Вести

Одржан работен состанок за решавање на проблемот со бездомништвото во Македонија

Одржан работен состанок за решавање на проблемот со бездомништвото во МакедонијаВо организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, на 2 јуни, во Фондацијата „Фридирих Еберт“, се одржа работен состанок за утврдување почетни активности за брзо дејствување на помош на ранливата група – лица кои се соочуваат со бездомништво, земајќи ги во предвид и постоечките форми на помош. На оваа средба беа констатирани главните проблеми во борбата против бездомништвото, а беа посочени и дефинирани насоки за нивно понатамошно решавање. Свои видувања и насоки, покрај тимот од „Паблик“, споделија и претставници од Заводот за социјални дејности, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Психијатриска болница „Бардовци“ - Скопје, организацијата „Вистински дела на љубезност“, Националниот ромски центар – Куманово, Британската амбасада и од Црвениот крст на Град Скопје. На средбата беа сумирани досегашните чекори направени во насока на детектирање на реалната состојба на бездомништвото во Македонија, беше презентирана сликата на општите трендови врзани…
Read more...

НОВИ ПРИОДИ ВО ТРЕТИРАЊЕТО НА БЕЗДОМНИШТВОТО

Ни недостига меѓусекторска соработка! Развивање на социјални сервиси за бездомни лица со психички проблеми. Под ваков наслов изминатата недела во Клубот на пратеници во Скопје се одржа билатерален семинар, во организација на Министерството за труд и социјална политика, а во соработка со австриското Министерство за труд, социјални работи и заштита на потрошувачи. На дводневната средба, на која учествуваа и претставници на институции и здруженија на граѓани од двете земји, а која следи по неодамна одржаната конференција „Бездомништвото околу нас – јавно, скриено, потенцијално“, во организација на „Паблик“, Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, беа презентирани наоди и искуства од оваа проблематика од страна на двете земји. На настанот, извршната директорка на „Паблик“, Климентина Илијевски, го презентираше новиот приод во третирањето на бездомништвото базиран на истражувањето за бездомништвото во Македонија, кое оваа Асоцијација го спроведуваше во текот на изминатата година. - Бездомни лица не се само оние што спијат на улица.…
Read more...

БЕЗДОМНИШТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА

Бездомништвото во Македонија Во среда (23.03.2016), во 10 часот, во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, асоцијацијата за истражување, комуникации и развој “Паблик“ ја презентираше својата анализа на бездомништво во Македонија и одржа еднодневна конференција во Скопје. На конференцијата учествуваа претставници од центрите за социјална работа, различни граѓански организации, Министерството за труд и социјална политика, психијатриски болници и шелтри кои ги дискутираа воедно причините за бездомништво, најефективните методи за негово детектирање и колкави се неговите размери за да претставува проблем во Македонија. Дискусиите од конференцијата ќе бидат вклучени во финалниот политички документ за бездомништворо во Македонија. Џејмс Стејн, директор на мисијата на УСАИД во Македонија “Според Обединетите Нации изјави: “Околу 100 милиони луѓе низ светот се без дом и околу 1.6 билиони луѓе живеат во несоодветни услови. Не постои универзална политика или законодавно решение за бездомништвото. Решението треба да има повеќесекторски пристап за бездомништвото во одредени услови. Како организација, „Паблик“ овозможува…
Read more...

Потпишани договорите за првите специфични акциски грантови

Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, денес (12.2.2016 година), во просториите на МЦМС ги потпишаа првите два договори за специфични акциски грантови на Цивика Мобилитас. Првиот грант треба да продуцира и објави квалитетни истражувачки стории кои се однесуваат на функционирањето на граѓанското општество во целина, на програмата Цивика мобилитас и на нејзините грантисти. Ќе се воспостави соработка помеѓу граѓанските организации ангажирани во програмата Цивика мобилитас и истражувачките новинари што треба да придонесе да се подобри перцепцијата за граѓанското општество и неговото влијание во постигнување позитивни општествени промени. Вториот грант ќе го дефинира влијанието на граѓанскиот сектор во пет сектори: социјала, образование, здравство, култура и медиуми, особено на грантистите на Цивика мобилитас. Ќе се зголеми граѓанското вклучување како резултат на подобар пристап на граѓаните до информациите за влијанието на граѓанскиот сектор преку иновативен начин на…
Read more...

