Актуелно

Повик за ангажирање Консултант за мониторинг и евалуација

Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој ПАБЛИК, во соработка со Фондацијата за развој на претприемачи и менаџери ЦЕЕД, Македонија, објавува повик за ангажирање на Консултант за мониторинг и евалуација (Супервизор за методологија и истражување), во рамки на проектот Социјални претпријатија – Мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис (SE- Bridge), поддржан од Европската Унија. Рок: 17.04. 2018 година Надомест: По договор ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА Консултантот за истражување (Супервизор за методологија и истражување) треба да работи со договорен, флексибилен распоред во согласност со барањата на конкретниот проект (SE- Bridge), со цел да обезбеди совети за примена на најдобрата практика за истражување, да развие методологија за мониторинг и импакт евалуација и да придонесе за развој, анализа и следење на податоците и резултатите во рамките на проектот. Експертот ќе биде вклучен во (првичното истражување и оценка на влијанието): развој на инструментите за мониторинг и евалуација, утврдување рамка за анализа на податоци…
Read more...

Повик за ангажирање Методолог за мониторинг и евалуација

Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој ПАБЛИК, во соработка со Фондацијата за развој на претприемачи и менаџери ЦЕЕД Македонија, објавува повик за ангажирање на Методолог за мониторинг и евалуација (Советник за методологија и истражување), во рамки на проектот – Социјални претпријатија – Мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис (SE- Bridge), поддржан од Европската Унија. Рок: 17.04.2018 година                                                 Надомест: По договор ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА Методологот за истражување (Советник за методологија и истражување) треба да работи со договорен, флексибилен временски распоред во согласност со барањата на конкретниот проект (SE- Bridge), со цел да се обезбеди надзор на севкупниот квалитет на истражувачката компонента на проектот и компонентата за мониторинг и евалуација, вклучувајќи ја и анализата на влијанието на проектот. ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ Да работи со тимот на ПАБЛИК и со Kонсултантот за истражување, да присуствува на оперативните состаноци и да придонесува за професионалната функција на организацијата во рамките на овој проект, како…
Read more...

Петта средба на работната група за исклученост од правото на домување и бездомништво

Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, во соработка со Националниот демократски институт, Министерството за труд и за социјална политика и Црвениот крст на Град Скопје, на 28-ми декември 2017 година ја организира Петтата средба на работната група за исклученост од правото на домување и бездомништво. Средбата ќе се одржи од 12 до 16.30 часот во хотелот „Холидеј  ин“ во Скопје. Дел од агендата се дискусии за новите приоди во решавањето на скриеното бездомништво кај нас и случајот на „Чичино село“ , како и за формализирањето на неформалните собирачи на отпад како начин на справување со потенцијалното бездомништво. 27.12.2017
Read more...

Повик за доделување на под-грантови во рамки на проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“

  Проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“ се имплементира од страна на Национален ромски центар од Куманово во соработка со партнерската организација „Паблик“ од Скопје во општините Куманопво, Крива Паланка, Кичево, Кочани, Штип и Прилеп, поддржан од страна на Делегација на Европска унија со времетраење од 24 месеци. Општата цел на проектот е да се промовира социјалната интеграција на ромските деца во општеството преку ефективна заштита на нивните основни човекови права. Под-грантовите ќе траат во период од најмногу 6 месеци. Проектите ќе треба да започнат во  март 2018 година, а треба да заврщат најдоцна до крај на август 2018 година. Сите апликации треба да бидат поднесени на македонски и на англиски јазик. Ващите апликации може да ги испратите на следните е-маил адреси: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., или лично во архива на НРЦ на адреса „Доне Божинов„ бр.11/5 Куманово.  Крајниот рок за поднесување на апликации е 15 февруари 2018 година до…

Македонија со нов пад во Индексот на клиентелизам во медиумите

Македонија бележи пад во Индексот во клиентелизам на медиумите, особено во делот на способноста на државата сеопфатно да ја разбере состојбата на медумите според декларативното постоење на податоци, што значи проблем во детектирањето и спречувањето на клиентелистички практики, покажуваат резултатите од третото мерење на Индексот на клиентелизам во медиумите во Македонија. Истражувањето беше спроведено и во Романија, Босна и Херцеговина,  Хрватска,  Србија и во Црна Гора, а резултатите беа презентирани на денешната конференција „Индекс на клиентелизам во медиумите: Мерење на реалноста”, која се одржа во ЕУ Инфо центар, во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“. Пад е забележан и во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Романија, а само Србија бележи благо подобрување. - Фокусот на индексот е на капацитетот на општеството да детектира и спречи клиентелистички практики во медиумите. Поточно, ја мери  способноста на општеството да ги одреди ризиците од размената на услуги помеѓу политичките, економските центри на…
Read more...

Претставување на резултатите од третото мерење на Индексот на клиентелизам во медиумите

На настанот „Индекс на клиентелизам во медиумите: Мерење на реалноста", што ќе се одржи утре (15. декември) во 11.00 часот во „ЕУ Инфо центар“ во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, ќе бидат презентирани резултатите од третото мерење на Индексот на клиентелизам во медиумите во Македонија.По презентацијата, свои видувања на тема: Клиентелизмот во медиумите, ќе споделат и д-р Снежана Трпевска, експерт за медиумско право и медиумска политика, („Општествените и политичките услови што поттикнуваат клиентелизам и инструментализација на медиумите“), и Јасмина Јакимова, уредничка во Радио МОФ, („Улогата на непрофитните медиуми во борбата против клиентелизмот“). Во рамки на овој настан ќе биде промовиран и новиот број на уличното списание „Лице в лице“, посветен на медиумите на иднината. Инаку, Индексот на клиентелизам во медиумите (МЦИ), врз основа на емпириски податоци, ги мери политичките влијанија врз медиумите, постоечката регулативна рамка, институционалната поставеност и клучните економетриски мерења на реалноста во која работат…
Read more...

БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ (за набавка на печатени материјали)

Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој ПАБЛИК од Скопје објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации: 1.Општи услови 1.1 Набавувач на услуги: Паблик, Скопје со седиште во Скопје ул. „Бојмија“ бр. 1-2/21. 1.2. Предмет на барањето: прибирање понуди за набавка на печатени материјали 1.З.Паблик, Скопје го спроведува проектот „Борба против дискриминација на Ромските деца“ финансиран од страна на Делегација на Европска Унија за потреби на својата канцеларија јавно го објавува ова барање заради набавка на печатени материјали за потребите на проектот 1.4. Набавката на ова Барање е делива,   согласно најдобриот финасиски и квалитативен одговор на барателот, односно има повеќе предмети/ствари/услуги кои го исполнуваат барањата, може да поднесе најмногу три различни понуди.   1.5. Понудувачот во случај на избор на неговата понуда е должен да обезбеди фактура од Управа за јавни приходи без ДДВ, заради исплатата од…

Повик за ангажирање дизајнер

Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој, ПАБЛИК, Скопје,  во соработка со Здружението Национален Ромски Центар, Куманово, во рамки на проектот – „Спречување на дискриминација кон ромските деца во Република Македонија“, поддржан од Европската Унија, објавува повик за ангажирање на Дизајнер Рок: 24 ноември 2017 година Надомест: По договор ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА Дизајнерот треба да работи со договорен, флексибилен временски распоред во согласност со барањата на конкретниот истражувачки проект („Спречување на дискриминација кон ромските деца во Република Македонија“), со цел да се обезбеди креативни решенија за сите потребни промотивни материјали испродуцирани за потребите на проектот. ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ -          Да работи со тимот на ПАБЛИК и да придонесува за професионалната функција на организацијата во рамките на овој проект, -          Да испорача соодветен дизајн и графичко уредување на сите потребни промотивни материјали за проектот (летоци, торби, тефтери, пенкалца, букмарси, лифлети и сл.) -          Развивање на други креативни решенија во согласност со…
Read more...

Гиб Булок: Да го менуваме светот преку бизнисот, но прво да го смениме светот на бизнисот

Ако сакаме да го менуваме светот преку бизнисот, тогаш мора прво да размислиме како најдобро да го промениме бизнис светот, порача светски познатиот интраприемач, Гиб Булок, кој одржа инспиративен говор во рамки на 2. издание на Форумот на добри компании што се одржа денес, во хотелот „Скопје Мериот“, а чија цел беше вмрежување на искуствата и градење партнерства меѓу институциите, бизнисите и граѓанскиот сектор. Булок во рамките на консултантскиот гигант „Accenture“, го основаше социјално претпријатие „Accenture Development Partnerships“, со што отпочна да ја застапува улогата на надоаѓачкиот четврт сектор во глобалниот развој. На присутните тој им ја претстави својата приказна и промените низ кои минувал во својата кариера. - Македонија ја промени мојата кариера и го промени мојот живот на подобро. Во кризниот период за Македонија, 2001 година, работев во западниот дел на земјата, развивав бизнис планови за мали и средни претпријатија. Иако мојата плата беше 90 отсто пониска, никогаш не бев посреќен. Се…
Read more...
Subscribe to this RSS feed