Вести

Паблик, ИНКА и ЕВН со работилници во новата читалница во Струга

Од денеска во Домот на култура „Браќа Миладиновци“ во Струга е отворена новата читалница на ЕВН Македонија, која е продолжение на нивниот проект за поддршка на македонската литература и творештво и поттикнување на читачките навики. Еднаш неделно во читалницата ќе се одвиваат едукативни работилници за младите луѓе на возраст од 6 до 14 години, кои ќе ги спроведува асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој „Паблик“ во соработка со Здружението Иницијатива за независен културен активизам ИНКА. На овие работилници, преку неконвенционални методи ќе им се доближи книгата на учениците, притоа тргнувајќи од индивидуалните потреби и капацитети на децата. Тимот едукатори ќе настојува навиката за читање да ја подобри преку низа техники, кои ги опфаќаат социјалниот аспект, но и интеркултурната димензија вклучувајќи ученици од различни етнички групи. - Идејата за поддршка на развојот на читачките навики почна со проектот „Создади книга” во рамки на кој успеавме да издадеме три збирки раскази…
Read more...

Со секој купен 15. број на „Лице в лице“ – подарок книга

Со мотото „Создај навика!“, преку комуникација со публиката и претставување на практична работа од работилници за поттикнување на читачките навики кај децата ќе биде промовиран 15. број на уличното списание „Лице в лице“. Настанот ќе се одржи утре, четврток, 7 мај со почеток во 11 часот, во рамките на Саемот на книгата, на штандот на „Табернакул“. Публиката ќе биде сведок на креирање нови песни, на цртање стихови, на споделување емоции преку стихови или цитати од книги, а ќе биде и дел од случајни читачки средби. Главни актери на промоцијата ќе бидат учениците кои ги посетуваат едукативните работилници кои се дел од кампањата за поттикување на читачките навики кај децата, која ја креираше и ја спроведува Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој „Паблик“, а е дел од проект на ЕВН за поддршка на македонската литература и творештво за поттикнување на читачките навики. Модератор на настанот ќе биде новинарката и водителка…
Read more...

Ноќно читање со ЕВН Македонија

Читање на сегменти од раскази на авторите Владимир Мартиновски, Оливера Ќорвезироска, Верче Карафилоска, Симона Јованоска, Лира Бојку и Петар Андоновски, кои се дел од збирката „Раскази.мк“, од проектот „Создади книга“ на ЕВН Македонија ќе се случи оваа сабота од 20 часот во лаунџ барот „Телеком Тренд“ во Скопје. Настанот е насловен „Ноќно читање со ЕВН Македонија“ и се одржува втора година по ред како поддршка на кампањата „Часот на планетата Земја“. Гостите на настанот ќе имаат можност да чујат за придонесот на ЕВН во кампањата против климатските промени „Часот на планетата Земја“, во чии рамки пак, 64 објекти во земјава ќе потонат во мрак, а по гасењето на светилките, од 20.30 до 21.30 часот, ќе се читаат сегменти од раскази на авторите. Присутните ќе имаат можност да слушнат за идејата, иднината и други подетални информации за проектот „Создади книга“. Настанот е замислен како можност за посетителите да читаат во темнина,…
Read more...

Награден конкурс за најдобри маски инспирирани од книги

ЕВН Македонија, во партнерство со Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој „Паблик“, објавува награден конкурс за најдобра маска инспирирана од книга, со што ќе се одбележи Светскиот ден на книгата за деца, 2 април.Право на учество на овој повик имаат сите ученички и ученици на возраст од 6 до 14 години од сите основни училишта низ Македонија.Конкурсот е отворен до 29 март, до кога учесниците треба да испратат фотографии на кои се фотографирани со своите маски, на следнава е-адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..Финалната средба на „ликовите од книгите“ ќе се случи на први април, Денот на шегата, кога ќе бидат доделени и наградите за најкреативните маски, за кои ќе решава тричлено жири.За најкреативните пет маски ЕВН ќе обезбеди таблети со апликации за читање електронски книги.Фотографии со најдобрите маски ќе бидат објавени и на страниците на уличното списание „Лице в лице“, чијшто следен број ќе биде посветен на книгата и на нејзината моќ.…
Read more...

Отворена првата од трите читалници за подигање на читачката култура кај децата

Нова читалница која ќе ја посетуваат деца на различни возрасти и која ќе служи за збирно место за работилници, промоции, литературни читања и други активности, беше промовирана вчера во Основното училиште „Блаже Конески“ во општина Аеродром во Скопје. Читалницата е дел од кампањата за подигање на читачката култура кај младата популација, која ја креираше Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, под покровителство на ЕВН Македонија. Извршната директорка на „Паблик“, Климентина Илијевски изјави дека во соработка со експерти од „Бреинобреин“ Македонија, креирана е и едукативна програма која во оваа фаза ќе биде применета во три општини – Аеродром, Струга и Битола, токму во простории како оваа во Скопје. - Во читалници кои што делуваат мотивирачки врз младата популација направени според истражувањата на лидерот во уредувањето училишни простори „Steelcase”, ќе биде спроведена програма за доближување на книгата до учениците следејќи ги нивните афинитети. Врз основа на евалуацијата од првата фаза на…
Read more...

ПАБЛИК, новото лице на ЦМА

Здружението за истражување, комуникации и за развој, „Паблик“, со почетокот на 2015 година почнува нова фаза во своето работење. Откако се ребрендираше од Центар за медиумски активности (ЦМА) во „Паблик“, здружението постави нова организациска структура и е целосно посветено на развој на проекти чии што резултати директно влијаат врз главните столбови на кои се темели нашата визија – општество со еднакви можности и свесност и вклученост на граѓаните во креирање на истото.
Read more...

Нов број на уличното списание на Меѓународниот ден на ретки болести

„Кога добив дијагноза на редок пациент не бев свесна за значењето ниту за последиците од истата. Имав 7 години кога моите родители ја добија информацијата за ретката болест, заедно со фактот дека нивното дете веројатно нема долго да живее со таа дијагноза.
Read more...

Меѓународна недела на продавачи на уличен печат

Оваа година ќе се одржи по трет пат низ светот, во организација на Меѓународната мрежа на уличен печат (ИНСП) со седиште во Глазгов. Единственото улично списание во земјава, „Лице в лице“, кое е и член на ИНСП, по трет пат се приклучува кон глобалното одбележување на овој настан, кој ја слави работата на продавачите на 114 улични весници и списанија од целиот свет.
Read more...
Subscribe to this RSS feed