациите со план за интерна мултипликација и заедничка примена на знаењата во локалниот контекст ќе имаат предност при селекција.
Што обезбедува програмата?
Програмата за градење капацитети е осмислена со цел да обезбеди сеопфатна поддршка за учесниците и нивните организации, не само преку квалитетни едукативни содржини, туку и преку логистичка, менторска и мрежна поддршка. Секоја селектирана организација и нејзиниот претставник ќе имаат пристап до следниве бенефиции:
Целосно покриени трошоци за учество
Програмата ги покрива сите релевантни трошоци за учество во трите модули, вклучително:
Трошоци за патување до и од локацијата на одржување;
Обезбеден сместување и храна за време на обуките;
Работни материјали, прирачници и алатки за учење. * На учесниците не им се потребни никакви сопствени средства за учество – сè е обезбедено од организаторите.
Сертификат за успешно завршена програма
По успешно завршување на трите модули и активна вклученост во сите активности, секој учесник ќе добие официјален сертификат кој ја потврдува неговата/нејзината компетентност во тематските области. * Сертификатот може да се користи како референца во идни апликации, проекти и партнерства.
Можности за вмрежување и меѓусекторска соработка
Програмата ќе вклучи организации од сите осум плански региони, овозможувајќи:
Креирање на контакти со организации со слична мисија и визија;
Размена на искуства и добри практики;
Поттикнување на идни партнерства за заеднички проекти;
Градење на неформална мрежа на активни чинители на позитивни општествени промени.
Пристап до менторска поддршка и практични ресурси
Учесниците ќе добијат пристап до:
Ментори и експерти од областа на младински развој, претприемништво, иновации и вработување;
Специјално креирани обучувачки ресурси и алатки;
Поддршка при примена на стекнатите знаења во контекстот на нивната организација или заедница. * Овој пристап ќе помогне организациите да направат реални и одржливи промени во своето дејствување.
Пријавување
Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите, треба да испрата мејл со номинација на претставник и ЦВ од истиот од својата организација на [email protected]
Краен рок за пријавување: [датум, 20 јуни 2025 година, до 23:59 ч.]
Дополнителни информации:
За повеќе информации во врска со програмата или процесот на аплицирање, контактирајте нè на: [email protected] или на +389 72 809 444
Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, објавува повик за ангажирање Експерт за инклузивна корпоративна култура во рамките на проектот „Промоција на социјалното менторство како интерсекторски партнерски пристап за промоција на вработувањето на ранливи групи”.
Заинтересираните кандидати да ја испратат својата финансиска понуда со бруто цена по ден и CV на англиски или македонски јазик до 3 јуни 2025 година на [email protected] со наслов “Application for Inclusive Corporate Culture Expert”.
ОДРЖАН ФОРУМ НА ДОБРИ КОМПАНИИ 2025 – ДИСКУСИИ ЗА ИНКЛУЗИВНА РАБОТНА КУЛТУРА И ЗАДРЖУВАЊЕ ТАЛЕНТИ
Во атмосфера полна со иновативни идеи и енергија за промена, на 8 мај во Скопје, во хотелот „Холидеј Ин“ се одржа Форум на добри компании 2025, настан што собра влијателните лидери, експерти и креатори на промени од Балканот и Европа – за да дискутираат за еден од најголемите предизвици на современото работење: како да се создаде работна средина каде луѓето ќе се чувствуваат вреднувани, инспирирани и посветени.
Организиран од Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, во партнерство со ГИЗ Северна Македонија, Форумот отворено ја истакна потребата од трансформација на традиционалните бизнис модели. Во ера кога вработените повеќе не ги задоволува само финансиската сигурност, туку бараат смисла, припадност и можност за личен раст, компаниите кои не се адаптираат – ризикуваат да ги изгубат своите најдобри таленти, беше една од носечките пораки на Форумот.
Настанот го отворија Дејвид Оберхубер, директор на ГИЗ Северна Македонија, заменик-министерот за труд и економија Марјан Ристески и Климентина Илијевски, извршна директорка на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“. Нивните наративи ја нагласија итната потреба од нов пристап кон управувањето со човечкиот капитал.
– Денес се соочуваме со исклучително важен предизвик – како да ги задржиме најдобрите луѓе во услови на глобална конкуренција за таленти. Но, уште поважно, како да создадеме работни места каде секој ќе има шанса да се искаже, без разлика на потеклото или претходните искуства. Социјалното менторство е едно од решенијата – практичен модел кој веќе дава резултати на Балканот, истакна Оберхубер.
