Социјална инклузија и интеграција

Истражувањето на индикаторите кои ја отсликуваат социјалната инклузија и остварувањето на социјалните права во Македонија, претставува првиот програмски столб на истражување, анализа и застапување на „Паблик“. Социјалната инклузија е централниот елемент во борбата против екстремната сиромаштија, осигурување на квалитет на живот и промовирање заеднички просперитет.

Во насока на промовирање на социјалната инклузија во Македонија, „Паблик“ обезбедува навремени податоци за следните области: сиромаштија, исклученост од правото на домување, пристап на пазарот на труд на ранливи категории граѓани, миграции (вклучувајќи го и јазот во вработувањето на имигрантите), долгорочна невработеност, влијание на социјалните трансфери, пристап до образование, родова, социјална и етничка нееднаквост.

Листа на реализирани проекти:

  • EEPOW – Деташирање (упатување) работници во Источна Европа
  • Анализа на бездомништвото во Македонија
  • Социјални услуги и миграции: интеграција и кохеренција помеѓу стејкхолдерите за унапредување на услугите за мигранти, бегалци и баратели на азил во Македонија, Србија и Хрватска
  • Лице в лице со фактите
  • Лице в лице програма
  • Етичките предизвици во развојот на уличниот печат

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress