Актуелно

Повик за ангажирање Методолог за мониторинг и евалуација

Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој ПАБЛИК, во соработка со Фондацијата за развој на претприемачи и менаџери ЦЕЕД Македонија, објавува повик за ангажирање на Методолог за мониторинг и евалуација (Советник за методологија и истражување), во рамки на проектот – Социјални претпријатија – Мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис (SE- Bridge), поддржан од Европската Унија.

Рок: 17.04.2018 година                                                

Надомест: По договор

ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА

Методологот за истражување (Советник за методологија и истражување) треба да работи со договорен, флексибилен временски распоред во согласност со барањата на конкретниот проект (SE- Bridge), со цел да се обезбеди надзор на севкупниот квалитет на истражувачката компонента на проектот и компонентата за мониторинг и евалуација, вклучувајќи ја и анализата на влијанието на проектот.

ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ

  1. Да работи со тимот на ПАБЛИК и со Kонсултантот за истражување, да присуствува на оперативните состаноци и да придонесува за професионалната функција на организацијата во рамките на овој проект, како што е наведено;
  2. Да изработиматрица за мониторинг и евалуација на проектот и impact матрицa во соработка со Консултантот за истражување
  3. Да осигура дека истражувањето функционира во согласност со правно-легалната рамка и добрата практика, со почитување на начелата за заштита на лични податоци, истражувачката етика и академскиот интегритет;
  4. Да го мониторира целокупниот квалитет и влијанието на истражувачката компонента на проектот и да дава совети за да се обезбеди квалитет на финалната публикација,
  5. Да учествуваа на состаноци, семинари и настани со целните групи со цел да ги презентира и да ги пренесе наодите и препораките од публикацијата, како и на состаноците на проектниот тим кои се однесуваат на теми релевантни за неговата/нејзината улога во проектот;
  6. Да ги извршува должностите во согласност со Статутот и сите политики и процедури на ПАБЛИК, да ја следи мисијата на ПАБЛИК, како и да работи во согласност со членовите и правилата пропишани во договорот за имплементација на овој проект.

ВРЕМЕНСКА РАМКА

Ангажманот е очекувано да трае 10 консултантски денови во период од април 2018-та до септември, 2019-та година.

ПРОФИЛ И КВАЛИФИКАЦИИ

  • Кандидатот да има завршено најмалку магистерски студии во областа на социјалната политика, социјалните студии или релевантно академско поле;
  • Докторски студии во областа на социјалната политика, социјални науки или друга сродна соодветната академска област (општествени науки) ќе се сметаат за предност;
  • Искуство во спроведување на истражувања во областа на социјалната политика и објавување на најмалку 5 истражувачки извештаи во областа;
  • Најмалку 5 години искуство во раководење / надзор на истражувачки тимови;
  • Високо ниво на разбирање на добрата практика во методологијата на истражување, инструменти, анализа на податоци и мониторинг;

ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ

  • Способност за работа со голем број колеги, проактивно и позитивно;
  • Одлични интерперсонални и комуникациски вештини;
  • Способност за ефективно поврзување со засегнатите страни како што е наведено;
  • Ефективни организациски вештини и вештини за ефикасно управување со време;
  • Способност за независно флексибилно и кооперативно извршување на работата;
  • Способност за работа под притисок;
  • Одлично и ефикасно користење на работното време;

       Апликација

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија електронски не подоцна од 17.04.2018-та година (до крај на работен ден) на следната имејл адреса:This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., со назнака Методолог за мониторинг и евалуација (Советник за методологија и истражување). Најдобрите кандидати ќе бидат повикани на разговор, а сите лица коишто ќе аплицираат ќе бидат известени за резултатите по електронски пат, најдоцна 3 дена по извршениот избор на консултантот.

Кандидатите може да ги постават своите прашања на:This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Ве молиме без телефонски јавувања.

                                                                                                                                                

oglas jpg 2

 11.04.2018