За Марјан Ристески, заменик министерот за економија и труд од голема важност е отворен дијалог со бизнис секторот, академската фела и граѓанскиот сектор во креирањето на економските политики, каде крајна цел е носење на квалитетни и одржливи решенија.
– Големата миграција во странство и движењето на работната сила е предизвик со кој како општество и пазар се соочуваме и мораме да градиме политики со кои ќе ги мотивираме младите да останат во државата и активно да се вклучат во пазарот на труд. Овој форум се концентрира токму на овие теми, на соодветно менаџирање на човечките ресурси, преку обезбедување на конкретни стратегии за градење работна средина што задржува и мотивира таленти. Ова е од клучно значење за задржување на квалитетните работници во домашните претпријатија и компании, задржување на младите лице во Република Македонија, како и преку социјалното менторство за зголемување на можностите и пристапот до пазарот на труд на маргинализираните категории, нагласи Ристески на отворањето на Форумот.
Петтиот Форум на добри компании го стави фокусот на променливиот пазар на труд и предизвиците со кои се соочуваат бизнисите поради миграциите, недостигот на работна сила, флуктуацијата на вработени и одливот на мозоци, најави извршната директорка на „Паблик“, Климентина Илијевски.
– Сите истражувања укажуваат дека платата може да го привлече работникот, но работната култура е таа што го задржува. Особено за новата генерација работници, балансот меѓу приватниот и професионалниот живот станува поважен од висината на платата, додека чувството на припадност на работното место е клучно за задржување на талентите. Искрено верувам дека оние фирми што ќе бидат успешни во наредната деценија, ќе бидат фирмите кои што ќе ги препознаат и имплементираат новите трендови – важноста на работната култура, различноста, инклузивноста, припадноста и вложувањето во човечкиот капитал, потенцира Илијевски.
Форумот вклучи експертски предавања, панел дискусии и интерактивни сесии. Меѓу клучните говорници беше консултантот Чарли Фелгејт од Франција, поранешен лидер за визија во „Декатлон“, а сега независен консултант во компанијата „Ферм Лекок“. Фелгејт ја презентираше улогата на регенеративно лидерство во трансформацијата на бизнисите кон регенеративна економија – пристап инспириран од природата, каде лидерите не се само менаџери, туку и творители на безбедни простори за личен и организациски раст.
– Системските промени не се случуваат преку стратешки планови, туку преку луѓе кои длабински ги разбираат своите вредности и можат да ги воведат во секојдневната практика, објасни Фелгејт.
Говорничка на Форумот беше и Ема Стенстром од Шведска, професорката од Стокхолмската школа за економија и креаторката на методот „Bubble Hopping“. Таа говореше за тоа како уметноста и бизнисот можат да се спојат за да се создадат иновативни решенија за работната средина.
– Креативноста не е луксуз – таа е основна вештина за секој лидер кој сака да изгради култура на припадност, истакна Стенстром.
Како претседател на Design for All International, Франсеск Арагал од Шпанија, кој учествувал и во дизајнирањето на Олимписките и параолимписките игри, го претстави „HUMBLES“ методот – практичен водич за компаниите кои сакаат да ги дизајнираат своите процеси, производи и услуги за разновидни корисници, кој во суштина го негува пристапот „дизајн за сите“, и “се однесува на секој бизнис што сака да биде поефикасен и попријатен за своите вработени и клиенти,“ нагласи Арагал.
Покрај меѓународните експерти, на Форумот зборуваа и локални и регионални лидери кои ја истакнаа важноста на практичните решенија за Балканот.
Преку панели и интерактивни сесии во „Холидеј Ин“, но, и преку онлајн вклучувања, учесниците дискутираа важни теми како: задржување на таленти, последици од невреднување на вработените, влијанието на токсична работна култура, флексибилност на работните места, новите очекувања на генерацијата Z и влијанието на вештачката интелигенција врз иднината на работата.”
Настанот вклучи и разговори за Културата на работното место како фактор за задржување на талентите, со панелисти како Бојан Симиќ (основач на Clean Air Solution Србија) и Фросина Тасевска (од „Пандора“, Данска), за Трендовите во работната сила и иднината на работата, со Ела Маес (Белгија) и Александра Илоска (Македонија), за Социјалното менторство како алатка за интеграција на маргинализираните групи, со примери од пет балкански земји.
Форумот заврши со заклучоци, повик за акција за креирање на работни средини кои ги вреднуваат луѓето и нивните придонеси, и со – порака: Компаниите кои ги ставаат луѓето на прво место не се само „добри“ – тие се и поуспешни!
За сите кои сакаат да ги видат сесиите или да се вклучат во идните иницијативи, повеќе информации се достапни на веб страната: https://companiesdoinggood.com/
Во име на Проектот за подобрување на социјалните услуги во Република Северна Македонија (ППСУ), Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „ПАБЛИК“ го спроведува проектот „Социјално менторство за активација на корисници на гарантирана минимална помош во Република Северна Македонија“. Целта на проектот е активација на пазарот на трудот/вработување на ранливи лица- корисници на гарантирана мининална помош. Вработувањето се смета како клучна алка и најефективниот пристап во борбата против сиромаштијата и социјалната исклученост. Сепак, одредени категории на граѓани се соочуваат со тешкотии во пристапот до отворениот пазар на труд, како и во задржувањето на работните места.
За таа цел, во рамките на овој повик, ќе бидат селектирани 10-20 социјални ментори од целата територија на Република Северна Македонија од кои се очекува да менторираат најмногу 12 корисници на гарантирана мининална помош, во зависност од нивната достапност и времето што можат да го издвојат за ваков тип на ангажман.
Заинтересираните кандидати да испратат свое CV и писмо за интерес најдоцна до 16 мај 2025 година, на [email protected], со назнака: Апликација за социјален ментор- ГМП корисници.
Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју и информирани за конечната одлука.
Здружението на граѓани за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, за потребите на постоечки активности на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, кои се однесуваат на темата „Известување за дигитални права и слободи“, има потреба од ангажирање на соработничка/соработник за социјални мрежи и дигитални содржини.
Опис на ангажманот Соработникот/соработничката за социјални мрежи и дигитални содржини кој/а ќе биде вклучен/а во овие активности ќе го предводи создавањето содржини за веб платформата на „Лице в лице“, како и за различните профили на социјални мрежи на медиумот, промовирање на свеста за прашањата за дигиталните права и ангажирање на пошироката јавност. Ангажманот треба да биде во перидот од април до септември 2025 година. Ангажираното лице се очекува да посвети 50% од работното време месечно на проектот.
Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, во партнерство со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), ве поканува да се приклучите на Форумот „Companies doing good“, кој ќе се одржи на 8 мај 2025 година во Скопје, Република Северна Македонија.
Форумот е дел од проектот „Промоција на социјалното менторство како меѓусекторски партнерски пристап за промоција на вработување на маргинализирани групи“, кој има за цел да ги поддржи начините за вработување на ранливи групи преку иновативни пристапи како што е социјалното менторство.
Настанот ќе собере над 100 учесници во живо и дополнителни учесници онлајн, вклучувајќи претставници од бизнис, јавни институции, невладини организации и меѓународни партнери.
Позиции за кои се бараат кандидати:
Асистент за координација на настани
Провајдер на услуги за дигитален маркетинг, брендирање и комуникации
Здружението на граѓани за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, за потребите на постоечки активности на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, кои се однесуваат на темата „Известување за дигитални права и слободи“, има потреба од ангажирање на новинар(к)и кои ќе изработат аналитичко-истражувачки содржини.
Новинарите кои ќе бидат вклучени во овие активности ќе имаат задача да продуцираатистражувачко-аналитички стории со кои ќе се документира кршењето на дигиталните права во земјава и ќе се идентификуваат институционалните неуспеси. Во овие содржини, посебен акцент ќе биде ставен на решенија во насока на обезбедување препораки за политики за подобрување на заштитата на дигиталните права.
Сториите треба да бидат објавени во перидот од април до јули 2025 година. Се очекува новинарите да бидат ангажирани вкупно 15 дена во периодот од март 2025 до јули 2025. Точниот период на ангажманот ќе биде дефиниран во договор за дело.
Понудата треба да се достави електронски, на е-маил адресата: [email protected], најдоцна до 13.02.2025 година, до крајот на денот.
Здружението на граѓани за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, за потребите на постоечки активности на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, кои се однесуваат на темата „Известување за дигитални права и слободи“, има потреба од ангажирање на уредник/уредничка, со договор за дело во времетраeње од 8 месеци.
Уредникот/уредничката кој/а ќе биде вклучен/а во овие активности ќе има задача да го надгледува квалитетот, точноста и кохерентноста на содржините произведени од страна на учесниците во проектот, осигурувајќи се дека е усогласени со уредувачките стандарди на „Лице в лице“ и со востановените новинарски и етички принципи.
Ангажманот треба да почне веднаш по изборот на кандидатот и да трае до 12-ти септември 2025 година.