Презентиран индексот на клиентелизам во медиумите

Македонија е најлошо рангирана кога станува збор способност на земјата сеопфатно да ја разбере состојбата на медиумите според декларативното постоење податоци. Нивното отсуство е индикатор за постоење клиентелизам во институционалните процеси, клиентелистички пракси поврзани со медиумската сопственост и постоење на висок ризик од клиентелизам според индикаторите кои се однесуваат на медиумскиот пазар. Македонија, заедно со Босна и Херцеговина, е последна во регионот, со дури негативна вредност на индексот за целокупниот систем за справување со клиентелизмот во медиумите. Ова го покажуваат резултатите од првото емпириско мерење на индексот на клиентелизам во медиумите во Македонија, како и во Романија, во БиХ, во Хрватска, во Србија и во Црна Гора, презентирани на денешната конференција „Индекс на клиентелизам во медиумите: Мерење на реалноста” организирана од Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“.Македонија е најлошо рангирана кога станува збор способност на земјата сеопфатно да ја разбере состојбата на медиумите според декларативното постоење податоци. Нивното отсуство…
Read more...

United. No to terror: Без нас медиумите, теророт е само трагичен настан, после кој побогати со болка и искуство, одиме понатаму и го почитуваме животот

Теророт е сèпроникнувачки страв со кој некој или нешто се обидува да нè увери да го направиме точно она што го сака. - Со убав збор можете многу да направите, но со убав збор и со пиштол – можете многу повеќе - се осврна на својот последен „деловен“ успех, Ал Капоне, еден од шефовите на мафијата кој предизвика најмногу страв кај луѓето со кои бил во контакт. Психологијата на стравот и користењето на стравот во секојдневните стратегии, е најчестиот облик на човечкото и ѕверското остварување на ултимативните цели. Иако се чини идентична и ретка, тактиката на стравот, всушност, е сèприсутна, од политичките кампањи, преку маркетингот на медицинските производи, до собирање „стада“ од страна на верските заедници. Секогаш некаде во позадината ќе слушнете дека: ако не го направите она што ви се препорачува, следува казна, последица, страдање. Кога таквите тактики ќе го земат својот насилен и девастирачки облик на повредени тела,…
Read more...

Водич за новинари за известување за бегалската криза

Апел до колегите и до сите оние кои известуваат или јавно зборуваат за бегалците: Да не причиниме дополнителна штета! Бруталната ескалација на вооружените конфликти од Северна Африка до западна Азија во последната деценија, принуди милиони луѓе да ги напуштат своите домови. Незначителна е бројката на бегалците и раселените лица кои успеале да стигнат на европскиот континент, и токму ова денес го нарекуваме европска бегалска криза. Политизација на прашањето на хуманитраната катастрофа во европските земји, политичките кусурења и предизборните кампањи кои наместо со внатрешни социоекономски теми се занимаваат со бегалците, посочувајќи ги како причинители на сите проблеми, создадоа силни општествени поделби и тензии. Бидејќи во известувањата, значителен број медиуми ги кршат правата на бегалците, со што дополнително се отежнува нивниот статус и права, ние - членките на регионалниот проект „Медиумски круг“, апелираме до сите што известуваат за медиумите или во јавниот простор реферираат на бегалската криза, да обрнат внимание на следното:…
Read more...

