ИСТОРИЈАТ                                                                                                                                             

Упатувањето на работниците, регулирано со Директивата за упатување на работници (97/71/ЕК), е важен канал за прекугранична мобилност на работната сила во рамките на единствениот европски пазар на трудот. Иако упатувањето го користат сите земји-членки до одредена мера, највисоката мобилност доаѓа од земјите со пониски приходи од јужниот и источниот дел на ЕУ во земјите со повисоки приходи од западниот и северниот дел. Упатувањето беше и продолжува да биде од особена важност за време на транзициските периоди, кога одредени земји-членки го ограничуваат пристапот во пазарот на трудот за работниците од новите земји-членки. Во однос на неодамнешното минато на миграција кон земјите-членки на ЕУ по падот на претходните политички режими, овој миграциски тренд се очекува да продолжи и откако земјите-кандидати од Западен Балкан ќе станат полноправни членки.

ЦЕЛИ

Проектот за упатување на работници од Источна Европа (EEPOW) има за цел проактивно да  се осврне на прашањето поврзано со упатување работници во својата претпристапна фаза, преку помагање на источно-европските земји, особено четирите земји-кандидати, Албанија, Република Македонија, Црна Гора и Србија, при спроведувањето на Директивата пред таа да стапи во сила и преку помагање во спречувањето на социјалниот дампинг.

Тоа го прави преку:

  1. оценување на институционалните потреби на земјите-кандидати со цел да се подготват за директивата и да го спречат социјалниот дампинг;
  2. спроведување заеднички активности за учење (оценување од колеги) во земјите членки на ЕУ, заедно со земјите-кандидати, со цел да се учи од најдобрите практики; и
  3. работење во партнерство со креаторите на политики, државните службеници, државните агенции и социјалните партнери.

 

КРАТКОРОЧНИ ЦЕЛИ И АКТИВНОСТИ

Проектот придонесува кон европска кохезија и солидарност во рамките на ЕУ и помеѓу ЕУ и земјите-кандидати во Западен Балкан.

Конкретните цели вклучуваат:

  • подобрување на транснационалната соработка со повеќе чинители
  • зголемување на пристапот до информации
  • проширување на базата на докази преку емпириски истражувања
  • градење на институционални капацитети.

Активности:

  • оценување на институционалните капацитети на земјите-кандидати за спроведување на Директивата за упатување работници,
  • соработка помеѓу чинителите oд земјите учесници преку работилници за земјите и оценувања од колегите,
  • споделување информации преку настани и публикации.

 

ПАРТНЕРИ НА ПРОЕКТОТ

Истражувачкиот центар на Словенечката академија на науки и уметности (Словенија)

CIOFS – Formazione Professionale (Italy)

Центар за социјални истражувања Хале (Германија)

Министерство за труд, вработување, боречки и социјални прашања (Србија)

Агенција за вработување на Црна Гора (Црна Гора)

Европско движење во Албанија (Албанија)

Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“  (Република Македонија)

ПОВРЗАНИ ПАРТНЕРИ

Австриското Министерство за труд, социјални прашања и заштита на потрошувачи (Австрија)

Министерство за труд, социјални прашања и интеграција Саксонија-Анхалт (Германија)

Македонското Министерство за труд и социјална политика (РМ)

 

КОНТАКТ

Координатор на проектот: Сонила Данај (Европски центар за социјална политика и истражување)

[email protected]

https://www.euro.centre.org/projects/detail/1673

 

Службеник за комуникација: Елена Грили (CIOFS-FP)

[email protected]

Локален координатор: Климентина Илијевски, Асоцијација за истражување, комуникации и развој „ПАБЛИК“

Е-маил: [email protected]

 

НАПОМЕНА

Овој документ доби финансиска поддршка од Програмата за вработување и социјални иновации на Европската Унија-„EASL“ (2014-2020). За дополнителни информации, ве молиме одете на: http://ec.europa.eu/social/easi

Информациите содржани во оваа публикација не ја одразуваат во целост официјалната позиција на Европската комисија

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here