Актуелно

Неопходни се итни интервенции во решавање на проблемот со домување кај жените-жртви на семејно насилство

Дебата на тема “Жени жртви на семејно насилство - потенцијални бездомнички“ се одржа денес во хотел „Порта“, во организација на Националнта мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, Асоцијацијата за истражување, комуникациии и развој “Паблик“ и НВО „Една може“.Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ после едногодишното истражување на бездомништвото во Македонија, ја надополни постојната дефиниција со вклучување на два нови профила - скриено и потенцијално бездомништво преку девет категории и 15 поткатегории, меѓу кои и лица што живеат кај роднини и пријатели, жени во шелтри за семејно насилство, лица што остануваат подолго во институции поради тоа што немаат дом, лица на кои им се одзема домот даден под хипотека, лица што живеат во привремени, неконвенционални живеалишта. Во Македонија, секоја трета жена е жртва на семејно насилство. За оваа појава или се молчи, или пак жртвите се принудени сами да се борат за своите права, бидејќи со години наназад…
Read more...

Мартен Дресен: Креирајте вредности, не само профит

Претставници на компании, граѓански организации, носители и спроведувачи на политики, сите заедно седнаа на маса со цел да се договорат како да направат подобар социјален импакт во општеството, во рамки на првиот Форум на добри компании, на тема: „Трансформација на општеството преку бизнисите“ што денес се одржа во хотелот Скопје Мериот. Форумот е во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“ и Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, и негова цел е да понуди информации и да даде придонес во создавањето вредности кај засегнатите страни преку прикажување добри практики од светот и преку овозможување увид во сегашната состојба на општеството. Гостин на Форумот беше Мартен Дресен, холандски претприемач, основачот на „Good Hospitality Group“, кој го сподели искуството на создавањето на „Добар хотел“, пловечка конструкција која привлекува илјадници туристи, особено оние кои ја разбираат својата улога во создавањето можности за луѓето од маргините.-Во социјалниот бизнис како „Добар хотел“, акцентот…
Read more...

Прв форум на добри компании во Македонија: Холанѓанецот Мартен Дресен, основачот на „Добар хотел“, во Скопје

„Воспитан сум да верувам дека луѓето се добри, а бизнисите лоши. Мојата перцепција се промени кога разбрав дека алката што недостасува во креирањето долгорочна промена е бизнис моделот што ги комбинира правењето бизнис со правењето на вистинската работа“. На оваа основа го гради својот бизнис холандскиот претприемач Мартен Дресен, основачот на „Good Hospitality Group“, кој во петок доаѓа во Скопје, како еден од главните говорници на Првиот форум на добри компании, (Companies Doing Good Forum) во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“ и Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, што ќе се случува во Хотел Скопје Мериот. Дресен е основач на „Добар хотел“, пловечка конструкција која привлекува илјадници туристи, кој се пакува и плови кон друга дестинација откако ќе си ја исполни мисијата - да создаде висококвалитетен угостителски кадар од луѓе кои со години биле без работа. Како што истакнува Амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. г. Ваутер…
Read more...

Неопходен е нов дискурс и итни правни мерки во јавните политики за домување

Потребата од дефинирање на бездомништвото во нормативни рамки, како и начините за негово намалување преку моделите на социјалното претпримеништво, беа главните точки на агендата на третата средба на Работната група за исклученост од правото на домување и бездомништво, која на 23 ноември се одржа во „Холидеј Ин“, во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“. На настанот учествуваа претставници на јавни институции, на здруженија на граѓани, претставници на Академијата.На средбата беа презентирани тестемонијали за трите концептуални категории на бездомништвото: јавно, скриено и потенцијално, кои беа и појдовна основа за дискусија во насока на започнување на процесот на застапување и лобирање во однос на прашањето на исклученост од правото на домување и бездомништвото. Видео содржините беа успешна алатка за приказ на комплексноста на проблемот на бездомништвото, укажувајќи на фактот дека преодот од една во друга категорија е лесно возможен, доколку не се преземат соодветни превентивни мерки. На овој состанок…
Read more...

