Почитувани,

Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој „ПАБЛИК“, Скопје објавува „Барање за прибирање понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

  1. Општи услови

1.1 Набавувач на услуги: „ПАБЛИК“ од Скопје со седиште во Скопје ул. „Бојмија“ бр. 1-2/21.

1.2. Предмет на барањето: ПР и комуникациски услуги за потребите на комуникацијата на Форумот на Добри Компании 2018

1.З. „ПАБЛИК“, Скопје, во партнерство со Регионалниот проект за социјални права и ранливи групи кој се имплементира од страна на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) во име на Германското федерално министерство за економска соработка и развој (BMZ),  јавно го објавува ова барање преку својата интернет адреса, до сите регистрирани правни субјекти во државата заради набавка на комуникациски и ПР услуги.

1.4. Набавката на ова Барање  е деллива.

  1. Понуда

2.1 Понудувачот треба да достави понуда во која, согласно потребите на набавувачот, во понудените содржини треба да ја содржи следната спецификација:

  1. ПР услуги – комуникација со медиумите и комуникација на социјални мрежи

Динамика од два до три поста неделно, со вклучен буџет за бустирање и директна комуникација со медиумите со цел објави и гостувања за поголема видливост на настанот.

Креирање содржина за постовите вклучително со комуникација на биографиите на говорниците.

Дизајн на насловната страна на нотесот и 8те граничници на истиот, секој со по две страни. Дизајн и аплицирање на дизајнот на принт материјалите, торби, пенкала и сл како и за електронските верзии на материјалот за комуникација (веб банери, визуелизација на постовите)

Таргет – минимум објави во 20 медиуми и дитрибуција на информацијата до 50.000 лица.

  1. Комуникациски услуги кои како минимум треба да вклучат:
  • Изработка на минимум три видео пораки (30 – 90 сек) со цел комункација на контекстот на темите на Форумот (сценарија во соработка со Паблик) и визибилити на настанот
  • Изработка на апдејт на Веб страната со информации релевантни за настанот
  • Креирање содржина за рекламниот материјал предвиден на Форумот (Нотеси, торби)
  • Дизајн на лого, дизајн на банер и аплицирање на генералниот дизајн предвидените рекламни материјали (банер за веб, физички банер, Агенда и останати материјали …)
  • Дизајн на инфографици или слични комуникациски материјали
  • Снимање на настанот со 3 камери (документирање на настанот)
  • Стриминг од настанот – пренос во живо на некоја од платформите реализирана со видео миксета со постоечки камери и/или дополнителни камери
  • Употреба на кран и/или стеди кем и дрон не е обавезна но е пожелна како понуда
  • Изработка на брендинг видео од настанот, без нарација – шоурил со висока визулена култивираност како документ за агендата на настанот.
  • Монтажа на најзначајните моменти од настанот – изјави на говорници, говори и сл (вкупно, до 5 часови монтиран материјал)
  • Снимање на интервју со главните говорници (една до две камери, светло, тон, на денот на или ден пред настанот). Можни се четири интервјуа со говорниците во траење од 30 минути секој.
  • Монтажа на интервјуата во материјал погоден за веб и ТВ
  1. Критериуми за избор на најповолен понудувач:
  • Понудена опрема, тим, методологија на работа и искуство на агенцијата со слични настани
  • Цена
  • Рок и начин на испорака на производите
  • Рок и начин на плаќање

Првата ставка носи најмногу 45 бодови, цената 25 бодови, Роковите за испорака и плаќањето по 15 бодиви. За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ке добие најмногу поени.

Доколку се исполнети сите барања се смета дека квалитетот е постигнат во целост.

Бодувањето на понудените цени се определува согласно процентуалниот сооднос на најниската и највисоката понуда.

  1. Облик и содржина на понудата

4.1 Понудата се изработува во писмен облик и треба да вклучи опрема, кратка методологија и сажет опис на релевантното искуство на понудувачот со слични проекти.

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт.

4.3 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите.

4.4 Вредност на понудените содржини и услуги изразена во денари.

4.5 Рок и начин на плаќање

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта на [email protected],  или лично да ги доставите до архивата на „ПАБЛИК“ на адреса: „Бојмија“ 1-2/21, најдоцна до (четврток) 29.11.2018 година до 10 часот.

Скопје 23.11.2018.

Маја Раванска
Координаторка за организациски менаџмент и развој

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here