Зајакнување на социјалната економија во Европа и улогата на нејзиниот потенцијал во економскиот развој, социјалното вклучување и зелените и дигитални транзиции.

Ова е фокусот на тековниот Европски самит за социјална економија, (26 и 27 мај), на кој учесник е и Aсоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, преку претставничката/истражувачка, Александра Илоска.

Настанот претставува можност да се дискутира како социјалната економија може да помогне во преобликување на економијата после КОВИД пандемијата – преку промовирање инклузивни и одржливи економски модели во Европа.

Ова онлајн случување обединува многу јавни и приватни чинители, креатори на политики, претставници на граѓанското општество и академските институции. Учесниците дискутираат и разменуваат најдобри практики, и при тоа поттикнуваат учење од врсници.

Планирани се повеќе од 80 сесии на засегнати страни со приближно 300 организации учесници од цела Европа.


„Паблик“ ќе биде дел од денешната тркалезна маса (27 мај, старт: 15.15 ч), насловена „Градење посилен екосистем на социјална економија преку регионална соработка“.
Целта на оваа дискусија е да се споделат препораки и идеи од организациите за тоа како да се подобри прекуграничната соработка и да се одвива непречено закрепнувањето по Covid-19 – преку зајакнување на претпријатијата за социјална економија.

Онлајн Самитот е во организација на Европската комисија и Градот Манхајм.

Програмата на Самитот по сесии: https://bit.ly/34kVinY
Целата агенда  за 27 мај: https://bit.ly/3vpQzNN

Линк за регистрација: https://opensocial.network/

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here