Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој „Паблик“, објавува повик за ангажирање ментори во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество „Социјалните претпријатија – тежиште на триаголникот: Економски раст, развој на заедницата и социјална инклузија”.

Рок: 15.04.2019 година
Надомест: По договор

ОПИС

Избраните ментори (од областите бизнис планирање, продажба, маркетинг и брендирање) треба да работат со договорен, флексибилен временски распоред во согласност со барањата на конкретниот проект, со цел да се обезбеди менторска поддршка за развој на 10 социјални претпријатија (СП) кои се во старт-ап фаза. Преку обезбедената поддршка, се очекува СП да ги унапредат своите знаења и капацитети во дефинираните области. Менторската поддршка ќе биде дизајнирана од страна на избраните ментори, според специфичните потреби на секое од 10-те СП, а во консултации со „Паблик“ . Се очекува програмата да се реализира во периодот од мај до септември 2019 година.

ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ НА СЕКОЈ ОД ИЗБРАНИТЕ МЕНТОРИ

  • Да работи со тимот на „Паблик“ и со тимот на доделеното социјално претпријатие, во насока на развивање на конкретната област за која е ангажиран/a
  • Да изработи план за менторирање и истиот да го усогласи со потребите на доделеното социјално претпријатие
  • Во согласност со својата експертиза да предложи соодветни препораки за развој на доделеното социјално претпријатие
  • Да присуствува на договорени состаноци со тимот на доделеното СП и со тимот на „Паблик“
  • Да поднесе извештај за спроведеното менторирањето, според однапред даден формат кој ќе биде доставен од страна на „Паблик“
  • Да осигура дека менторирањето се одвива во согласност со потребите на доделеното СП
  • Да ги извршува должностите во согласност со членовите и правилата пропишани во договорот за ангажман на овој проект.

 

ВРЕМЕНСКА РАМКА

Ангажманот е очекувано да трае 30 – 40 менторски часови во период од мај 2019-та до септември 2019-та година.

ПРОФИЛ И КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено најмалку високо образование во областа на економски студии, маркетинг, комуникации или други слични области
  • Најмалку четири години ефективно работно искуство во бизнис секторот и старт-ап заедницата
  • Познавање на развојот на социјалните претпријатија во земјава и контекстот во кој истите се развиваат
  • Искуство во обезбедување менторска поддршка
  • Искуство во директна соработка со социјални претпријатија ќе се смета за предност.

ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ

  • Ефективна комуникација (усна и писмена) на македонски јазик
  • Способност за тимска работа
  • Одлични интерперсонални и комуникациски вештини
  • Способност за ефективна соработка со засегнатите страни од релевантната област
  • Способност за независно, флексибилно и кооперативно извршување на работата и ефикасно управување со време
  • Ефикасно користење на работното време

ДОСТАВУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја куса биографија електронски,
не подоцна од 15.04.2019-та година (до крај ден) на следната адреса: [email protected],
со назнака

Повик за ментори
и задолжително да се наведе областа за која кандидатот доставува апликација,
односно, дали аплицира за
бизнис планирање, за продажба, маркетинг
и / или за брендирање.

Најуспешните кандидати ќе бидат повикани на разговор. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, односно кои ќе бидат повикани на интервју, ќе бидат известени за резултатите по електронски пат, најдоцна 3 работни дена по извршениот избор.
Кандидатите може да ги постават своите прашања на [email protected].
Ве молиме без телефонски јавувања.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here