Актуелно

Повик за ангажирање Консултант за мониторинг и евалуација

Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој ПАБЛИК, во соработка со Фондацијата за развој на претприемачи и менаџери ЦЕЕД, Македонија, објавува повик за ангажирање на Консултант за мониторинг и евалуацијаупервизор за методологија и истражување), во рамки на проектот Социјални претпријатија – Мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис (SE- Bridge), поддржан од Европската Унија.

Рок: 17.04. 2018 година

Надомест: По договор

ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА

Консултантот за истражување упервизор за методологија и истражување) треба да работи со договорен, флексибилен распоред во согласност со барањата на конкретниот проект (SE- Bridge), со цел да обезбеди совети за примена на најдобрата практика за истражување, да развие методологија за мониторинг и импакт евалуација и да придонесе за развој, анализа и следење на податоците и резултатите во рамките на проектот. Експертот ќе биде вклучен во (првичното истражување и оценка на влијанието): развој на инструментите за мониторинг и евалуација, утврдување рамка за анализа на податоци и следење на анализата на податоците направено од страна на истражувачите, следење на квалитетот на крајните документи за јавни политики.

ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ

  1. Да работи со тимот на ПАБЛИК и со Методологот за истражување, да присуствува на оперативните состаноци и да придонесе за професионалното функционирање на организацијата во рамките на овој проект, како што е наведено;
  2. Да предложи соодветни инструменти и методологии за мониторинг и евалуација, со impact мерки за примарниот процес на собирање податоци;
  3. Да воспостави рамка за анализа на податоци и да ја следи анализата на податоците направена од теренските истражувачи , да ја координира изработката на конечната публикација;
  4. Да дава совети во насока на подобрување на севкупниот квалитет и влијанието на истражувачката компонента на овој проект;
  5. Да учествуваа на состаноци, семинари и настани со целните групи со цел да ги презентира и да ги пренесе наодите и препораките од публикацијата;
  6. Да учествува на состаноци со проектниот тим кои се релевантни за неговиот/нејзиниот дел од работата и да ги извршува должностите во согласност со Статутот и сите политики и процедури на ПАБЛИК, како и да ја следи мисијата на ПАБЛИК.

ВРЕМЕНСКА РАМКА

Ангажманот е очекувано да трае 40 консултантски денови за период од март 2018-та година, до септември 2019-та година.      

ПРОФИЛ И КВАЛИФИКАЦИИ

  • Кандидатот да има завршено најмалку високо образование во областа на социјалната политика, социјалните студии или релевантно академско поле;
  • Мастер или докторски студии ќе се сметаат за предност;
  • Четири години ефективно искуство во спроведување на истражувања и презентирање на резултати во релевантното поле за истражување;
  • Високо ниво на разбирање на добрите практики во методологија на истражување, инструменти, анализа на податоци и мониторинг;
  • Разбирање на контекстот на граѓанското општество во регионот;
  • Искуство во работа со организации од граѓанското општество;      
  • Искуство во работа со маргинализирани групи ќе се смета за предност.

ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ

  • Ефективна комуникација (усна и писмена) на македонски и англиски јазик;
  • Способност за работа со голем број колеги, проактивно и позитивно;
  • Одлични интерперсонални и комуникациски вештини;
  • Способност за ефективно поврзување со засегнатите страни како што е наведено;
  • Ефективни организациски вештини и вештини за управување со време;
  • Способност за независно, флексибилно и кооперативно извршување на работата;
  • Способност за работа под притисок;
  • Одлично и ефикасно користење на работното време.

АПЛИКАЦИЈА

Апликација

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија електронски не подоцна од 17.04.2018-та година (до крај на работен ден) на следната имејл адреса:This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., со назнака  Консултант за мониторинг и евалуација (Советник за методологија и истражување). Најдобрите кандидати ќе бидат повикани на разговор, а сите лица коишто ќе аплицираат ќе бидат известени за резултатите по електронски пат, најдоцна 3 дена по извршениот избор на консултантот.

Кандидатите може да ги постават своите прашања на:This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Ве молиме без телефонски јавувања.

oglas jpg 2                                                                                                       

        11.04.2018