Актуелно

Втор Форум на добри компании – вмрежување за посилен општествен импакт

Дали глобалниот контекст го редефинира „доброто лидерство“ овој пат во релација со социо-економскиот предизвици и заштитата на животната средина? Како македонските компании да ја зголемат конкурентноста на глобално ниво и колкав е растот на импакт инвестициите? Ова се дел од прашањата што ќе ги третира второто издание на Форумот на добри компании, насловен: „Партнерства за општествен импакт“, кој ќе се одржи утре, 3-ти ноември, во хотелот „Скопје Мериот“, во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, а во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, Европската банка за обнова и развој, со Агенцијата „Холистик“ и со „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“. Станува збор за динамичен, интерактивен настан со содржини што нудат вмрежување на искуствата и градење партнерства меѓу институциите, бизнисите и граѓанскиот сектор. Истиот ги здружува мудрите бизниси, оние кои внимателно ги следат поместувањата на вредностите на клиентите и соодветно, на пазарот и на потребите на општеството.…
Read more...

Повик за методолог за истражување

Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој ПАБЛИК, Скопје поддржана од програмата за граѓанска вклученост (Civic Engagement Project),објавува повик за ангажирање на Методологот за истражување, во рамки на проектот – Социјалните претпријатија тежиште на триаголникот- Економски рат, Развој на заедницата и Социјална инклузија, спроведувана од Ист Вест Менаџмент Институт (EWMI). Рок: 9 ноември 2017 година Надомест: По договор ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА Методологот за истражување, треба да работи со договорен, флексибилен распоред во согласност со барањата на конкретниот истражувачки проект (Социјалните претпријатија тежиште на триаголникот: Економски раст, Развој на заедницата и Социјално инклузија) со цел да се обезбедат совети за најдобрата практика за истражување; дизајнира методологија на истражување и прибирање на основни податоци и да придонесе за развој, анализа и следење на податоците и резултатите во рамките на проектот. ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ Работи со тимот на ПАБЛИК и со Консултантот за истражување, да присуствува на оперативните состаноци и да придонесете за…
Read more...

Повик за консултант за истражување

Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој ПАБЛИК, Скопје поддржана од програмата за граѓанска вклученост (Civic Engagement Project),објавува повик за ангажирање на Консултант за истражување, во рамки на проектот – Социјалните претпријатија тежиште на триаголникот- Економски рат, Развој на заедницата и Социјална инклузија, спроведувана од Ист Вест Менаџмент Институт (EWMI). Рок: 9 ноември 2017 година Надомест: По договор ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА Консултантот за истражување, треба да работи со договорен, флексибилен временски распоред во согласност со барањата на конкретниот истражувачки проект (Социјалните претпријатија тежиште на триаголникот: Економски раст, Развој на заедницата и Социјално инклузија), со цел да се обезбеди надзор на севкупниот квалитет на истражувачката компонента на проектот и компонентата за мониторинг и евалуација вклучувајќи ја и анализата на влијанието на проектот. ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ -          Да работи со тимот на ПАБЛИК и Методологот за истражување, да присуствува на оперативните состаноци и да придонесува за професионалната функција на организацијата во рамките…
Read more...

Законот за социјално домување – неопходен чекор кон решавање на проблемот со бездомништвото

Разгледување на дефиницијата за бездомништвото во Македонија, која ја креираше Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, после едногодишното прво длабинско истражување на оваа тема во земјава, важноста на Законот за социјално домување во насока на решавање на проблемот со бездомништвото, како и тоа колку е важно да се мери и категоризира оваа општествена појава, како основа за дефинирање приоди во решавањето на проблемот – беа главните точки околу кои се фокусираше четвртата средба на работната група за исклученост од правото на домување и бездомништво, која се одржа во хотел „Порта“, на 3 мај. На настанот, стражувачката Александра Илоска, говореше на тема „Мерење на бездомништвото – бројките и категоризацијата како основаа за дефинирање приоди во решавањето на проблемот“. Таа ги претстави трите концептуални категории (без покрив; несигурни живеалишта и несоодветни живеалишта) поделени во 13 оперативни категории, кои можат да се користат за дефинирање различни цели на политиката како бележење на…
Read more...

Нов поглед кон бездомништвото и домувањето – меѓу клучните принципи во документот за социјална сфера на Европската комисија

Домувањето и поддршката за бездомните лица е еден од 20-те клучни принципи во социјалната сфера, кои ги издаде Европската комисија во рамки на Европскиот столб на социјални права, кој беше претставен неодамна. Европската федерација на национални организации кои работат со бездомни лица ФЕАНТСА, чија членка е и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, го поздрави овој потег. Во Принципот 19. кој е дел од Столбот, е наведено: 1. Пристап до социјално домување или домување со поддршка со добар квалитет за сите кои имаат потреба; 2. Ранливите групи имаат право на соодветна помош и заштита при принудно иселување; 3. Овозможување соодветни шелтри и сервиси за бездомниците во насока на нивна на социјалнат инклузија. Токму овој сегмент донесува различни аспекти на правото за домување, на едно ново ниво на Европската унија. Тоа подразбира дека секој во ЕУ треба да има пристоен дом, социјално домување или право на соодветна поддршка на оние…
Read more...

Паблик меѓу основачите на Мрежата за медиумска писменост

Унапредување на соработката меѓу различните чинители во македонското општество кои креираат и спроведуваат политики и реализираат активности и проекти во сферата на медиумската писменост. Ова е главната цел на новоформираната Мрежа за медиумска писменост на Република Македонија, која денес ја промовираше Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а меѓу 34-те основачи се наоѓа и Асоцијацијата за истражувањe, комуникации и развој, „Паблик“. Поддршка за формирањето на Мрежата за медиумска писменост на Република Македонија изрази и амбасадорот на Делегацијата на Европската унија, Самуел Жбогар, кој рече дека медиумската писменост е особено важна за здрава демократија и за медиумските слободи и плурализмот. „Медиумската писменост е испреплетена со развојот на критичкото размислување на граѓаните и нивната способност да бидат во тек со технолошките и промените во општеството“. Обврските на сите чинители кои пристапиле во Мрежата се дефинирани во посебен Акт за формирање на Мрежата. Информациите за активностите и новостите ќе се објавуваат во…
Read more...