Формирана истражувачка регионална мрежа oд областа на социјалните претпријатија и социјалната економија

Неопходно е поврзувaње на знаењата базирани на докази за потенцијално влијание врз современите јавни политики кои се однесуваат на полето на социјалното претприемаштво во секоја од земјите од регионот. Ова беше еден од донесените заклучоци во рамки на дводневната регионална научна конференција „Истражување на развојот на социјалните претпријатија на Балканот “, која се одржа во Скопје и која опфати и лансирање на „Балканската мрежа на истражувачи во областа на социјалните претпријатија“, („Balkan social enterprise research network“). Цел на мрежата е иницирање поширока регионална дебата и придонес кон креирањето политики за социјалното претприемaштво и социјалната економија. Истражувач(к)ите од Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија и Македонија, кои споделија научни основи и трудови, резултат на истражувањата во нивните земји, беа согласни во ставот и во визиите дека новоформираната мрежа означува чекор напред кон поквалитетна меѓусебна соработка, споделување искуства, знаења и информации, како и следење на активностите во истражувачките проекти од…
Read more...

Македонија домаќин на научна регионална конференција за социјално претприемаштво

Преку формирање на балканска истражувачка мрежа, до зајакнување на политиките за социјално претприемaштво Во екот на развојот на јавната дебата за социјалните претпријатија и обидите на владите за нивно правно регулирање, организации од Македонија во соработка со партнери од Албанија и од Косово, иницираа создавање на балканска мрежа на истражувачи во областа на социјални претпријатија.Првата средба на истражувачите ќе се случи на 17 и 18 ноември во Скопје, (хотел „Холидеј Ин“), во рамки на научната конференција со наслов “Истражување на развојот на социјалните претпријатија на Балканот”.Настанот е во организација на „Реактор-истражување во акција“ во партнерство со „Паблик“ и „Конект“ од Македонија и со „Партнерс Албанија“ од Албанија и Центарот за мир и толеранција од Косово, кои заеднички го спроведоа истражувањето „Предизвиците и можностите на социјалните претпријатија за вработување маргинализирани лица“ поддржано од Регионалната програма за промоција на истражувањата во Западен Балкан. На конференцијата ќе се презентираат најновите истражувања кои се…
Read more...

Секој твит е важен: Започнува твитер кампања „Чисти вести, чиста политика, чисти луѓе“, вклучи се!

Знаеш ли кој ги зготви информациите што ги „голташ“ секое утро заедно со кафето? Кои се состојките, зачините, какво е пакувањето? Кој е сопственик на твојот омилен весник или портал со кој го започнуваш денот, радиото кое го слушаш додека патуваш до работното место? Кој е сопственик на телевизијата, чиј ударен дневник го сметаш за најрелевантен? Со што се занимава тој сопственик, освен со медиуми? Дали неговиот медиум го застапува јавниот интерес, или пак неговите деловни интереси? Од каде потекнуваат парите со кои е купен и создаден тој медиум? Кој е вистинскиот газда на медиумот што го консумираш? Постои ли медиумска концентрација во твојата земја? Кој, зошто и на кои сè начини го прикрива сопствеништвото над медиумите? Зошто медиумите вршат напади врз некои јавни личности, штитат други, а за трети молчат? Кои сè теми и соговорници се забранети во твојот омилен медиум? Фокусот на кампањата „Чисти вести, чиста политика, чисти…
Read more...

Одбрани се организациите со кои конзорциумот на „Медиумски круг“ ги здружува силите за заговарачки активности

фото:pixabay.com Конзорциумот на „Медиумски круг“ одбра шест невладини грасрут организации со кои ќе ги здружи силите во заговарачки активности кои следат во следниве месеци, особено на оние кои се однесуваат на резултатите од новото мерење на Индексот на клиентелизмот во медиумите. Добиени се вкупно 23 проектни предлози, а одбрани се проектите на следниве организации: Здружение за промовирање на граѓанското општество, медиумските култури и размена на информации „Трис“ од Хрватска, Здружението „СтарМо“ од Босна и Херцеговина, Граѓански центар на Војводина – ВЦЦ од Србија, Иницијатива за независен културен активизам ИНКА од Македонија и Центар за независно новинарство и Евролајф од Романија.Одбраните организации, секоја на свој начин ќе имаат активности во насока на подобрување на досегот и влијанието на наодите на проектот „Медиумски круг“, особено на Индексот на клиентелизам во медиумите и сториите на новинарите објавени на порталот „Ферпрес.еу“. При тоа, посебно внимание ќе се посвети на ширењето на резултатите и на…
Read more...

