Актуелно

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА КАПАЦИТЕТИ НА СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ЈУГОЗАПАДНИОТ И ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМА ЗА ГРАДЕЊЕ МОСТ ПОМЕЃУ СОЦИЈАЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ БИЗНИСИ - (SE - BRIDGE)

ПОВИК

ЗА УЧЕСТВО ВО ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМА
ЗА РАЗВОЈ НА КАПАЦИТЕТИ НА СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ЈУГОЗАПАДНИОТ И ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

Три социјални претпријатија кои што ќе покажат најдобри резултати во рамки на програмата, ќе бидат грантирани со по 3.000 евра     

Едукативна програма наменета за постоечки социјални претпријатија од југозападниот и пелагонискиот регион во Република Македонија ќе биде одржана во мај и јуни во рамки на
проектот, „SE Bridge, финансиран од Европската унија, чија цел е зајакнување на постоечките социјални претпријатија, поддршка за формирање нови, како и овозможување подобра соработка на социјалните претпријатија со традиционалниот бизнис сектор

Обуките ќе им овозможат на учесниците:

  • збогатување на менаџерските вештини за водење социјално претпријатие
  • вмрежување
  • претставување пред потенцијални инвеститори
  • започнување соработка со социјални претпријатија од Албанија


За учество
во обуките, потребно е да се пополни прашалникот на линкот, најдоцна до 15 мај.

Главните критериуми за учесниците за пријава на повикот се:

 - Да бидат претставници на здружение на граѓани со економска активност, кооператива, занаетчија или комора на занаетчии, заштитни друштва, месна заедница, бизнис кој може да покаже дека најголем дел од профитот го реинвестира во остварувањето на социјалната мисија од југозападниот и од пелагонискиот регион

 - Да имаат јасно дефинирана социјална мисија, односно општествен проблем кој го таргетираат со своите активности (сиромаштија, социјална исклученост, невработеност, заштита на животна средина, култура, образование и едукација и друго)


Обуките се во организација на Центарот за развој на претприемачи и менаџери, CEED Македонија и на Асоцијација за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, Македонија.

Износот на обучувачката програма е 1.000 евра, и истиот, за селектираните учесници, ќе биде целосно покриен во рамки на проектот SE-Bridge, кој се реализира како дел од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија.

oglas jpg 1
oglas jpg 2

09.05.2018