Актуелно

БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ за набавка на медиумски производи – кратки документарни филмови

nrc foto

 

БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
за набавка на медиумски производи – кратки документарни филмови
                                                                                                                                                                               
Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој ПАБЛИК од Скопје објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите заинтресирани регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

 

  • 1.1 Општи услови
      1. 1.Набавувач на услуги: Паблик, Скопје со седиште во Скопје ул. „Бојмија“ бр. 1-2/21.
      2. 2.Предмет на барањето: Прибирање понуди за продукција на кратки документарни филмови
      3. 3.Паблик, Скопје го спроведува проектот „Борба против дискриминација на Ромските деца“ финансиран од страна на Делегација на Европска Унија како партнер на Национален Ромски Центар од Куманово како носител на проектот. Паблик, согласно комуникациските потреби на проектот јавно го објавува ова барање преку својата и интернет адресата на проектниот лидер (НРЦ), до сите регистрирани правни субјекти со соодветна експертиза заради набавка на услуги на продукција на кратки документарни филмови.
      4. 4.Набавката на ова Барање не е делива. Секој понудувач може да поднесе само една понуда. Ангажирање подизведувачи (правни ентитети) од страна на Понудувачот не е дозволено.
      5. 5.Понудувачот во случај на избор на неговата понуда е должен да обезбеди фактура од Управа за јавни приходи без ДДВ, заради исплатата од страна на средства од грант на Европска Унија.

2. Понуда
2.1.1.ЦЕЛ НА НАБАВКАТА

Проектот има за цел да ја зголеми свесноста и разбирањето на јавноста за дискриминацијата на која што се изложени Ромите во Македонија со посебен акцент на дискриминација на ромските деца. Проектниот тим ќе работи директно на теренот на добавување информации (примери) за дискриминација на Ромите како во општествен така и во институционален контекст.

Цел на набавката е продукција на 5-7 кратки документарни филмови (3-10 минути) кои наративно, визуелно и контекстуално ќе ги регистрираат и поддржат регистрираните студии на случај на теренот. Медиумските производи испродуцирани на овој начин треба да понудат креативна и информативна димензија во која обичниот граѓанин на јасен, експлицитен начин ќе добие информација и ќе се емпатизира со жртвите на дискриминацијата.

Од продуцентот се очекува да со својот тим биде присутен на теренот заедно со проектниот тим во минимум две фази од проектот – првично запознавање со случаевите и во фазата на продукција.

Се проценува дека за продукција на производите ќе бидат потребни 20 дена снимање на терен во минимум 6 градови во Македонија (Куманово, Крива Паланка, Кочани, Кичево, Прилеп и Штип) (снимање суров материјал од најмалку 7 приказни, препорачан број 10) со напомена дека не сите уснимени приказни ќе бидат дел од финалните 5-7 приказни наменет за јавната дистрибуција.

Форматот на суровиот и финалниот материјал треба да биде во фул ХД резолуција.

Достапност на професионалната опрема која може да обезбеди визуелно поагилен материјал ќе се смета за предност.
Видеата се наменети за прикажување на социјални мрежи и ТВ.

 2.1.2.Понудувачот треба да достави понуда во која ќе се осврне на:

  1.      -Профилот на организацијата со релевантно претходно искуство

             -Листа на досегашни клиенти од социјална сфера

-                                   -Листа на достапна опрема за снимање

-                                  -Методологија на работа

-                                   -Цена

-                                  -Рок на испорака

 3. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

 3.1.Изборот на најдобрата понуда се врши согласно следните индикатори:

       -      Сензибилизираност и нивото на разбирање на социолошкиот феномен опишан во 2.1.1

-      Претходни ангажмани во социолошката сфера (продукција на општествено ангажирани медиумски производи)

-      Понудената методологија на работа

-      Достапност на основната и дополнителната професионална продукциска опрема

-      Предложениот продукциски тим

-      Цената

Квалитетот на понудата носи 50 бодови, Цената 20 а искуството и референците 30 бодови. За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ке добие најмногу поени.

Доколку се исполнети сите барања се смета дека квалитетот е постигнат во целост.


4. Облик и содржина на понудата

4.1 Понудата се изработува во писмен облик

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт.

4.3. Портфолио со релевантни слични проекти на продуцентот и/или тимот

4.4 Карактеристики на понудата - согласно упатствата во ставката (3.1)

4.5 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите.

4.6 Вредност на понудените содржини и услуги изразена во денари без вклучен ДДВ.

4.7 Рок и начин на плаќање

Набавувачот ќе го плати нето износот (без ДДВ) и ќе му ги достави на добавувачот и на надлежниот орган сите потребни документи за спроведување на постапката за поврат од ДДВ при промет на добра и услуги во земјата.

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или лично да ги доставите во архивата на Паблик на адреса: „Бојмија“ бр.1-2/21 Скопје најдоцна до (вторник) 23.05.2017 година до 16 часот.

Скопје, 09. Мај, 2018.

Финансиски и административен менаџер
Жармена Божиновска
Паблик Скопје
--------------------------

 

nrc 2