Паблик учествуваше на информативна средба за социјално претприемаштво

На средба, иницирана од страна на Младиинфо-Македонија, денес во просториите на општина Гази Баба, претставници од организации и институции кои работат на проекти и програми од областа на социјалното претприемништво меѓусебно дискутираа за активностите што ги спроведуваат. На средбата учествуваше и претставник на Министерството за труд и социјална политика, Душан Томшиќ, кој сподели повеќе информации со присутните за Законот за социјално претприемништво, кој е во подготовка. Притоа, тој нагласи дека кај останатите министерства постои релативно позитивна клима за донесување на горенаведениот Закон, а во блиска иднина најави и фондови од Европската унија за финансирање на социјални претпријатија. Во однос на законската регулатива во подготовка, социјалните претпријатија во Македонија нема да се регистрираат како посебни ентитети, а бенефициите кои истите би ги добивале не се сѐ уште јасно дефинирани. Интенцијата на законот е привлекување на микро-кредитирање и стимулирање на претприемаштво, изјави Томшиќ. Претставник на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“…
Read more...

Паблик учествуваше на 5-тата Интернационална истражувачка конференција за социјални претпријатија, насловена „Градење научна основа за унапредување на еко-системот на социјалните претпријатија“

EMES European Research Network (ЕМЕС меѓународна истражувачка мрежа) во партнерство со Финската мрежа на социјални претпријатија (FinSERN) ја организираа 5-тата Интернационална истражувачка конференција за социјални претпријатија, насловена „Градење научна основа за унапредување на еко-системот на социјалните претпријатија“, која се одржа од 30 јуни до 03 јули во Хелсинки, Финска. Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ во рамките на спроведувањето на истражувачкиот проектот „Можностите и предизвиците на социјалните претпријатија за вработување маргинализирани групи“, поддржан од „Регионалната програма за промовирање истражување“, учествуваше на конференцијата. Меѓудругото, дел од резултатите беа презентирани за време на сесијата „Споредување на моделите на социјални претпријатија во Централна и Источна Европа“ . Првобитните наоди од компаративната анализа за Македонија, Албанија и Косово, беа презентирани за време на сесијата „Споредување на моделите на социјални претпријатија во Централна и Источна Европа“ . Фокусот на презентацијата беа социјалните претпријатија во земјите во транзиција- наследството од социјализмот, предизвиците од капитализмот и…
Read more...

ПАБЛИК стана членка на европската мрежа ФЕАНТСА

Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој ПАБЛИК стана членка на Европската федерација на национални организации кои работат на полето на бездомништвото ФЕАНТСА. Членството дојде по учеството на ПАБЛИК на конференцијата на ФЕАНТСА во Париз, на која се разгледуваа политики и разни прашања поврзани со прблемот на бездомништвото. Токму на ова поле работи и ПАБЛИК во земјава, преку Анализата на бездомништвото во Македонија. ФЕАНТСА е основана на 1989 година, како европска невладина организација која работи на превенција и намалување на сиромаштијата, социјалната исклученост и бездомништвото. Станува збор за единствената, главна европска мрежа која се фокусира на проблемот на бездомништвото и во моментов има над 130 организации – членки кои работат во 30 земји во Европа.
Read more...

ОТВОРЕНА НОВА ЧИТАЛНИЦА НА ЕВН ВО БИТОЛА: Преку кутија за чевли - поблиску до книгата и желбата за читање

И една кутија за чевли може да биде вистински избор на реквизит со кој младата публика ќе се поттикне да ѝ се доближи на книгата и да го засака читањето.Во ова нѐ уверува учителката од Битола, Весела Богдановиќ, една од 50-те најдобри едукатори во светот, а од неодамна едукаторка и на најмладата група, (6 до 8 години), која ги посетува работилниците за подигнување на читачката култура и развивање позитивен став кон книгата, во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, како продолжение на проектот на ЕВН Македонија за поддршка на македонската литература и творештво и поттикнување на читачките навики. Првите едукативни средби со најмладите битолски ученици Богдановиќ ги започна токму со една ваква работилница. -Ако на децата им предложиме за време на читањето на лектирата или книгата да направат посебна своја читачка кутија, тоа би ги задржало заинтересирани, затоа што тука читањето би било придружено и со анализа,…
Read more...
Subscribe to this RSS feed