Актуелно

Повик за консултанти за учество во изработка на Стратегија за развој на социјалните претпријатија во Македонија

ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА

Консултанти за учество во изработка на Стратегија за развој на социјалните претпријатија во Македонија.

Консултантите треба да работат со договорен, флексибилен распоред во согласност со потребите на конкретниот проект: Социјалните претпријатија - тежиште на триаголникот: Економски раст, развој на заедницата и социјална инклузија.

Во рамките на проектот се избираат тројца консултанти со цел да обезбедат соодветни стратешки насоки и препораки за развој на првата стратегија за социјалните претпријатија во Македонија. Консултантите ќе бидат вклучени во работните групи за социјалните претпријатија кои ќе бидат организирани во рамките на проектот „Социјалните претпријатија тежиште на триаголникот: Економски раст, развој на заедницата и социјална инклузија“ и во изработката на крајниот документ за стратегијата.

Стратегијата ќе ги покрие следните компоненти од еко-системот во кој функционираат социјалните претпријатија: 1) Истражување, мапирање и мерење импакт; 2) Образование, тренинг и градење вештини; 3) Бизнис поддршка, инвестиции, пристап до пазари; 4) Мрежи, механизми за меѓусебна поддршка и промовирање (креирање побарувачка за производи и услуги на СП и брендирање на секторот); и 5) Јавни политики и фискална рамка.

ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ

  1. Да работи со тимот на Асоцијацијата „ПАБЛИК“ и со останатите членови на работната група за изработка на стратегијата, да присуствува на оперативните состаноци и да придонесе за професионалното функционирање на организацијата на овој проект, како што е наведено;
  2. Да предложи соодветни препораки и инпути, во согласност со својата експертиза од областа на развојот на социјалните претпријатија;
  3. Да дава совети во насока на подобрување на севкупниот квалитет и влијанието на стратегијата;
  4. Да учествува на состаноците на работната група, на завршната конференција на проектот и на јавни настани со целните групи со цел да ги презентира и да ги пренесе наодите и препораките од стратегијата;
  5. Да учествува на состаноци со проектниот тим кои се релевантни за неговиот/нејзиниот дел од работата и да ги извршува должностите во согласност со Статутот и сите политики и процедури на асоцијацијата „ПАБЛИК“, како и да ја следи мисијата на „ПАБЛИК“.

ВРЕМЕНСКА РАМКА

Ангажманот е очекувано да трае 15-20 консултантски денови за периодот од ноември 2018-та година, до ноември 2019-та година.

ПРОФИЛ И КВАЛИФИКАЦИИ

Консултант 1: област - јавни политики, политичко препознавање и дефинирање на фискална рамка

  • Кандидатот да има завршено најмалку високо образование во областа на социјалната политика, социјалните студии и друго релевантно академско поле;
  • Магистерски студии ќе се сметаат за предност;
  • Најмалку пет години ефективно работно искуство во директна соработка со креаторите на јавните политики во изработка на стратегии, акциони планови, фискална рамка и препораки за јавните политики од релевантни области (социјална заштита, економски развој, сиромаштија, социјална исклученост);
  • Високо ниво на разбирање на развојот на социјалните претпријатија во Македонија и контекстот во кој истите се развиваат;
  • Искуство во директна соработка со социјални претпријатија.

Консултант 2: област - бизнис поддршка и инвестиции

  • Кандидатот да има завршено најмалку високо образование во областа на економски студии и политики или друго релевантно академско поле;
  • Магистерски студии ќе се сметаат за предност;
  • Најмалку четири години ефективно работно искуство во иновативни механизми и начини за финансирање и социјални инвестиции;
  • Разбирање на развојот на социјалните претпријатија во Македонија и контекстот во кој истите се развиваат;
  • Искуство во директна соработка со социјални претпријатија ќе се смета за предност.

Консултант 3: област - пристап до пазари и вклучување на СП во синџири за набавка на бизнис секторот

  • Кандидатот да има завршено најмалку високо образование во областа на економски студии и политики и друго релевантно академско поле;
  • Магистерски студии ќе се сметаат за предност;
  • Најмалку четири години ефективно работно искуство во директна соработка со креаторите на јавните политики во изработка на стратегии, акциони планови и препораки за јавните политики од релевантни области (развој на поволни услови за бизнис секторот и стартапи, пристап до пазари, развој на синџири за набавка);
  • Високо ниво на разбирање на развојот на социјалните претпријатија во Македонија и контекстот во кој истите се развиваат;
  • Искуство во директна соработка со социјални претпријатија.

ВЕШТИНИНИ И СПОСОБНОСТИ- за сите консултанти

  • Ефективна комуникација (усна и писмена) на македонски и на англиски јазик;
  • Способност за тимска работа;
  • Одлични интерперсонални и комуникациски вештини;
  • Способност за ефективна соработка си засегнатите страни од релевантната област;
  • Способност за независно, флексибилно и кооперативно извршување на работата;
  • Ефикасно користење на работното време.

ДОСТАВУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИТЕ

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија електронски, на следната е-маил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., не подоцна од 16.10.2018 (крај на ден), со назнака Повик за Консултанти за учество во изработка на Стратегија за развој на социјалните претпријатија во Македонија ( и задолжително да се наведе редниот број на позиција за која се доставува апликацијата, односно дали аплицира за првата, втората или за третата консултантска позиција).

Само лицата кои ќе влезат во потесен избор, ќе бидат известени за резултатите од повикот, најдоцна 3 дена по извршениот избор.
Кандидатите може да ги постават своите прашања на
: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Ве молиме, без телефонски јавувања.