Конференција Social Innovators во Скопје

Фондацијата Фридрих Еберт Македонија, Младиинфо Интернационал, Импакт ХАБ Скопје и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ ве канат на првата Конференција Social Innovators, која ќе се одржи на 5-ти септември 2016 година во киното „Фросина“ во Младинскиот кулутрен центар во Скопје. Бидете дел од настанот и чујте ги 10-те инспиративни приказни на социјални иноватори од Австрија, Германија, Полска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и од Македонија! Настанот започнува во 9 и ќе трае до 17 часот. Присутните ќе имаат можност да ги чујат инспиративните говори на Матијас Раизингер од „Импакт Хаб Виена“, Карин Лор од уличното списание „БИСС“ од Германија, Јакоб Детеринг од „Социјал маркерт Романија“, Зоран Пуљиќ од Фондација „Мозаик“ од Босна и Херцговина, Барбара Садовска од фондацијата „Барка“ од Полска, Хозе Антонио Моралес од „Аурора коворкинг“ од Словенија, Соња Дакиќ од „Дај дај“, Србија, Јасминко Халиловиќ од „Музеј на детството во време на војна“ од Босна и…
Read more...

Одржана конференција за предизвиците и можностите за вработување на маргинализирани групи во социјалните претпријатија

Денес се одржа конференција на тема „Предизвиците и можностите за вработување маргинализирани групи во социјалните претпријатија“, на која беа презентирани резултатите и наодите од најновото истражување – „Можностите и предизвиците на социјалните претпријатија за вработување на маргинализираните групи“, како дел од Регионалната програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан – RRPP.Ограничените можности за вработување и високополитизираниот пазар на труд, дискриминацијата врз основа на национална припадност, род, возрасна група и обесхрабрувањето што доаѓа врз основа на различни социјални фактори (отсуство на инклузивни работни места, неразвиена свест за маргинализираните лица и за придобивките од нивниот труд) беа посочени како најчестите параметри кои маргинализираните групи во Македонија ги посочуваат како причини за нивната невработеност. Во земјава иако постојат законски рамки преку кои е возможно функционирањето на овие форми, не обезбедуваат поддршка за нивното работење.Ова се само дел од заклучоците од истражувањето кое беше презентирано од „Реактор истражување во акција“, „Конект“ и Асоцијацијата…
Read more...

Одржан работен состанок за решавање на проблемот со бездомништвото во Македонија

Одржан работен состанок за решавање на проблемот со бездомништвото во МакедонијаВо организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, на 2 јуни, во Фондацијата „Фридирих Еберт“, се одржа работен состанок за утврдување почетни активности за брзо дејствување на помош на ранливата група – лица кои се соочуваат со бездомништво, земајќи ги во предвид и постоечките форми на помош. На оваа средба беа констатирани главните проблеми во борбата против бездомништвото, а беа посочени и дефинирани насоки за нивно понатамошно решавање. Свои видувања и насоки, покрај тимот од „Паблик“, споделија и претставници од Заводот за социјални дејности, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Психијатриска болница „Бардовци“ - Скопје, организацијата „Вистински дела на љубезност“, Националниот ромски центар – Куманово, Британската амбасада и од Црвениот крст на Град Скопје. На средбата беа сумирани досегашните чекори направени во насока на детектирање на реалната состојба на бездомништвото во Македонија, беше презентирана сликата на општите трендови врзани…
Read more...
Subscribe to this RSS feed