Пикник на добри компании во Градскиот парк

Пикник на добри компании е закажан за утре (20.04) со почеток во 10 часот како продолжение на активностите на првиот „Форум на добри компании“, Companies Doing Good Forum (видеа и фотографии на линкот), во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје и „Скопје Мериот Хотел“. – Соработката меѓу бизнис секторот и граѓанските организации е одличен модел за постигнување на позитивни промени во општеството, како што можеме да видиме и од денешниот Пикник на добри компании. Корпоративно-општествената одговорност е добар пример за тоа како грижата за животната средина и за вработените е исто така поволна и за самата компанија и затоа овој концепт заслужува поголемо внимание од сите чинители – изјави Амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. г. Ваутер Пломп. Во рамки на Пикникот ќе бидат засадени 70 дрвја кои ги обезбеди „Скопје Мериот Хотел“ заедно со холандската компанија „Еуропеан плантс“ од Тетово, а…
Read more...

Европски искуства за развој на социјалното претприемаштво во Струга

Улогата на социјалното претприемаштво во поттикнување на локалниот социо-економски развој ќе биде во фокус на дводневниот настан, кој ќе се одржи на 9-ти и 10-ти март во хотелот „Дрим“ во Струга, во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, а во соработка со австриското Министерство за труд, социјални врски и заштита на потрошувачи и со Министерството за економија на Македонија. Преку практични примери, но и со насоки од интернационални експерти во областа на социјалното претприемаштво, оваа средба ќе понуди можности за креирање нови партнерства за социо-економски развој на регионот. Целта на обуката е зајакнување на капацитетите на здруженијата на граѓани со економски активности и на малите претпријатија во Струшкиот регион преку трансфер на know-how од пионерска организација во социјално претприемаштво во земјава и од интернационални експерти. Најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Македонија има Скопскиот регион со 42.6%, додека, пак, најмало учество имаат Североисточниот, со 5.3% и…
Read more...

Македонија на четврто место во регионот според Индексот на клиентелизам во медиумите

Македонија котира на четвртото место на скалилото за присуство на клиентелизам во медиумите во регионот, покажуваат резултатите од второто емпириско мерење на Индексот на клиентелизам во медиумите во Македонија, спроведено и во Романија, во Босна и Херцеговина, во Хрватска, во Србија и во Црна Гора, а презентирани на денешната конференција „Индекс на клиентелизам во медиумите: Мерење на реалноста”, организирана од Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“. Индексот покажува дека регионот го предводи Хрватска, а на дното е Босна и Херцеговина. Во споредба со минатата година, Индексот бележи значаен пад во сите набљудувани земји, како и промена на рангирањето на земјите. Пред сè, земјите бележат пад во достапност и квалитет на податоците. Клиентелизмот и политизацијата на медиумите во набљудуваните општества, повеќе е правило отколку исклучок, па во сите земји станува збор за заробени медиуми, односно за медиумска сцена која во значаен дел е контролирана од страна на различни политички еономски…
Read more...

Претставување на резултатите од второто мерење на Индексот на клиентелизам во медиумите во Македонија

Резултати од второто мерење на Индексот на клиентелизам во медиумите во Македонија ќе бидат презентирани на конференцијата "Индекс на клиентелизам во медиумите: Мерење на реалноста" што ќе се одржи утре (15. декември) во 10.00 часот во „ЕУ Инфо центар“ во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“. По презентацијата, свои видувања на тема: Клиентелизмот во медиумите, ќе споделат и Мирче Адамчевски, претседателот на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите, („Значењето на саморегулацијата во справувањето со клиентелизмот“), и Петрит Сарачини од Центарот за слобода „Цивил“, („Новинарот и клиентелизмот“). Индексот на клиентелизам во медиумите (МЦИ), врз основа на емпириски податоци, ги мери политичките влијанија врз медиумите, постоечката регулативна рамка, институционалната поставеност и клучните економетриски мерења на реалноста во која работат медиумите и новинарите од Југоисточна Европа. Методологијата за негова изработка се базира на научната работа на проф. д-р Лавослав Чакловиќ од Математичкиот институт во Загреб. Резултатите од…
Read more...

Што треба да научиме од претходната бегалска криза во справувањето со сегашната?

На тема социјалните услуги и миграцијата, но и кои се научените лекции од претходната бегалска криза беше дискутирано денес во рамки на конференцијата „Миграции, услуги, интеграција“, што се случуваше во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје. Настанот е завршно случување после едногодишното истражување „Социјалните услуги и миграцијата: интеграција и кохеренција меѓу актерите во обезбедување подобри услуги за бегалците, мигрантите и барателите на азил во Македонија, Србија и Хрватска“ што го спроведе Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ во партнерство со „Мост“ од Хрватска и со Комитетот на правници за човекови права „Јуком“ од Србија, а со поддршка на Европскиот фонд за Балканот (European fund for the Balkans). Истражувањето го анализира тековните политики за миграции, меѓународна заштита и доделување азил, ги проценува капацитетите, кохеренцијата и соработка меѓу различните чинители (граѓански организации, интернационални организации и јавни институции), ги детектира бариерите во остварување на социјалните права и ги идентификува потребите за воведување дополнителни…
Read more...
Subscribe to this RSS feed