Во издание на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, од неодамна достапен е нов документ на политики, Како до развиен еко-систем за социјални претпријатија, кој става фокус на состојбата со социјалното претприемништво кај нас.

Постојната законска регулатива во Македонија не ги препознава и не ги регулира социјалните претпријатија и социјалното претприемаштво бидејќи сѐ уште не постои заедничко разбирање за концептите, велат авторките на оваа публикација.
Ентитетите што го сочинуваат спектарот на социјалните претпријатија во земјата се разновидни, додаваат тие. Но, и покрај отсуството на специфични институционални форми за социјалните претпријатија, дел од постојните законски акти овозможуваат основање и функционирање ентитети што делумно или целосно можат да бидат препознаени како социјални претпријатија, како на пример граѓански организации и фондации, кооперативи, заштитни друштва, комори на занаетчии, земјоделски задруги, а и неформалниот сектор за собирање отпад го има потенцијалот да биде трансформиран преку социјално претприемаштво.

„Креаторите на политиката во сферата на социјалното претприемаштво и социјална економија, генерално, треба да бидат отворени да ги чујат мислењата на стејкхолдерите, да бидат стрпливи за времето неопходно да се увиди целосната слика, да се базираат на локално знаење на темата и да ги користат „органските“ податоци преку истражувањата спроведени во земјата, да се инспирираат од другата практика, но критички да ги опсервираат можностите за репликација, да бидат креативни во осмислување на системот на комуникација, поддршка, поврзување и евалуација. Но и да бидат визионери за иднината на социјалната економија во земјата“, нагласуваат авторките на полиси брифот „Како до развиен еко-систем за социјални претпријатија“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here