Актуелно

Распределбата на работници на работни места во други земји

ИСТОРИЈАТ

Распределбата на работници на работни места во други земји (упатување), регулирано со Директивата за упатување на работници (Posted Workers Directive 97/71/ЕК), е важен канал за прекугранична мобилност на работната сила во рамките на единствениот европски пазар на труд. Иако ова го практикуваат сите земји-членки до одредена мера, највисоката мобилност доаѓа од земјите со пониски приходи од јужниот и источниот дел на ЕУ во земјите со повисоки приходи од западниот и северниот дел. Упатувањето беше и продолжува да биде од особена важност за време на транзициските периоди, кога одредени земји-членки го ограничуваат пристапот до пазарот на трудот за работниците од новите земји-членки. Во однос на неодамнешното минато на миграција кон земјите-членки на ЕУ, по падот на претходните политички режими, овој миграциски тренд се очекува да продолжи и откако земјите-кандидати од Западен Балкан ќе станат полноправни членки.

ЦЕЛИ

Проектот за упатување на работници од Источна Европа (EEPOW) има за цел проактивно да се осврне на прашањето поврзано со упатување работници во својата претпристапна фаза, преку помагање на источно-европските земји, особено четирите земји-кандидати, Македонија, Албанија,Црна Гора и Србија, при спроведувањето на Директивата пред таа да стапи во сила и преку помагање во спречувањето на социјалниот дампинг.

Тоа го прави преку:

  1. оценување на институционалните потреби на земјите-кандидати со цел да се подготват за директивата и да го спречат социјалниот дампинг;
  2. спроведување заеднички активности за учење (оценување од колеги) во земјите членки на ЕУ, заедно со земјите-кандидати, со цел да се учи од најдобрите практики; и
  3. работење во партнерство со креаторите на политики, државните службеници, државните агенции и социјалните партнери.

КРАТКОРОЧНИ ЦЕЛИ И АКТИВНОСТИ

Проектот придонесува кон европска кохезија и солидарност во рамките на ЕУ и меѓу ЕУ и земјите-кандидатки од Западен Балкан.

Конкретните цели вклучуваат:

  • подобрување на транснационалната соработка со повеќе чинители
  • зголемување на пристапот до информации
  • проширување на базата на податоци преку емпириски истражувања
  • градење на институционални капацитети.

Активности:

ü  оценување на институционалните капацитети на земјите-кандидати за спроведување на Директивата за упатување работници,

ü  соработка меѓу чинителите oд земјите учесници преку работилници за земјите,

ü  и споделување информации преку настани и публикации.

ВОДЕЧКИ ПАРТНЕР

Европски центар за политики за социјална заштита и истражување (Австрија)

ПАРТНЕРИ НА ПРОЕКТОТ

Истражувачки центар на Словенечката академија на науки и уметности (Словенија)

CIOFS-FP (Италија)

Центар за социјални истражувања Хале (Германија)

Министерство за труд, вработување, боречки и социјални прашања (Србија)

Агенција за вработување на Црна Гора (Црна Гора)

Европско движење во Албанија (Албанија)

Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“ ( Македонија)

ДРУГИ ПАРТНЕРИ

Министерство за труд, социјални прашања и заштита на потрошувачи (Австрија)

Министерство за труд, социјални прашања и интеграција Саксонија-Анхалт (Германија)

Министерство за труд и социјална политика (Македонија))

КОНТАКТ

Координатор на проектот: Сонила Данај (Европски центар за социјална политика и истражување)

This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

https://www.euro.centre.org/projects/detail/1673

Службеник за комуникација: Елена Грили (CIOFS-FP)

This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Локален координатор: Климентина Илијевски, Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“

Е-маил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

НАПОМЕНА

Овој документ е изработен со финансиска поддршка од Програмата за вработување и социјални иновации на Европската Унија-„EASL“ (2014-2020). Дополнителни информации можете да добиете на: http://ec.europa.eu/social/easi

Информациите содржани во оваа публикација не ја одразуваат во целост официјалниот став на Европската комисија.