Социјалното менторство, услуга која во моментов ја добиваат 15 жени кои преживеале насилство, носи резултати од: 9 вработени жени, но и унапредување на нивниот квалитет на живот, сликата за себе си. Истовремено се овозможува партнерско делување со значајни чинители, меѓу кои се и граѓанските организации кои работат со оваа целна група, но и со бизнис секторот и институциите.

Економското зајакнување на жени кои преживеале насилство е меѓу клучните алки во синџирот на потребите кои се неопходни за личноста да може да се реинтегрира и да живее нормален живот. Преку обезбедување на услугата социјално менторство, Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, влијае на овозможување инклузивни работни места за 15 жени кои преживеале насилство. Во партнерство со UN Women Skopje, во рамките на проектот „Можности за економска реинтеграција преку социјално менторство за жени жрви на насилство“, кој пак е дел одрегионалната програма на UN Women, финансирана од ЕУ, за ставање крај на насилството врз жените „Спроведување норми, менување умови“, постигнати се значајни резултати: 9 вработени жени, но, и унапредување на нивниот квалитет на живот, сликата за себе си, добиени и усовршени нови вештини… Истовремено се овозможува партнерско делување со значајни чинители, меѓу кои се и граѓанските организации кои работат со оваа целна група, но и со бизнис секторот и институциите.

Интервју со една од четирите социјални менторки од оваа програма, Магдалена Чадиноска Кузманоски, која веќе 10 месеци работи со 5 жени кои преживеале насилство, е објавено во 24. издание на програмскиот њузлетер. Taa зборува како социјалното менторство ги поддржува жените кои преживеале насилство да се интегрираат и да ги унапредат своите вештини, станувајќи поконкурентни на пазарот на трудот.

Интервјуто  е достапно на овој линк
Њузлетерот е на овој линк

Повеќе за проектот „Можности за економска реинтеграција преку социјално менторство за жени жртви на насилство

Дознајте повеќе за социјалното менторство на овој линк.

Moже да ве интересира и:
Зошто жените жртви се враќаат кај насилникот?

Социјалното менторство го надминува јазот помеѓу работникот и работодавецот

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here